Куќа или стан? | Црнобело Форум

Куќа или стан?

Ballet is my life

Истакнат Член
9 јуни 2018
298
105
353
Живеев во куќа со моите. Поубаво е во куќа. Сега сама во стан.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,515
1,183
Big Sur
Покрај карантинот, сфатив колку значи да имаш едно дворче, што не мора ни да е големо, доста е колку една соба.
Џабе имаме две тераси дома, ко кучиња бевме заробени, па трчкај од една до друга тераса, но ни време минува, ни нервозата.
Би го заменила станов за куќиче со една соба без да размислам два пати.
 
  • Love
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and Saladin

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,673
1,683
Han Wavel
Не знам зошто сите се тепаат за стан. Како можат без да излезат во двор, без да испечат пипер, без ајвар да направат, па ко ќе замириса низ дворот уф. Скара ко ќе се пржи, па масичка надвор па седнеш си јадеш. Мераци.
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,259
2,354
1,153
Skopje
www.facebook.com
Во стан како во дупка да си.
Не сум живеела во куќа, не знам како е, претпоставувам бара и повеќе одржување, но верувам дека е многу подобра опција него стан. Поготово ако е на некое помирно место, ни центар ми треба, ни кафичи, ни излегување, ни ништо. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and -alf-

bluebell

Полноправен Член
12 јануари 2022
41
15
8
26
Живеам во куќа и сметам дека во куќа е подобро, имаш повеќе простор и можеш да го искористиш како сакаш. Во стан не би сакала да живеам, затоа што нема двор, не е поентата секогаш да излегувам во кафуле за да сум на воздух. Во дворот од куќата има со што да се занимавам, а тоа е метење на дворот, вадење цвеќиња, собирање малини. Секој од нас си има свој вкус во изборот помеѓу стан или куќа.
 

girlwithfreckles

Нов член
23 февруари 2022
9
10
3
Дефинитивно куќа.
Веќе две години живеам со дечко ми во стан и секој ден се повеќе сфаќам колку немам место за ништо! :)
И секако мирот и слободата не се исти.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: bluebell