Мадона

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Мадона Луиз Чиконе родена на 16 август 1958 година, е американскапејачка, танчерка, текстописец, продуцент, актерка и писателка. Позната и како „Кралица на Попот“, Мадона ја стекна својата слава и познатост поради нејзините иновативни музички спотови, изведби и често контроверзната употреба на сексуални и религиозни теми, како и сликовитост во нејзината работа. Таа има добиено бројни награди во нејзината кариера и има издадено многу албуми. Мадона се смета за една од најголемите музички икони во историјата, како и за секс симбол на денешницата.
Во 2000 година, Гинисовата Книга на Рекорди ја окарактеризира Мадона како најуспешната женска музичка уметничка на сите времиња, со отприлика 120 милиони продадени албуми. Варнер Брос, куќата која ги издава нејзините албуми, изјави дека во 2005 биле продадени преку 200 милиони плочи на Мадона. Во 2005, на манифестацијата Најголем Американец, американската публика ја изгласа Мадона за една од шеснаесетте најзначајни жени во американската историја.

Дискографија
  • Madonna (1983)
  • Like a Virgin (1984)
  • True Blue (1986)
  • Like a Prayer (1989)
  • Erotica (1992)
  • Bedtime Stories (1994)
  • Ray of Light (1998)
  • Music (2000)
  • American Life (2003)
  • Confessions on a Dance Floor (2005)
  • Hard Candy (2008)
07022012113353_madona.jpg
И најгледано нешто на американските телевизии
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Најуба ми беше на почетокот
и филмовите ѝ ги сакав, јес да никогаш не била некоја добра актерка, ама имаше некој шмек
овој ми беше омилен
сега речиси и да не ја слушам
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Не ја слушам, но има добри песни овие ги имам слушанто и ми се допаднале.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Одвратна, стара, неталентирана и искомплексирана вреќа.
Педесет и четири годишно пувало што не знае да фати две октави, а се мисли к**ац ипол и се клешти ко 20 годишна стриптизерка да е. Неблагодарно и себично суштество. Фрла милиони по кабалата, а брат и’ на улица живее без скршен долар.
Не ја сакам ама ич. Толку ми е препотентна и одбивна, то е чудо.
Можам да истрпам песни и филмови од кога била помлада, ама сега да ми ја дадат, биче то дуга и болесна смрт.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: foREVer and Bum-Bum