Криптовалути

Сокол

Нов член
12 март 2021
2
2
1
39
Здраво,

Би сакал да споделам еден линк од една потенцијална крипто валута PI (π), која е во фаза на зародиш.

На следниот линк за самиот пи нетворк https://minepi.com/

Валутата се рудари преку апликација која се инсталира на телефон, рударењето е преку консензуален алгориттам наречен Federated Byzantine Agreement (FBA), базиран на Stellar протоколот.

Валутата има White Paper во кој е опишан теркот (фазите) до конечна емисија на валутата на берза.

За да се регистрирате после инсталација на апликацијата ќе ви треба и код за покана (invitation cod).

Може да го ставите мојот код: kiko7777777 (кико плус седум седмици) или на некој ваш познаник.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Не би било лошо да објасниш што се тоа криптовалути, како функционираат, како добиваат на вредност и сето тоа.
Ете јас не знам скоро ништо, а верувам и многу други членови и членки на форумов :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: -alf-

Сокол

Нов член
12 март 2021
2
2
1
39
Не би било лошо да објасниш што се тоа криптовалути, како функционираат, како добиваат на вредност и сето тоа.
Ете јас не знам скоро ништо, а верувам и многу други членови и членки на форумов :)
Темата е опширна и е една цела наука.

Генерално крипто-валута е дигитална пара која е децентрализирана (не се издава од централна власт т.е. од народна банка,). Може да се поседува на неколку начини и тоа, купување/тргување на берза или рударење (копање) за кое е потребно скап хардвер.

Моментално на берза постојат над 7800 крипто валути, од кој биткоинот се смета за врв (еквивалентно на злато и го нарекуваат дигитално злато), по вредност е 59000 долари од биткоин, потоа следи етериумот, па бинанс коин, тетер, кардано итн повеќе инфо на https://coinmarketcap.com/

Крипто валутата моментално е актуелна затоа што го заобиколува традиционалното финансиско работење, средствата се пренесуваат директно од корисник на корисник без посредување и притоа се избегнуваат сите трошоци при трансакции.

Самото гуглање на темата ти дава онлајн извори, ако добро владееш со англиски ќе најдеш многу литература на оваа тема.

Домашните веб портали исто имаат пишувано на оваа тема
пр. https://biznisinfo.mk/shto-e-kripto-valuta/
нешто од википедија https://mk.wikipedia.org/wiki/Криптовалута
нешто од тв емисии
домашен веб сајт https://kriptokultura.mk/

Иначе, јас она што го постирав се работи за нова сеуште не тргувана т.е. не излезена на берза криптовалута, чија што вредност кога би излегла на берза би била далеку под 1 долар но со тек на време би растела. Тек на време моѓе да биде од 1 год до 10 и нагоре.

Со инсталирање на апликацијата може да се стекнеш со виртуелни криптовалути, што бара само еднаш на ден да се логираш и да рудариш. Самата апликација те води низ начинот на употреба, фази на развој, моментален број на корисници во мрежата, итн.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra and Outrider