Лингвални фиксни протези

Sugar

Истакнат Член
19 февруари 2012
502
1,110
393
Лингвалните фиксни протези, поточно, фиксните протези кои се ставаат од внатрешната страна на забните лаци, од страната на јазикот.
image_lingual-brackets.jpg

Предности на лингвалните протези

Како прво, лингвалните протези се ставаат од внатрешната страна, така да другите од прв поглед не можат да забележат дека носите фиксни протези. Лингвалните протези ги исправуваат забите скоро во исто време како и обичните (букални), но сето тоа зависи и од видот на аномалијата која ја има пациентот.

Лингвалните протези се особено добри за вработени, деловни луѓе кои имаат контакт со странки и на некој начин би сакале да избегнат нивни реакции во врска со ортодонтскиот третман, актери, луѓе вработени во телевизијата, како и спортисти, поготово оние кои имаат меѓусебен контакт со противникот.


Негативности на лингвалните протези

И кога мислиме дека се` е совршено, секогаш постои едно „ама“. Малку е потешко човек да се навикне на овие протези отколку на класичните. Има неколку причини за тоа.

Една од нив е загризот. Многу е важно каков загриз има пациентот. Нормално ќе биде како што ќе изминува времето вашиот загриз да се менува, што е случај со сите протези, па додека не се намести како што треба, ќе треба да внимавате кога јадете и да гризете пополека, да не откачите некоја брикета (тие желевцата што ви се залепени на заб), поготово затоа што некои од ортодонтите во земјава наплаќаат такви работи, но исто така да не ги скршите долните заби.

Втората лоша работа е самото место каде што се наоѓаат протезите. Тука е јазикот. Можете само да претпоставите какви рани ќе ви прави протезата на јазикот за тоа време додека ја носите. И миењето заби нема да биде толку многу лесно. Голтањето и џвакањето ќе бидат ограничени.

Третата, и можеби најлоша работа е што ќе зборувате како тригодишно дете првите недели, а можеби и во текот на целиот третман. За да имате некоја претстава во главата како би збореле со внатрешна фиксна, позиционирајте го јазикот меѓу забниот лак на долната вилица, не го мрдајте и пробајте да изговорите неколку зборови. Тука е најголемиот минус на овие протези, затоа што создава повеќе потешкотии во зборувањето отколку сите други видови на протези.

Па, што мислите вие за овие протези? Имате ли искуство? Која цена се?
Споделете се што сте прочитале, слушнале за нив :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: emzzy

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
сум носела обични протези фиксни... и се навикнав со време и кога ги извадов ми беше чудно :rolleyes
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Sugar

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Носам уште обични фиксни протези и сум задоволна.
Овие лингвалните не се исти како обичните фиксни. Побавно се исправиуваат забите не знам од кај си прочитала дека е исто.
Цената му е поскапа од фиксна, обична (околу 15 000 ден.) и не секој ја става.. Околу 1 000 евра била, сега читнав на други форуми :О
 

Sugar

Истакнат Член
19 февруари 2012
502
1,110
393
Носам уште обични фиксни протези и сум задоволна.
Овие лингвалните не се исти како обичните фиксни. Побавно се исправиуваат забите не знам од кај си прочитала дека е исто.
Цената му е поскапа од фиксна, обична (околу 15 000 ден.) и не секој ја става.. Околу 1 000 евра била, сега читнав на други форуми :О
Да, прочитав дека цената им е од 1000 евра нагоре, имаат предност што не се гледаат а голем минус што ќе збориш како детенце.. Ме примамува тоа што не се гледаат, па затоа ме интересираше дали некој има искуство со нив, бидејќи не ми се фрлаат 1000 евра туку така :D
 

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Јас носев обични фиксни протези и забите ми се поправија.
За овие сум слушала, ама кога ставав сметав дека ќе биде само непотребен трошок и поголемо малтретирање за мене.
Не е срамота да носиш протеза независно од возраста.
И оваа и обичната ќе го постигнат истиот ефект, само што оваа ќе ти го олесни џебот за малку повеќе од потребното...:)
Мој совет ти е обична или порцеланска за поубав изглед ако сакаш...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Sugar

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Да, прочитав дека цената им е од 1000 евра нагоре, имаат предност што не се гледаат а голем минус што ќе збориш како детенце.. Ме примамува тоа што не се гледаат, па затоа ме интересираше дали некој има искуство со нив, бидејќи не ми се фрлаат 1000 евра туку така :D
Епа да, не се малце 1 000 евра за протеза. И плус тоа јазикот рани ќе ти е, ја прашав мајка ми (заболекар е) и ми кажа дека не се многу препорачливи тие протези..
Ако не сакаш да ти се приметуваат многу тогаш стави силиконски. Не се многу скапи околу 300-500 евра се.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Sugar

Alex M.

Староседелец
17 февруари 2012
330
523
693
London,UK
Јас моментално носам обични фиксни протези и ми прават рани а не па овакви no way :D
 

Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
138
1,053
Најдобри се обичните фиксни протези.
Ги носев и побзо се исправаат забите.