1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Културен Diss

Дискусија во форумот 'Колумни' започната од Deviously Devilish, 9 септември 2012.

  1. Deviously Devilish

    Deviously Devilish Активен Член

    Зачленет на:
    28 август 2012
    Мислења:
    104
    Допаѓања:
    72
    Отсекогаш сум се трудела да бидам човек со добра душа, кој не греши никому, да сум што по ‘open minded’ и да не пречам никому наметнувајќи идеи, но некои работи едноставно не се поднесуваат. Имам мозок даден за размислување и мило ми е што колку толку барем го вклучувам, и колку и да не се прифатени моите идеи и мислења од толпата празноглавци, едноставно морам да го споделам мојот следен став, став кој да не беше Кокаколичар, можеби и немаше да имам храброст да го напишам, но сепак голема благодарност за поддршката !

    Не се плашам од коментари, нормално е да има критики бидејќи сме различни, и секому неможе да му се допадне едно исто нешто бидејќи сите сме поинакви, но јас само пробувам да ја поткренам бар малку вашата самосвест, бидејќи доста е да правите будали од себе. Единствен проблем ми беше фациве да не се нешто премногу навредат, па да незнаат како да возвратат на едно мислење на една премлада девојка во демократска држава, па да почнат да се оптеретуваат и со мене, не за нешто друго туку ми беше да ги поштедам да не трошат време од цела таа ‘слава’ што ја поседуваат, но гледам не заслужиле.

    Драги мои, не ми е јасно како може да се поднесе денешната наша музичка сцена и нашата толку фамозна ‘естрада’ која искрено незнае каква поголема глупост да направи за да е ‘ин’ и сите такви претставници да добијат статус ‘фаца’. Секоја чест на исклучоци, но спрема мене малку ги има. Немате претстава колку иритирачки делуваат врз мојата психа нашиве ‘рапери, поп диви, хардкор бендови, и лепотици со преубав глас’ и цело ова заслужува дупли и така малку поголемки наводници. Што е до мене јас и на билборд би го ставила , но бесполезно е кога повторно оние што треба да се разбудат од таквиот делириум не го согледуваат тоа. Па за таквите и најмногу ми е жал – јас ги нарекувам потпросечно интелегентните кои ‘фациве’ буквално ги поседуваат и што и да им кажат би направиле, и на нив се заработува најголемата пара, а тие греотки го доживуваат тоа како преголем спектакл.

    За почеток, наместо полека да кршам мраз, еве ќе удрам дирекно во сржта на целава ситуација. Ќе ги земам за пример нашите ‘рапери’ Тони Тен, Д’ткалистика и Шитологија (овај длабоко се извинувам, нашите пеачи на балади со нискобуџетен текст каде што ни во биртија не би бил признат). Не ми е јасно како може младината да се ‘ложи’ на ваква ступидна работа.

    Прво не се хардкор (верувајте, тие што сеуште мислите дека тоа е хардкор, тогаш очигледно не ви е познат поимот, и мислите дека хардкор всушност е лигава мекушана со пари, па ај за да не ни е досадно ќе снимаме ‘трака’ и ќе се наречеме MC).

    Второ, тоа не е рап, само незнам која е паметната личност што го прокламира тоа одвратно нешто, од кое крварат уши и од кое луѓето добиваат суицидни напади – како рап.

    Трето, онакви текстови како нивните паметам дека учителката не тераше да ги пишуваме во второ оделение, бидејќи требаше да ја покажеме колку-толку па макар и сосила нашата креативност. Елка – Зелка, Кола – Гола, Кекс – Секс, е преочигледно дури и за мојот девет годишен братучед, и сигурна сум дека ако го пратам него да им состави строфа ќе биде подобро прифатена од нивната, па дури и ќе му платат за креативноста и ќе му признат авторски права.

    Друга работа е тоа што текстовите им се вулгарни, и без емоција, направени строго за заработка. Воглавно, како што јас гледам на работава, тоа се само души продадени за пари, бидејќи не биле доволно паметни на друг начин да ги направат истите, па служат за потсмев. Сеуште се чудам кое право дотичниве си земаат да ‘ругаат’ одредени индивидуи а тоа го прават многу често, незнам што добиваш ако навредиш некој што многу подалеку стигнал од тебе. Слушам дека Просталистика фајќал фанови на песна каде што не се ‘пеело’ за Џамбазов. Клошаристика, ако навистина си го сторил тоа, не ти е нешто особено паметен избор. Педеристике и ако не си го направил тоа, не ни се обидувај, кога тој колку и да имаш бујна фантазија и шест пати да се преродиш и реинкарнираш во Џамбазов никогаш нема да бидеш голем човек колку што е тој.

    Во тоа поле може исто така да ги сметам и DNK кој јас лично ги доживувам како машка верзија на Ноне Неделковска. А да не зборам за оние малку подзаборавените како Елвир Мекич и Адријан Гаџа и уште тон такви фаци, кој неможеле да се пробијат на никое друго место, па ај ќе пробаме на македонската естрада, и ОП, прифатени од неадекватно музички образовани фанови. А да не зборам за новопронајдените МК – талент, Мојата Ѕвезда, и Идоличињата кои се строго сакани од девојчиња под 12 години, итоа само поради тоа што изгледаат слатко и им се неостварена симпатија со која се сликале за на фејсбук. А гласовните перформанси – ПОД НУЛА ! Ни зимава не беше толку непожелна и ми беше попријатна отколку песните на ‘славниве’. И нели ви е досадно да слушате плагијатура цело време? Како не ви се смачи од вакви ‘луѓе во обид’ ?

    И ете, слободно, нека си ‘творат’ дечките, да се извинам ако тоолку многу се навредија, сепак не ги знам лично, ама немојте да го тупите со тоа колку добар човек е Тони Деген и низ што минал , бидејќи тука не судиме карактерни особини туку строго музичките перформанси. Мене ми е најмногу жал за вас драги мои, бидејќи ако некој сака да дознае колку е напред (впрочем назад) нашата земја, не треба воопшто да доаѓа, слободно нека отвори јутуб, и нека види што се слуша и која сељачана постои. Но сеуште неможам да разберам како после толку време доаѓаат се поглупи луѓе со уште поглупи фанови, и дури ме боли срцето кога гледам голи малолетнички и ‘јаки мисици’ по спотовиве, и ‘ванаби генста’ кој би умреле за оние на кои никогаш око не им трепнува и не им ни возвратиле бидејќи се плаќа карта од 400 денари за настап од нецел час .

    Драги мои има многу попаметни работи отколку да се колнете во песните на рапериве и да го живеете ‘филмот’, направете нешто корисно за себеси, слушајте музика што ќе ги придвижи вашите емоции и што ќе е предизвик за вашата психа, знаете, онаков тип на волшебна песна што ќе ве наежи до максимум. А не од глупавост и од што сте затупени да неможете да дефинирате што се работи во еден покомплициран текст. Има прекрасни бендови и артисти низ нашава земја, немора да трчате за првото нешто што ќе го видите, бидејќи има и подобро. Нека не ве мрзи пребарајте нешто подобро и барем малку од малку слушајте нешто во кое навистина ќе се пронајдете. И за крај, ако не ви е сеуште јасно, слободно можете да ја слушнете ‘Супер Курви’ на Пистолеро, респект за батето. Имајте пријатен ден !



    Deviously Devilish
     
    На warr, Metalomania, WomanInRed и уште 7 други им се допаѓа ова.
  2. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,353
    Допаѓања:
    3,846
    Мое е, само да кажам, дека како што кажа ти „во оваа наша демократска држава“ секој ќе создава каква што сака музика, и секој ќе слуша каква што сака музика.
    Јас неможам да кажам дека Слаткаристика твори лоши песни - го немам тоа право. Можеби неговиот стил мене не ми се допаѓа. - Што е точно. Можеби јас неможам да ги сфатам толку хаотичните тонови. - Што е точно. Но постои некој трет што ужива во неговите стихови. Неговиот вокабулар му се допаѓа, и музиката му прилега.
    За вкусови никогаш не се разговара.

    п.с. сограѓанке... намали со хејтерските коментари, не ти одговара :)
     
    На WomanInRed и Марија им се допаѓа ова.
  3. Coelho

    Coelho Староседелец

    Зачленет на:
    2 април 2012
    Мислења:
    286
    Допаѓања:
    493
    Го паметам денот кога го делев твоето мислење. Се чувствував како една многу мудра и уникатна индивидуа бидејќи ја критикував секоја песна на Слаткар, Тони Зен, итн., па ете и им се обраќав со тие "смешни" имењаци. Стаклар, Тони Фен.

    Секој кој ќе се осмелеше да ги спомне го гонев со факел во едната рака и гребло во другата, а од устата ми излетуваа музички предлози и мои мислења за каква музика е исправна и добра. Ми фалеше само престол и долга бела брада.

    Но, се случи што се случи, сум тој кој сум сега, пораснав, па сфатив дека навистина солење памет и наметнување на свои идеи и мислења на другите не работи, особено не кога е кажано како да си на некое повисоко ниво, па сега ги сожалуваш обичните. Претпоставувам дека си свесна дека сите имаат свое мислење. Можеби некогаш ќе успееш да го промениш, но не на ваков начин и не кај тие кои не сакаат да го променат своето мислење.

    Ги демнев оние кои се обожаватели на прости комедии бидејќи, според мене, тие филмови беа неоргинални и не доволно длабоки. Имав коментар за сите, за се. За начин на облекување, изразување, пушење цигари, пиење алкохол, музика, филмови, книги, зрелост, избор на забава, правопис на интернет, Фејсбук слики и статуси. И многу грешев што едноставно не им дозволував на другите да го прават тоа што сакаат, да го слушаат и гледаат тоа што сакаат и на доволно приметлив начин постојано ги буцкав со коментари.

    Ми снема луѓе за критикување, па тргнав по моите родители. И после што? Сам себеси ќе се изедам? Мислам, им го коментирав на сите изборот на музика, а едни од најомилените изведувачи ми се Ники Минаж и Ријана кои, колку и да ги сакам, можам да признаам дека се малку креативни и имаат прилично лош глас и Лејди Гага, која иако има глас и е прилично талентирана, е малку преекцентрична за многу луѓе.

    Помина одредено време, да се повторам, сум тој кој сум, пораснав и престанав со критиките.

    Понекогаш гледам прости комедии бидејќи го одмарам мозокот и се смеам. И ќе лажам ако кажам дека никогаш ја немам запеано "Олабави ме" или пак некоја шабанарска песна. Правам многу работи кои ги критикував, почнав да гледам како да си го живеам својот живот.

    И наместо да седам во ќош и да смислувам која група на луѓе утре да ги издисам на forum.crnobelo.com, јас ќе станам и ќе запеам со нив. Нека биде Слаткар, нека биде Аца Лукас, нека биде Gangnam Style, нека биде I'm Sexy and I Know it, нека биде Dim Da Me Niama.

    На почетокот, кога instagram стана актуелен, бев многу против. На сите им коментирав. Сега секоја втора слика ми е на instagram. Не дека е креативно или дека сум некој абстрактен уметнички фотограф поради тоа, но интересно ми е.

    Те паметам тебе, од темата за екскурзијата во Италија. И повторно го правиш истото, набљудуваш што прават другите и додека тие се забавуваат - ти седиш и формулираш реченици за наредната diss-сесија.

    Поздрав.
     
    На Alley3112, Deviously Devilish, Succubus и уште 5 други им се допаѓа ова.
  4. Deviously Devilish

    Deviously Devilish Активен Член

    Зачленет на:
    28 август 2012
    Мислења:
    104
    Допаѓања:
    72

    Нека создаваат музика, ако јас така можам да ја наречам, и нели бидејќи сме демократка држава (не многу али за некој процент) ете и јас можам слободно да си споделам што ми се допаѓа, а што не и да си исхејтам фино поштено. Ќе си ги оставев да творат на мира, немаше збор да речам ама што повеќе ќути добриот, толку повеќе замав зема будалиот. Дур не му се покажат заби некому ќе почне од прстот па раката па...отидовме.
    Rebelion сум, мисфит, нешто такво, едноставно пребрзо знам да си се накурчам и не преќутувам многу многу, но да ти пее некој спушти се доле и да ти го руга цел женски род и незнам што уште таму а ти да гледаш како тој (скоро) цел женски род умира по авророт што ги прави лом....неубо ! Имат многу добар рап ја мисла, и немојв просто да се воздржа а да не напиша нешто од овај фазон.
     
  5. 990Freak

    990Freak Староседелец

    Зачленет на:
    12 март 2012
    Мислења:
    1,274
    Допаѓања:
    1,911
    Ако ти сметав комерцијални бендови, не ги слушај. Игнорирај ги.
    Тија што ги наброја погоре ако су како што викаш - сељаци.. онда што су Ријана, Кети Пери на руке, пи диди, тј едн како се викаше... драка :D Треба да се разбере дека музика е бизнис. Пара врти где бургија нече. :)
    Господин Адолф Хитлер, у некој од свои говори кажаја: Ако сакаш да гу придобиеш рају, треба да ву га претставиш оној најпросто, најмизерно.
     
    На parvati и Deviously Devilish им се допаѓа ова.
  6. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    Како прво, секој има различен вкус. Ако зa некој музиката на Слаткаристика е проста и сељачка, за друг можеби е генијална. Бидејќи станува збор за вкус, може само да го хејтаме она што не ни се свиѓа. Секој има различни критериуми.

    Како второ, поп музиката (зошто Слаткар и сличните на него, всушност прават поп, а не рап) е наменета да биде едноставна и мелодична со лесни текстови. Друга работа е што тој кој прави поп музика мисли дека прави рап и се смета за MC.

    Како трето, нивниот "рап" е вулгарен зошто слушаат и се огледуваат на "рапери" како Lil Wayne, Drake и слични амерички кловнови на церемонија.

    Како четврто, има квалитетни рапери и групи, не е ни потребно да ги набројувам.

    Како петто, не може секој да биде (нај)добар. Има многу повеќе рапери што се underground или не можат да се пробијат, што се многу полоши и од Слаткар и Тони Зен.
     
    На Oleri, WomanInRed и Deviously Devilish им се допаѓа ова.
  7. cakar_ulav

    cakar_ulav Староседелец

    Зачленет на:
    20 февруари 2012
    Мислења:
    1,566
    Допаѓања:
    1,926
    дис требало во слогови да го направиш како текст пишан
    мислам ме свакаш
    иначе не е лошо има рими има интересни ствари
    а за вкусови едно друго
    многу луѓе на знаат шо е уствари рап :)
    и се занесуат по некој си рапери со перат пари преку музиката :)
     
    На Lena, МериСелест и Deviously Devilish им се допаѓа ова.
  8. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    Deviously Devilish
    И сеа да претпоставам мислиш дека со ова твојата цел е постигната, сега луѓето имаат поголема самосвест. Yeah right...ако се лажеме, да.

    Ако нешто не ти се допаѓа, не го слушај, не го гледај и готово. Ако мислиш дека вака ќе престанат да слушаат нивните фанови...меех, се лажеш и тоа на големо. Не можеш на некого да му кажуваш што да слуша, а што не. Кој што сака ќе си слуша. Ако сакаш да хејташ, хејтај (затоа што е демократија?!?!?) но поради истата причина и тие имаат свое право да изберат што ќе слушаат.
     
    На Lena, Electra и Deviously Devilish им се допаѓа ова.
  9. The_Mayor

    The_Mayor Фраер од пелени

    Зачленет на:
    18 март 2012
    Мислења:
    2,838
    Допаѓања:
    6,527
    Драга моја, кој ги слушат Слаткарите и Тони Зен? Јас мислам дека тоа е музика за 2ро оделенците... друг не се замара со таков смер на музика.
    Држ нешто да те релаксира и да ти ги опушти мислите, за наредната колумна биде со поопуштен и попозитивен стил.
     
    На Deviously Devilish и Dr.Gonzo им се допаѓа ова.
  10. Succubus

    Succubus Истакнат Член

    Зачленет на:
    28 февруари 2012
    Мислења:
    562
    Допаѓања:
    835
    Истото можам да го кажам како и некои други. Нема потреба да се зборе за вкусови. Затоа што и газда на диско дома слуша David Bowie, a во диското ече Цеца и остало. Едноставно, не е фер кога се вреѓа за вкусови, затоа што судиш и не даваш право на избор. Тоа што јас слушам пример Bjork (според мене е квалитетно тоа) не ме праве подобра личност од некој што го слуша и Слаткар да речеме. :)
    Слободно си хејтај колку што сакаш, ама нели и ова е еден вид наметнување на мислење?
    Затоа ако сакаш да го слушаш Bob Marley, затоа што е чилка човекот, слободно си пушти и уживај.
     
    На Coelho му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: