Леонардо да Винчи

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Леонардо да Винчи (1452-1519) потекнува од околината на Фиренца каде што го поминува детството одделен од својата мајка. Татко му на Леонардо да Винчи по занимање е писар (нотариус), кој неколкупати се жени и има повеќе од десет деца. Меѓу нив, Леонардо да Винчи е негово галениче, чиј талент за сликање и за откривање на тајните на природата е забележлив уште во неговото рано детство. Меѓутоа, поради презафатеност, дури на 12-годишна возраст татко му го носи во Фиренца за да се описмени. Уште во почетокот на школувањето, Леонардо ја покажува својата необична личност. Не само што пишува со лева рака, туку и текстовите ги пишува во т.н. огледална проекција, поради што останатите читатели тешко можат да се снајдат како да го прочитаат неговиот текст. Татко му го дава на учење во работилницата на мајсторот Андреа дел Верокио, во кои работат најперспективните млади уметници. Во неа, низ песни и поезија се учат новите техники во сликарството и вајарството и се откриваат нови можности за уметничко изразување. Леонардо, како миленик на својот учител, учествува во изработката на постаментот за коњаничкиот споменик Колеони во Венеција. И во сликарството набргу тој почнува да ја стекнува довербата на својот учител.

Во времето кога Верокио е на работа надвор од Фиренца, му остава задача на младиот Леонардо да ја заврши сликата на Христовото покрстување. Леонардо најстудиозно ја сфаќа својата работа, сликајќи го ангелот во левиот агол на композицијата со таков индивидуалистички дострел, кој ги дефинира основните карактеристики на неговото подоцнежно творештво. Кога Верокио се враќа во ателјето, се вчудовидува од убавината на ангелот, така што се зарекува дека нема повеќе да слика, бидејќи неговиот ученик го надминал учителот. Така, Леонардо да Винчи набргу, во 1472 година станува самостоен мајстор.

the-baptism-of-christ.jpg
baptism_of_christ_angel_detail_leonardo_da_vinci_invitation-p161244269311417081b26en_400.jpg
Леонардо себеси не се смета за сликар, туку за научник, кој сликарството го употребувал како "сиромашна метода при соопштувањето на своите научни откритија". Неговиот интерес за науката е многу широк во повеќе области: анатомија, ботаника, биологија, механика, хидраулика; исто како и во областа на уметноста, архитектурата, литературата итн. Со право може да се каже дека тој ги има поставено основните нацрти за конструкција на: хеликоптер, подморница, торпедо, тазлични воени машини и др. Сето тоа, поради технички прочини не може да биде реализирано во тогашните услови. Генијалниот ум на Леонардо тешко може да се задржи само на една научна или уметничка област. Тој има немирен и нестрплив истражувачки дух, така што честопати преминува од една на друга работа, оставајќи многу значајни дела наполу довршени, а и ден денес се уште се откриваат некои негови цртечи, скици и текстови.

За развојот на архитектурата и урбанизмот, посебно внимание заслужува замислта на Леонардо за идеалниот град на иднината, во кој фунциите би биле рационално распоредени, според органскиот принцип. Градот би бил на две нивоа, со издвоен пешачки сообраќај на горното ниво. Во подземјето би биле сместени уредите за непречено техничко функционирање на објектите. Водените и зелените површини замислено е рамноправно со архитектурата да учествуваат во создавањето на хуманистичкиот урбан амбиент. Леонардо нуди и конкретни архитектонски решенија за поважните објекти на населбата. Оваа негова замисла не ја добива бараната поддршка од страна на војводата Лудовико Сфорца, така што само делови од тој концепт ќе бидат реализирани дури во XX век.
V17ED00Z.jpg
stock-photo-sketch-for-an-helicopter-project-by-leonardo-da-vinci-15463591.jpg

Творештвото на Леонардо, општо земено може да се подели на три периоди:
- фирентински, до 1483 година, кога најпрвин работи во ателјето на Верокио, а потоа самостојно;
- милански, од 1483 до 1499 година, кога работи за војводата Лудовико Сфорца, и
- неговиот престој во Рим, Фиренца и Франција, каде што во близината на замокот Амбоаз, на 67-годишна возраст, врз рацете на кралот Франсоа I, го завршува својот немиренивот.

Иако сликарството, во однос на вкупното творештво на Леонардо, претставува само една епизода, тој создал 15-17 композиции, кои претставуваат ремек дела на ренесансното сликарство. За да се разбере сликарството на Леонардо, треба да се нагласи дека сликарите пред него прават детални студии на фигурите, објектите и пејсажите, но тие меѓусебно како да се изолирани. Во сликите на Леонардо да Винчи, сите тие елементи се обединети во една органска целина. Тој открива и нова техника на сликање со мешање на маслени и темперни бои, при што постојано експериментира. Експериментот, честопати знае и да ми се одмазди преку намалениот рок на траење на неговите слики.

Сликите на Леонардо имаат геометриска композиција, со поставување на фигурите во една замислена пирамида. Техниката наречена киаро-скуро, претставува негово откритие, со чија помош фигурите истовремено ги одделува и ги соединува со заднината. Моделирањето на фигурите го прави со постепено благо засенчување, во вид на нежно замаглување, кое е наречено сфумато техника. Ликовите на неговите слики имаат нежен и благ израз, со извесно идеализирање на човечката убавина. Нивната коса е полна со воздух, насликана како да е наелектризирана, токму по миење. За сите свои композиции, тој најпрвин прави детален план и нацрт, пред да пристапи кон долготрајна и, честопати, макотрпна реализација.

Подоцна, ќе продолжам со анализирање на неговото творештво во трите периоди.
Што мислите за овој гениј? Додате информации.​
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
you may find something interesting here





http://www.stumbleupon.com/su/1QMIoP/www.drawingsofleonardo.org/

Edit: Сум заборавил да спомнам дека ми е еден од омилените личности во историјата покрај Ниче, Паганини, Бах, Бетовен, ван Гог, Рембрант...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: DarkPassenger

Македонец

Староседелец
14 февруари 2012
315
440
1,063
Во Кралската галерија во Бакингемската палата во Лондон, во тек е најголемата и најимпресивната изложба на анатомски цртежи од Леонардо да Винчи во историјата.

Експертите кои имаа можност да ги проучат неговите дела тврдат дека цртежите на големиот уметник и универзалниот гениј, кој умрел во 1519 година, по својата прецизност биле неколку стотина години пред времето, односно до одредена мера можат да допринесат дури и за нашето денешно разбирање на човечкото тело.

Slozo.jpg


Експертите во доменот на клиничка анатомија, како што е Питер Ејбрахамс, професор по анатомија на Универзитетот "Vorvik" во Велика Британија, тврди дека делата на Леонардо биле најмалку 300 години пред своето време, а во некои делови неговите цртежи се подобри дури и од оние што ги нуди "Анатомијата" на Греј од 19-ти век.

nCVmf.jpg


Вистинскиот чекор понапред во однос на она што ренесансниот гениј успеал да постигне само со помош на рацете и очите е направен неодамна, со помош на дигиталната технологија.

Многу цртежи на Леонардо да Винчи, неговите студии на черепот, градниот кош, коските и лигаментите, во целост се согласуваат со сликите добиени со помош на најсовремените апарати на денешницата како што се рендгенот и скенерот, односно, ниту малку не заостануваат зад современите дводимензионални снимки.

vYB5U.jpg


Цртежите на славниот уметник се исти со најмодерните снимки кои модерната медицина денес може да ги произведе, меѓутоа, постојат и отстапувања во однос на она што современата медицина го открила во човечкото тело.

Меѓу најголемите грешки е онаа која го прикажува репродуктивниот систем на жената, како и бременоста, матката и плодот во неа.

EAJQV.jpg


Експертите ова го објаснуваат со фактот дека било тешко да се стигне до женски лешови, особено до леш на жена во поодмината фаза на бременост, поради што уметникот се обидел да се послужи со аналогијата на анатомијата на домашните животни, на пример од кравата, на чии и органи потсетуваат овие слики.

Q6Cj0.jpg


DVtZ1.jpg


me118.jpg


извор: зазабава
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: DarkPassenger

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Прв период

Сликата Благовештение иако претставува едно од првите дела на Леонардо да Винчи (во соработка со Андреа дел Верокио), веќе ги содржи сите неговите карактеристики во обликувањето на ликовите и на далечната заднина.

annuncia10a.jpg


Сцената Благовештение е претстава на моментот кога архангелот Гаврил ја известува Богородица дека ќе го роди синот божји. Една од најзабележителните карактеристики на оваа слика е кринот кој го држи ангелот, кој е симбол за Богородичината невиност, а воедно и на градот Фиренца.

Во Портретот на Џенева Бенчи особено се истакнува употребата на киаро скуро и воздушестиот третман на косата.

Portrait%20of%20Ginevra%20de%20Benci.jpg

Поклонение на мудреците претставува недовршена слика на Леонардо да Винчи, каде Богородица со светците е сместенаво необична околина на урнатини и на една општа раздвиженост. Позата на Богородица претставува авторско откритие што ќе се сретне и во неговите следни дела.

Leonardo%20da%20Vinci%20-%20Adoration%20of%20the%20Magi%20.JPG

Таква е сликата Богородица меѓу карпи, каде што тој го употребува основниот пирамидален облик на композицијата. Богородица е сместена во драматична околина, а ликовите имаат една реална материјалност, поради употребената киаро скуро и нивните фризури кои се полни со воздух. Постојат две слики на истата тема, од кои првата Леонардо да Винчи ја слика во 1483 год. во Фиренца (се наоѓа во Лувр), а втората во 1506 год. во Милано (се наоѓа во Националната галерија во Лондон).

leo_1957785b.jpg

Во втората варијанта забележливо е отсуството на ореол околу главите на светите личности, но сепак атмосферата воопшто не е помалку мистична во однос на првата. Големиот мајстор тоа го постигнува со ненадминати уметнички средства на композицијата и светлоста, која се рефлектира од лицата, истакнувајќи ги пред темната заднина. Таквата улога на светлоста ќе биде целосно искористена дури стотина години подоцна, во времето на барокот.

Втор период, to be continued...