Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Црнобело форум
Општи муабети
Личен дневник
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

Брат, веќе не знам како да те наречам.

Би рекла, здраво хартијо!

Не, звучи како да сум се помрднала од здравиот памет.

Но од кај знаеш, ти си само хартија. Сакам да ја затворам оваа врата позади мене. И туркам со сета сила, туркам, туркам... Ама не оди. Не сум доволно силна. Ослабев уште од денот кога го запознав. Уште цели 26 дена до годишнината од нашиот прв бакнеж. Денес е годишнина од нашето прво запознавање тет а тет. Ми недостига толку многу што душата ми се кине на милиони парчиња. Година и 3 месеци поминаа откако тој првпат ми пиша. Точно две години, пет месеци и 22 дена откако за првпат го здогледав. И сето тоа ми се чини како да било пред сто години.

Луда сум? Не знам зошто, но помнењето на датите ми оди. Не сакам да паметам. Сакам се да заборавам.

И добро бе, од каде му е храброста да ми се јави, да ме праша со кој зборувам на телефон последнава недела, и како јаготка на шлагот да каже дека е љубоморен? Ах да, и не само на тој со кого зборувам по телефон, звани - персона Х, туку и цимерот негов, којшто го познавам одамна и сме баш добри пријатели. Зошто бе? За еден поздрав шо пратив? За смотаните повици кои ме одржуваат во живот? Или поради тоа што знаеш дека кога веќе ме загуби и нема да ме вратиш? Не можам да те разберам.

Сум слушнала многупати дека мажите се навистина едноставни. Она што го мислат, тие и го кажуваат. А ние џенцките... абе будали бе! Со часови анализираме што сакале да ни кажат кога тие веќе го кажале.

Со него, не е така. Никогаш не е така. Ретко зборуваше последниве неколку дена. Не знаев ни што мисли, што чувствува... Доцна е сега. Ја преминав линијата. Кажав работи кои никој не требаше да ги знае. Си дозволив да го спуштам заштитниот ѕид до половина, знаејќи дека можеш да го срушиш. Но брканицава, мора веќе еднаш да заврши. До кога вака? Следува ли уште една пролет во која постојано ќе ме бркаш? Уште едно лето кое ќе го поминам преиспитувајќи се и поминувајќи ја скоро секоја вечер со тебе? Уште една есен преполна со бури? Студена зима без малку топлина?

Не, тоа не ми треба. Дефинитивно веќе се затворам. Веќе никому нема да му дадам таков пристап до мене. Дури и ако ги има тие твоите очи што ме топат ко путер на загреана тава. Знаеш повеќе од сите. Преку ноќ станав ранлива, скорој секој збор допираше до мене. Не повеќе. Тука веќе ставам точка. Ќе треба многу повеќе од такви постапки, такви зборови, такви очи и таква искреност.

Не знам што да правам сега... Веќе се чувствувам како сите да ме напуштиле. Едвај чекам да заврши и ова полугодие, да отидам на проклетиот камп како што планирав и да се вратам со неколку контакти и можности повеќе.

Толку е... Готово е... Завршив со чувствата... Време е да се вратам на она што бев пред тие скоро две ипол години. Ладна, бесчувствителна, горда, самоуверена пред другите. Ја ископав таа маска од кутиите што одамна ги затворив. Не смеам да дозволам пак да се отворам пред некој друг. Едноставно, нешто одвнатре не ми дава. Како да има некое мало гласченце што ми вели да се приберам и пак да ја навлечам таа маска... За никој да не може да ме повреди.

Ха, почнав и гласови да слушам. Шизофренија, стаза 1?

Можеби, можеби и не.

Сега ми останува уште да легнам и да се отспијам.

Ете, така требало да биде.

Сега немам сила да појдам на тој пат со некој друг. Којзнае дали некогаш и ќе ја имам.

Сонував само еден. Го сонував само него.

Се плашам.

Ех, кога само би можела да го избегнам тој поглед барем еднаш. Ех, кога би можела...

Знам дека треба да продолжам, дека се мораше да заврши вака. Вкусно, невкусно, слатко и кисело во исто време, но постојано горчливо...

Мозокот се помири со таа одлука, а срцето?

Кутрото, мисли дека некој ден можеби ќе се вратиш, па си седи мирно, замрзнато...

И се што му останува е да чека и да види што ќе донесе иднината...

И да чека... И уште да чека...

Се до денот кога ќе престане да чука...

Ај, воздра.

До наредниот пат.

[QUOTE="i_wanna_fly, post: 208790, member: 1553"] Брат, веќе не знам како да те наречам. Би рекла, здраво хартијо! Не, звучи како да сум се помрднала од здравиот памет. Но од кај знаеш, ти си само хартија. Сакам да ја затворам оваа врата позади мене. И туркам со сета сила, туркам, туркам... Ама не оди. Не сум доволно силна. Ослабев уште од денот кога го запознав. Уште цели 26 дена до годишнината од нашиот прв бакнеж. Денес е годишнина од нашето прво запознавање тет а тет. Ми недостига толку многу што душата ми се кине на милиони парчиња. Година и 3 месеци поминаа откако тој првпат ми пиша. Точно две години, пет месеци и 22 дена откако за првпат го здогледав. И сето тоа ми се чини како да било пред сто години. Луда сум? Не знам зошто, но помнењето на датите ми оди. Не сакам да паметам. Сакам се да заборавам. И добро бе, од каде му е храброста да ми се јави, да ме праша со кој зборувам на телефон последнава недела, и како јаготка на шлагот да каже дека е љубоморен? Ах да, и не само на тој со кого зборувам по телефон, звани - персона Х, туку и цимерот негов, којшто го познавам одамна и сме баш добри пријатели. Зошто бе? За еден поздрав шо пратив? За смотаните повици кои ме одржуваат во живот? Или поради тоа што знаеш дека кога веќе ме загуби и нема да ме вратиш? Не можам да те разберам. Сум слушнала многупати дека мажите се навистина едноставни. Она што го мислат, тие и го кажуваат. А ние џенцките... абе будали бе! Со часови анализираме што сакале да ни кажат кога тие веќе го кажале. Со него, не е така. Никогаш не е така. Ретко зборуваше последниве неколку дена. Не знаев ни што мисли, што чувствува... Доцна е сега. Ја преминав линијата. Кажав работи кои никој не требаше да ги знае. Си дозволив да го спуштам заштитниот ѕид до половина, знаејќи дека можеш да го срушиш. Но брканицава, мора веќе еднаш да заврши. До кога вака? Следува ли уште една пролет во која постојано ќе ме бркаш? Уште едно лето кое ќе го поминам преиспитувајќи се и поминувајќи ја скоро секоја вечер со тебе? Уште една есен преполна со бури? Студена зима без малку топлина? Не, тоа не ми треба. Дефинитивно веќе се затворам. Веќе никому нема да му дадам таков пристап до мене. Дури и ако ги има тие твоите очи што ме топат ко путер на загреана тава. Знаеш повеќе од сите. Преку ноќ станав ранлива, скорој секој збор допираше до мене. Не повеќе. Тука веќе ставам точка. Ќе треба многу повеќе од такви постапки, такви зборови, такви очи и таква искреност. Не знам што да правам сега... Веќе се чувствувам како сите да ме напуштиле. Едвај чекам да заврши и ова полугодие, да отидам на проклетиот камп како што планирав и да се вратам со неколку контакти и можности повеќе. Толку е... Готово е... Завршив со чувствата... Време е да се вратам на она што бев пред тие скоро две ипол години. Ладна, бесчувствителна, горда, самоуверена пред другите. Ја ископав таа маска од кутиите што одамна ги затворив. Не смеам да дозволам пак да се отворам пред некој друг. Едноставно, нешто одвнатре не ми дава. Како да има некое мало гласченце што ми вели да се приберам и пак да ја навлечам таа маска... За никој да не може да ме повреди. Ха, почнав и гласови да слушам. Шизофренија, стаза 1? Можеби, можеби и не. Сега ми останува уште да легнам и да се отспијам. Ете, така требало да биде. Сега немам сила да појдам на тој пат со некој друг. Којзнае дали некогаш и ќе ја имам. Сонував само еден. Го сонував само него. Се плашам. Ех, кога само би можела да го избегнам тој поглед барем еднаш. Ех, кога би можела... Знам дека треба да продолжам, дека се мораше да заврши вака. Вкусно, невкусно, слатко и кисело во исто време, но постојано горчливо... Мозокот се помири со таа одлука, а срцето? Кутрото, мисли дека некој ден можеби ќе се вратиш, па си седи мирно, замрзнато... И се што му останува е да чека и да види што ќе донесе иднината... И да чека... И уште да чека... Се до денот кога ќе престане да чука... Ај, воздра. До наредниот пат. [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е тревата?
Испрати мислење
Форум
Црнобело форум
Општи муабети
Личен дневник
На врв
Bottom