Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Црнобело форум
Општи муабети
Личен дневник
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

Дневнику мој, мил...

Најверојатно ова ке биде моето последно мислење напишано тука, всушнот размислував да прекинам и да не се одјавувам вака јавно, но не ми текнуваше што да правам и од навика ми дојде пак овде да се вклучам.

Тоа всушност е и една од причините за моето раскинување со форумов, бидејки сето ова прерасна во една непотребна навика.

Форумот ми создава некоја комфорна зона, станувам мрзлива и пасивна во останатиот дел од животот.

Кога имам несоница тука си го трошам времето, а што се можев да правам... можев да гледам некој добар филм, обично се жалам дека немам време за гледање филмови поради обврските што ги имам. Можев да читам убава книга - и за тоа се жалам дека немам доволно време и мир...

Можев да плетам, можев да цртам, можев да слушам музика, можев да си ги завршам порачките кои веќе ги каснам бидејки преку ден навистина не ми останува време... се жалам дека немам доволно пари дневнику, одбивам порачки бидејки немам време да ги изработам, а цела ноќ јас дремам на форуми.

Жално.

Дури и ова да не го пишев, да не се испразнев сега, потребата за да зборувам со некого да не ја претворев во јавно исповедување, ке отидев до кај снајка ми и ке си се изнамуабетевме за се и сешто, ке си ги кажевме маките една на друга или пак ке и се јавев на мајка ми и пола саат ке окапевме на телефон или на Трпета ке му се исповедував и тој ке ме гушкаше силно и ке ми велеше дека се ке биде во ред...

Сега сум празна и утре ке молчам кога ке отидам кај снаа ми на кафе, едвај ке презбориме. Нема да и се јавам на мајка ми бидејки немам што да и кажам, а и нема да ми е до толку итна работава за да го замарам Трпе, а ке ме прашува тој, ке мисли дека нешто згрешил, а јас ке ќутам како намќор и нема да ми се зборува.

Многу сум пасивна дневнику, подлегнав под притисокот. Неколку месеци константно сум под стрес и сериозно размислувам за тоа кој начин да го одберам за да си помогнам во напуштањето на овој свет.

Чувствувам дека полека ги губам сите чуства. Сетилата ми се отапени. Само болката станува се поинтензивна.

Тешко ми е дневнику, ама никој тоа не го разбира, затоа што си мислат ,, ех, тоа е мало, ке и помине, секогаш и поминувало. ''

Не, не поминувало секогаш. Никогаш не поминувало. Се е закопано тука, во една длабока рана близу срцево... ама тоа семе почнува да 'рти, да расте, да ми ги раскинува градите, да ме распарчува на милион делови...

Не си ти крив дневнику, не е ни форумот крив, никој не е крив. Не постои нешто на овој свет што е криво. Се што напишав погоре е само изговор, знам дека и тебе ти е јасно.

Одам јас да си го средам животот.

[QUOTE="malo, post: 334906, member: 1867"] Дневнику мој, мил... Најверојатно ова ке биде моето последно мислење напишано тука, всушнот размислував да прекинам и да не се одјавувам вака јавно, но не ми текнуваше што да правам и од навика ми дојде пак овде да се вклучам. Тоа всушност е и една од причините за моето раскинување со форумов, бидејки сето ова прерасна во една непотребна навика. Форумот ми создава некоја комфорна зона, станувам мрзлива и пасивна во останатиот дел од животот. Кога имам несоница тука си го трошам времето, а што се можев да правам... можев да гледам некој добар филм, обично се жалам дека немам време за гледање филмови поради обврските што ги имам. Можев да читам убава книга - и за тоа се жалам дека немам доволно време и мир... Можев да плетам, можев да цртам, можев да слушам музика, можев да си ги завршам порачките кои веќе ги каснам бидејки преку ден навистина не ми останува време... се жалам дека немам доволно пари дневнику, одбивам порачки бидејки немам време да ги изработам, а цела ноќ јас дремам на форуми. Жално. Дури и ова да не го пишев, да не се испразнев сега, потребата за да зборувам со некого да не ја претворев во јавно исповедување, ке отидев до кај снајка ми и ке си се изнамуабетевме за се и сешто, ке си ги кажевме маките една на друга или пак ке и се јавев на мајка ми и пола саат ке окапевме на телефон или на Трпета ке му се исповедував и тој ке ме гушкаше силно и ке ми велеше дека се ке биде во ред... Сега сум празна и утре ке молчам кога ке отидам кај снаа ми на кафе, едвај ке презбориме. Нема да и се јавам на мајка ми бидејки немам што да и кажам, а и нема да ми е до толку итна работава за да го замарам Трпе, а ке ме прашува тој, ке мисли дека нешто згрешил, а јас ке ќутам како намќор и нема да ми се зборува. ... Многу сум пасивна дневнику, подлегнав под притисокот. Неколку месеци константно сум под стрес и сериозно размислувам за тоа кој начин да го одберам за да си помогнам во напуштањето на овој свет. Чувствувам дека полека ги губам сите чуства. Сетилата ми се отапени. Само болката станува се поинтензивна. ... Тешко ми е дневнику, ама никој тоа не го разбира, затоа што си мислат ,, ех, тоа е мало, ке и помине, секогаш и поминувало. '' Не, не поминувало секогаш. Никогаш не поминувало. Се е закопано тука, во една длабока рана близу срцево... ама тоа семе почнува да 'рти, да расте, да ми ги раскинува градите, да ме распарчува на милион делови... ... Не си ти крив дневнику, не е ни форумот крив, никој не е крив. Не постои нешто на овој свет што е криво. Се што напишав погоре е само изговор, знам дека и тебе ти е јасно. ... Одам јас да си го средам животот. [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Колку нозе има кучето? (напишете со букви)
Испрати мислење
Форум
Црнобело форум
Општи муабети
Личен дневник
На врв
Bottom