Кревање рака врз партнерот

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,231
17,758
1,673
На сигурно
Проблемот е во тоа што некои го сакаат тоа.
Сакаат да бидат тепани.
Мојата најдобра другарка пред некое време се појави кај мене пред врата целата во солзи таква потечена и црвена во лицето.
Ме шокира.
Озбилно се шокирав.
Ми вика:
Види што ми направи кретенот и ми го покажува увото.
Плаво,црвено,љиљаково секакво.
Викам па што правеше ти?
Вика:Му стоев и уште му викала ај да те видам можеш ли повеќе да ме удриш?
И овој кретенов ја мавал како да е боксерска вреќа.
А и она го провоцирала да бидеме искрени.
Не го оправдувам ама и неа не ја оправдувам.
Земи си ги стварите и излези човече,
а не ај да те видам дали можеш посилно да ме удриш.
Тоа немора да значи дека уживала.
Можеби сакала да види до каде може да оди работата.Дали се работело на импулсивна реакција или човекот е скрос вон контрола.
Удирањето освен како насилство е и огромно понижување на самата личност.
Во таков случај тепаната страна најверојатно така реагира од причина што е доведена до најнискиот стадиум,па овозможувајки му и понатаму да биде удирана сака да му покаже на насилникот до кој низок стадиум и тој достигнал.Односно дека не се работти за импулсивна реакција.За да отпосле за истиот не постои ниту оправдување а камоли да му се прости.
Но сепак доколку некој навистина ужива врз него да се извршува физички напад,во тој случај незнам кој од двајцата има поголем психички проблем.
Удирачот или удираниот.
Со тек на созревањето и животот,сметам дека не постои апсолутно психичко прибран човек.
Ама од бетер има и побетер.:biggrin
 

Mameha

Староседелец
9 јуни 2013
365
819
1,103
Вселената
НЕ можам тоа да го сватам...и со тепање ќе се реши нешто- НЕ, не се решавам.
И тој идиот шо крева рака на женско, без разлика дали му е женеснка, некој и мајките си ги тепаат....тој не е ЧОВЕК, животните по морално од него постапуваат. А и не ми е јасно како некои девојки продолжуваат да одам со дечкото кога знаат дека тој е насилен, и крева рака на нив...
 

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,441
2,541
1,133
Не можам да сфатам што би постигнал тој паметњакович ако си ја удри сопругата,девојката и сл.Стварно не можам да сфатам.
Демек така се стекнува почит кон него?Ако некој се плаши од тебе незначи дека те почитува.Ама ајде де..
И втора работа што не можам да ја сфатам е: зошто ударената/истепаната персона останува да живее со таков малоумен човек.
Ама секој си го живее животот на свој начин.Некој одбира да живее живот пропратен со шлаканици,модринки и солзи.А некој (паметен според мене) ќе одбере живот пропратен со насмевки и убави моменти.
 

Ballet is my life

Истакнат Член
9 јуни 2018
298
104
153
Не оправдувам. Ништо нема да се реши со тепање. Тој што крева рака на жена не е маж. Нека се обиде да крене рака на мене, ќе види шо ќе му се случи
 

Just Smile

Нов член
20 јануари 2019
24
22
3
Е што ќе се случи ако удриш? Освен тоа што ќе ја боли, нема ни да има доверба веќе, ќе има омраза, страв, нема да биде исто. Ќе отиде се на полошо, нема да се реши проблемот магично или што и да е. Нема да слуша и да оди по твое ако удриш, ни куче нема да слуша ако го натепаш. Заклучок, ништо добро нема да се постигде, само полошо.
 
  • Like
Реакции: antonio

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,499
14,411
1,683
во светот на бајките
Никогаш ама баш никогаш не би оправдала или простила насилство. До сега фала Богу не ми се случило мојот партнер да крене рака врз мене иако два/три пати сме биле во жустри ситуации.Во тие моменти ја согледав и таа страна од неговото однесување што беше и една од пресудните работи да останам со него.
Тешко е да градиш врска и однос а најлесно е да ја срушиш само со еден потег.
На сите оние што креваат рака на женско им посакувам една ќерка да си осетат на своја кожа колку би било болно да бидат малтретирани од мажи како нив.
 
  • Like
Реакции: Ballet is my life