Лотарија за визи за САД

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Сигурно сте слушнале за добивање на зелена карта на лотарија и среќен пат за Америка. Некои велат дека многу луге кои аплицирале за грин карта имаат добиено без проблем и друг вид на визи (work and travel , туристичка и транзит).

Дали познавате некој таков?
 

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Јас имам пријатели што добија зелена карта и отидоа во САД, поточно прво отиде мажот а сега ја зеде и жената..децата понатака ќе ги земел :)
Моите пред неколку години аплицирале за виза за Нов Зеланд и еве сега почнаа да бркаат работа за да одат таму..:(
 

Sesil

Староседелец
20 февруари 2012
300
230
1,043
Секоја година има лотарија за америчка грин карта. Аплицирањето за ова извлекување што ке биде во мај, беше во текот на октомври и ноември 2012та. Аплицираа едни роднини пред некоја година, имаа срека, ги извлекоа, и сеа си живеат у САД веке некоја година.
 

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Јас само ќе излезам малку надвор од темава...поточно збор-два ќе кажам за САД дека во наредните години не и се пишува добро, ем ќе опадне економски, а и војна ќе има со Кинезите или Јапонците, а можно е и да се приклучат Русите, така да во наредните 10 години нема да биде како што е сега, повеќе развиен економски ќе биде Истокот од колку Западот...Друга работа што ги мразам иако тоа е политички...нашата држава Македонија и Балканот живее во оваа беда моментално само поради нив, зошто они ја растуриа Југославија да си останеше таќа ќе бевме многу силна развиена економска земја, ама тоа е.
Инаку има доста Македонци што заминале со Зелена карта, некој добил по првото аплицирање некој бил повеќе упорен, ништо не ве кошта да аплицирате и да си ја пробате среќата :)
 

The High Commander

Староседелец
2 мај 2012
206
131
1,043
123
Јас знам едни што отидоа и се вратија. Не им се допаѓало таму.

Trajche Ќе опаднат ама не толку брзо, еве за 30 години да речеме има повеќе смисла.

Тоа што не ми се допаѓа кај Америка е декадентноста на општеството. Нема морал, луѓето се покварени. Гледаш што им се случува по школите се испотепаа. Ќе поминат 4-5 години, нов масакар.
Еве гледај пример, какви неправди се случуваат. Ни крив ни дужен, ќе го кркаш стапот.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Се мислев и јас да аплицирам на лотаријата во октомври, но си реков имам време, да завршам факултет па ќе видиме после. Плус, јас колку што знам доколку не те извлечат се важи како одбиена виза, а откако ќе те одбијат многу потешко е во иднина да добиеш виза. Така слушнав, не знам дали е вистина.

Јас искрено сакам да живеам во Америка. Кога би имала можност, би отишла или на Хаваи или во ЛА. Прво, можеш колку сакаш работа да најдеш, па макар и таа да е продавачка во бутик или тобако. Подобро продавачка таму, отколку тука. Второ, ми се допаѓа професионалноста која ја имаат на работното место. За разлика од нашиот општо балкански менаталитет, ми се лоши. Трето, мојот факултет верувам дека повеќе вредност би имал таму, отколку тука што е potato. Четврто, подобро ќе се тешам на плажа и океан, отколку туку да слушам само жалења од сите страни. И како што растев се повеќе и повеќе сфаќав (сфаќам) дека државава е пропаст. Мое лично гледиште, мое искуство.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: VanHelsing and Trouble

Trouble

Староседелец
6 март 2012
1,516
2,611
1,123
http://www.usagreencardlottery.org/..._lottery:m=e&gclid=CK645sT4vrYCFQjKtAode3UAEA
Еве ти се за грин кард лотаријата, една моја другарка аплицираше лани во мај ама ја одбија, сакаше пак, ама она може да оди и со work & travel пак пошто е уште студент а има одено 2 пати, и сега пак ке оди за 2 месеца 3 пат :) уствари ние и во Америка се запознавме, во 2011 заедно бевме соба до соба и сега ми е најбоље другарка (hug) Инаку нема врска со одбивање за виза, можеш колку пати сакаш толку да аплицираш за грин кард, и незначи ако те одбиле еднаш дека нема да ти дадат виза нареден пат ;) Тоа важи само за виза, ако те одбијат еднаш дека има шанси и нареден исто.... Инаку имам пријатели што се таму веќе 10 години сигурно ама не е најсјано, да ви кажам, факултетот е 35.000 $ една година, пост дипломски е 90.000 :eek Треба да го испотиш газот и за работа и за се, а точно дека е мнооогу повеќе платено од тука и со повеќе респект де гледаат небитно што и да работиш :cool:
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: DarkPassenger