Лага и вистина

kones

Истакнат Член
14 февруари 2012
122
119
343
Инспирацијата за темава ја добвив од книгите на дон Мигел Руиз, чиј дедо го спомнува во книгите и сакајки да му се пофали на дедо му дека завршил факултет, го видел големиот град, ги разбира големите прашања и има мислење за нив меѓу кои и вечниот конфликт меѓу ДОБРОТО И ЗЛОТО, дедо му само му се насмевнал и му рекол дека не постои конфликт меѓу Доброто и Злото, ами еден конфликт мегу вистината и лагата.

Па прашањето ми е дали навистина не постои добро и зло, туку еден вечен конфликт мегу лагата и вистината?
 

TIGERWOMAN31SK

Истакнат Член
3 јули 2012
822
697
93
шознам,мислам има добро,зло,лага,вистина.нема конфликти
 

freak

Староседелец
18 јуни 2012
190
120
1,043
27
Битола
Тешка филозофија е прашањето ама мислам дека се си има : лага, вистина, добро и зло. :)
 

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Одреди што подразбираш под Лага и што под Вистина.
Инаку, и вистината знае да биде многу болна, а лагата корисна, така што не секогаш лагата е зло, а вистината добро. Некогаш и вистината знае да предизвика зло.
Или друго е у питање? Дај ми твое видување.
 

Мирче_мкД

Истакнат Член
25 јуни 2012
173
121
343
30
Прашањето т.е дилемата е ептен општа оти е тешко да се дефинира шо е добро а шо лошо. Оти некој може да прави лошо бидејќи бил изманипулиран (излажан) , а тој другиот го лажел бидејќи сакал да го искористи, имал желба за поголема моќ или зависта го потикнала на тоа.. што знам може да бидат многу причини. Така да тие конфликти ти се дел од животот, дел од природата, дел од човекот. И се се врти околу одреден баланс, никогаш нема да се искорени ниту едното ниту другото, оти едноставно е невозможно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: kones

Teddy Picker

Староседелец
15 јуни 2012
155
162
643
Фоф компирето
Лагата е само начин да се прикрие вистината, а вистината е начинот да се открие лагата. Не можат една без друга и едноставно идат една по една. Ако ја кажуваме вистината ќе додадеме и малце лага за да исфилуваме, а ако лажеме пак ќе додадеме малце и вистина за да има основа тоа што го зборуваме, не велам да фантазираме сеа па да нема ништо вистинито