Македонија ќе прими 450 авганистански бегалци | Црнобело Форум

Македонија ќе прими 450 авганистански бегалци

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,772
7,299
1,153
Big Sur
Знам дека темава е повеќе за во политика, ама поради тоа што има лимит таму, ја оставам овде.
Малку е тешко да најдам извор од весник каде не се спомнува zajko crpo tenderko murtinski и каде не се прави споредба со тоа колку Европа (ќе) прими вкупно, а колку ние, но еве, преземено од фактор.мк.
Во овој момент Владата има преземено обврска за прифаќање на 450 граѓани од локално населените од Авганистан и тоа вработени и жени и деца од семејства на вработени во хуманитарните и миротворните мисии, активисти од организациите за човекови права, новинари, преведувачи, студенти, стипендисти, како и граѓани кои изминатите 20 години беа поддршка на НАТО сојузничките сили во Авганистан, вклучително и на македонската армија. Најголем дел од 450-те граѓани кои се очекува да пристигнат до крајот на неделава, зависно од околностите на аеродромот во Кабул, се координирани и организирани од страна на американската невладина организација Национален демократски институт (НДИ).
Владата донесе одлука да ги ослободи од трошоци за издавање визи сите граѓани од Авганистан кои ќе пристигнат во земјата, а трошоците за нивното сместување во неколку хотели и мотели во земјава ќе бидат во целост покриени од меѓународните организации и од САД, сѐ до нивното заминување кон САД или до трети земји како нивна крајна дестинација.
Реално, не гледам некој проблем во тоа да се помогне на луѓе што не бегаат од ќеф и очајно висат на авиони пошто радо би загинале така отколку да ги убие талибанец (ок, некои и не знаат како функционира авион, ама не е тоа поентата), но слично сценарио имавме и со Косоварите, па еве каде сме. Може бев премногу мала за да се сеќавам, ама ги гледам последиците сега.
А, проблемот овде го гледам во тоа што се силиме (т.е. очигледно некој не присилува) дека можеме тоа да го поднесеме финансиски, демек со не знам каква помош од САД... па дали? Стојам на она дека земја што нема да го нахрани својот народ со леб, а нуди колачи на други, не треба воопшто да постои.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,233
5,748
1,683
Disco
Треба да ги примат Хунзите од Афганистан, наши луѓе.
А иначе што да не. И онака Хунзистан изротирал 3500 војници на мисии во Афган. Што таму правеле кој знае. Сигурно не делеле шеќерчиња на деците.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,311
1,941
1,133
Испадна дека цифрата е поголема, ама кој ќе знае...
А, Македонија многу широкоградна и душебрижна да ти била...
Швајцарија, Словенија, Русија велат не... ама, ние срцките велиме нема проблем.
Нашиот народ страда и е на просјачки стап, ама нема проблем ќе помогнеме.
А, колку се тоа едуцирани луѓе, е тоа е веќе дискутабилно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,772
7,299
1,153
Big Sur
Да, можеби тројно повеќе ќе се.
Искрено, не сум личност што поврзува рекла-казала теории и да висам по Фејсбук статии и коментари, ама малку некако ептен се поклопија бегалци, Мал Шенген, двојазичност, итн. во краток период, па човек не може да не се посомнева т.е. заплаши каде води ова.
Јасно е дека ко држава немаме никаква иднина, ама...
„Не можеме да ги потврдиме точно кои ќе бидат бројките, но многу е важна пораката и подготвеноста на една мала земја, во срцето на Балканот, која солидарно, рамноправно, рамо до рамо со целиот демократски свет ја испрати пораката на човечноста, хуманоста и солидарноста и меѓусебното споделување на одговорноста во амбицијата за спасување човечки животи“, рече Заев.
Каков кловн, каков циркус.
Ете го светот, едвај чекаше ние да му покажеме. На сите насловни сме ние и нашата солидарност.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,772
7,299
1,153
Big Sur
Не знам зошто луѓево се бунат ќе ни останеле бегалци. Кој малку нормален би сакал овде да остане, кога може буквално било каде? Доволно е што последниве неколку дена имаа бегалците убав увид во случувањата во земјава. Ако и покрај тоа некој би сакал да остане, па заслужуваат да им се даде да владеат овде. Ние очигледно врска немаме.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider