Купување стан/куќа | Црнобело Форум

Купување стан/куќа

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,154
7,681
1,183
земјата на чудата
Нема потреба од некој посебен вовед,ме интересира што е важно и на кои битни работи треба да се внимава при купување на стан,куќа воопшто било каков вид на имобилии-недвижности(чинам така се викаат).
Дали цените се варијабилни и дали е дозволено ценкање при купување на истите?
Кои важни прашања треба да се постават на терминот за
гледање на станот/куќата?
Колку е важен првиот впечаток кој го остава купувачот за тој што го продава станот?
И како се развива сето тоа ако заинтересираниот се одлучи да го купи станот/куќата?
 
Последна промена:

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,316
1,947
1,133
Од мое лично искуство , кога се купува стан или куќа треба да се внимава на многу работи.
Пред се’ на самата населба, потоа дали станот има влага, нем, дали е доволно сончан, на која страна е свртен, дали е доволно изолиран, во каква состојба е електричната инсталација, водоводната мрежа, дали има плоча (ако е куќа), во каква состојба се ѕидовите, таванот, подот, дограмата (иако тие се менливи сепак влијаат на цената), дали се подмирени режиските трошоци, дали е ослободен од хипотеки итн.
Ценкањето според мене секако е задолжително. Оној кој продава сака да земе повеќе пари, оној кој купува сака да даде помалку, па затоа најдобро да се пристапи кон ценкање и да се дојде до сума која му одговара на двете страни.
Инаку мислам дека многу побитен е впечатокот кој го остава продавачот на купувачот отколку обратно. Треба да си доволно впечатлив и убедлив да го заинтригираш купувачот да купи.
Како се развива процесот...Купувачот решава да го купи станот/куќата си подаваат рака нели :) (handshake) и се оди на нотар при што купувачот дава одредена сума на пари како капар и се прави преддоговор за купопродажба.
Во меѓувреме продавачот е должен да го ичисти имотот од секакви долгови, хипотеки и сл. и да прибере потребна документација (од суд дека станот не под хипотека, нов имотен лист, од ујп дека редовно е плаќан данок итн.)...
Потоа се префрлаат парите и се прави купопродажен договор на нотар за кој трошоците се на сметка на купувачот.
Е после следи префрлањето на имотот на новиот сопственик.
 

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,199
1,133
LittleButterfly се ти кажа
но јас знам дека подобро е да градиш куќа од што да купиш
 

Proton

Староседелец
12 февруари 2012
148
279
1,063
Скопје
Ако си веќе за куќа, најдобро е да си купиш плац и да си ја изградиш од 0.
Купување куќа според мене е ризик затоа што незнаеш како е градено, што материјали се вградувани и слично.
Не дека истото не се однесува и за купување стан...