Ако, нека ми крене рака, јас ќе му кренам стол, па ќе се дружиме после по полиции и болници. Не знам кој е тој страв што упорно ги тера да се држат до насилен партнер. Ама еднаш било, ама заслужила демек, ама он ја сака, само нервозен бил...абе ај?! Мене дома, луѓето кои ме израснале, од кои зависам и под чиј кров седам, не ме тепале откако сум научила сама газот да си го бришам, па ќе ме тепа некој мајчин, да лечи фрустрации на мене? Физички...физички ќе мине, а душевниот шамар што го задава? Ако дошло време да се тресам од некој што наводно би требало да ме брани од такви ко него, поарно ќе седам со мачки дома. Ама има и мајчини од женскиве. Си го удара таа за некои свои шкљ хирови, а овој и’ стои ко елка пред китење. Па и тоа не е убаво, никому не му доликува таква кромањонска фрустрираност и недозреаност.
Kлоцата и у јајца директива. Не ти треба кунг фу,само ти треба убао да го закачиш,па нека пати после шутракот.
Па секако дека е појако,но не навлегов во тоа туку во правата поента. И јас се запрашував зошто дозволила такво нешто.Веројатно за грешката што ја направила се осетила безвредно (или што те знам),па дозволила други да ја гледаат како некој дебил ја удира. Колкава и да е таа љубов не вреди толкава жртва да се прави.Секогаш од јака има појака љубов.
Па тука е најголемата грешка, зошто воопшто би била со некој со кој би се чувствувала безвредно? Сите грешки правиме, каков е тој начин ако некој згреши па после да се казни со тепање? Не ми е јасно. Проблемот е во немање карактер и свое јас. Едноставно некои се психички послаби. Има љубов и има опсесија.
Простотилак а воедно и болест...Вистинскиот маж не би удрил жена...Личност со здрав разум не би го сторил тоа,многу е лесно да кренеш рака и да покажеш колку си психички сиромашен и болен....Јас не го одобрувам тоа и мислам ддека ниту една жена не смее да го дозволина тоа.Можеби некој би рекол имало причина!,на пример го изневерила,па што?наместо да ја удри може да и даде развод ....незнам тоа го можат лица кои не се во ред поточно болни и прости
Проблемот е во тоа што некои го сакаат тоа. Сакаат да бидат тепани. Мојата најдобра другарка пред некое време се појави кај мене пред врата целата во солзи таква потечена и црвена во лицето. Ме шокира. Озбилно се шокирав. Ми вика: Види што ми направи кретенот и ми го покажува увото. Плаво,црвено,љиљаково секакво. Викам па што правеше ти? Вика:Му стоев и уште му викала ај да те видам можеш ли повеќе да ме удриш? И овој кретенов ја мавал како да е боксерска вреќа. А и она го провоцирала да бидеме искрени. Не го оправдувам ама и неа не ја оправдувам. Земи си ги стварите и излези човече, а не ај да те видам дали можеш посилно да ме удриш.
неможам и неможам да ги сватам со тепање ништо не решиле-само нови проблеми отвориле кои ги засегаат сите,родители па и деца ако се во брак се згрозувам од самата појава но имам една таква другарка која е пред нас и вреѓана на секој можен начин а кога не е со нас и тепана тоа беше долга врска за која нонстоп зборував,повеќе ќотек имаше одколку љубов за среќа сега раскинаа-но таа сеуште го сака епааааа глупа е-немам тука коментар и пак да биде со неа пак ќе ја тепа едноставно кај тие луѓе тоа не се искоренува може да се намали во честота но сепак ќе постои а една изрека вели штом еднаш те удари ќе те тепа секогаш досега ме немаат ниту опцуено а камоли па да кренат рака на мене-се надевам дека така и ќе остане
Ептен глупава работа. За мене не е маж оној кој крева рака на жена. Едноставно жената не е родена за некој да се изживува на неа. И обратно не го бива жена да мава на маж иако кај нас овој случај веќе зема голем замав. Се на се никој нема право да суди со рака кон партнерот, вистинскиот човек дава љубов а не ќотек.
Мислам дека нема ништо пониско, попримитивно, победно и помизерно од решавање на проблемите и несогласувањата со физичка пресметка и насилство, особено со човекот кој си го сакал и го сакаш.... Не можам ни да замислам низ што поминуваат оние кои го трпат тоа....не можам да го замислам стравот што го имаат, мислите кои им поминуваат низ глава...толку ли се исплашени и не можат да се соочат со проблемот? Трпат со месеци, со години некои и цел живот.... Некои од нив не знаат за подобро, некои немаат каде да избегаат... Но едно не ми е јасно и тоа никогаш не сум можела и не можам да го разберам...Дечко ми да ме тепа и јас уште да сум со него????? Па луѓе ви фали нешто во главата??? Што очекувате од таков насилник во иднина? Тој ќе ве чува понатаму во бракот??? Ме тепа ама ме сака??? Не, не можам да ги сфатам...