Култура

mutant

Нов член
16 септември 2012
3
0
1
Ајдее некој што го бива во социологијата како наука за општеството нека го објасни поимот Култура. Или до предметот е или до професорката не знам но ич не ми се свиѓа. За прв пат се среќавам и мислев дека ке имам многу желба да го учам али ништо.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Социологија на култура - супер предмет.
Ќе нафрлам одредени работи поврзано со култура, бидејќи тешко е да се даде една единствена дефиниција.

Најчесто под поимот култура се подразбира збир на традиционалните верувања и ставови кои му даваат карактеристика и го прават посебен еден народ т.е. една ораганизирана заедница (општество). Културата, исто така ги опфаќа и начинот на живеење, мислење и однесување кои се пренесуваат од генерација на генерација.

Секоја одредена група на луѓе или заедница има одредена култура зошто културата е целото општествено наследство на човековиот вид т.е. таа опфаќа се од храната до облеката, од куќната до индустриската техника, од обликот на љубезност до мас медијата, од ритамот на работење до учење на семејните правила.

Во текот на 19иот и почетокот на 20иот век, Рејмонд Вилијамс го употребува зборот "култура" за да ја објасни општата состојба на општеството или "навиката на духот и умот" и така, овој збор станал близок со поимот човеково совршенство. Покрај општата состојба на интелектуалниот развој на општеството како целина, подоцна во текот на векот, зборот го попримил значењето на севкупниот начин на живеење, материјалниот, интелектуалниот и духовниот.

Томас С. Елиот имал антрополошко сфаќање за културата како начин на живот, бидејќи под поимот култура подразбира пред се она што и во антропологијата: животна формна на одреден народ во одреден животен простор.

Значи, под поимот култура се подразбира се се подразбира под поимот антропологија: начин на живеење на одреден народ кој живее на едно место. Така, културата може да се види во неговиот општествен систем, во неговите обичаи и навики, во неговата религија. Но сето тоа се едноставно делови на кои може една култура да се разчлени. Токму како што еден човек е збир од повеќе различни делови од тело, така и културата е збир од својата уметност, обичаи и религиски верувања. Сето тоа делува едно на друго и за потполно да се сфати едното, мора да се сфата сите.

Секако, постоји висока и ниска култура, а најмногу може да се распознаваат по дефиницијата на функцијата, па може да се збори за нисоко и ниско културно ниво на општеството и, конечно, може да се збори и за поединци како исклучително културни. Културата на уметникот или културата на филозофот се разликуваат исто како културата на рударот или земјоделецот; културата на поетот на некој начин се разликува од културата на политичарот; но во здраво општество сите се дел од културата; и уметникот и поетот, и филозофот, политичарот и рударот, имаат заедничка култура која нема да се коинцидира со културата на луѓето од истото занимање во другите држави.

Културата не само што се пренесува, таа и се создава. (толку за ова, не ми текнува)

За да се сфати одредена култура значи да се запознае начинот на живеење на народот, групата или поединецот. Тогаш културата ни се покажува во полно светло. Најголема корист од патувањето во непозната земја, најголема корист од запознавањето на туѓа култура, се гледа во тоа што својата култура почнуваме да ја гледам во ново светло. Се додека не ги запознаеме различните начини на живеење на други култури, нема да можеме во потполност да ја сфатиме и својата култура, да ја согледаме нејзината специфична структура и обележјата со кои се разликува од начинот на живот спрема другите обрасци на однесување, мислење и делување.

Постои елитистички и тотален поим на култура.
1. Обичниот човек културата ја сфаќа тесно, елитистички; по оваа концепција културата е пристапна само на малкубројна, посебно образувана елита; останатиот дел од граѓанството е од неа сосема исклучен и претставува маса која треба да се воспитува и образува.
2. Поимот тотална култура, во неговите носители не ја вклучува само посебната елита туку сите припадници на одредена група и нивниот начин на живот - верувањата, однесувањето, дејствувањето, производството со чија помош луѓето си осигуруваат опстанок, интегритет и репродукција во рамка на општеството.

Културата на работата ги опфаќа односот спрема работата, сфаќањето на етиката на работата, процената на работата. Поединец на работното место неминовно внесува дел од својата култура. Познавањето на неговата култура може да ни помогне да го сфатиме неговото однесување во работата. Со обзир дека помеѓу општествата и групите постојат разлики, може да се очекува дека и помеѓу припадниците на истата група има индивидуални разлики. Истовремено, можеме да очекуваме дека во однесувањето во внатрешноста на одредената култура ќе наидеме и на сличности и на контрасти - ако ги споредиме со друга култура. Културата на интерперсоналните односи укажува на начин на комуцирање меѓу поединците. Постојат, значи важни разлики во однесувањето на луѓето. Некаде се смета дека е сосема природно и пожелно да се збори отворено, некаде не. Некои култури промовираат дебати на мислење, други не.

Политичка култура ги опфаќа односот на граѓаните према политиката, подготвеноста да се учествува во политичкиот живот, лојалноста према државната власт, познавањето и признавањето на државните институции, начинот на застапување на посебни интереси, начинот на гледање на односот на поединец и општеството.
Правна култура се однесува на подготвеноста на граѓаните да дејствуваат во склоп со законите и во случај на конфликт да ги прифатат судовите како пример и институциите кои ги донесуваат конечните одлуки.

Вообичаено под широко значење на поимот култура, се подразбираат севкупните материјални и духовни вредности кои луѓето ги создале и ги создаваат со причина да го осмислат овој живот.

Можам уште да дрндам, ама ме мрзи.
Но има работи поврзани со културата од секојдневието, и најважно од се, што се подкултура и контракултура. Ама се гледаме во наредната епизода. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Sebastian and Slims

Sebastian

Активен Член
17 февруари 2012
174
110
43
Јас учев една поинаква социологија ама гледам дека главното секаде се врти во круг.Итересно во секој случај....