Кревање рака врз партнерот

ZmajChe

Истакнат Член
21 март 2012
937
2,068
93
Значи не сакам некој ни да ми вика, тогаш подобро нека ме заборави дека постојам, па камо ли да крени рака. Брат ми ќе биди првиот што ќе го казни.
А и не го правам тоа, се решавам на мирен начин :) Ако не.. чао пријатно :)
 

ScoobyDoo

Староседелец
17 февруари 2012
386
677
1,103
ни кон партнерот ни кон никого од понежниот пол :)
 
  • Like
Реакции: JaMi

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,279
2,353
113
Софија
Никогаш не би кренал рака на партнерот. Па нека биде што сака, било колку многу сум изнервиран, нема да удрам девојка. И да ме удри таа мене, јас нема да и вратам. Се се решава со разговор.
 
  • Like
Реакции: Aaliyah and Gemini

ecka

Староседелец
15 јули 2012
7
5
1,003
Кој се тепа тој се сака :mstickle
Никогаш нема да дозволам да крене рака на мене!!!
Имам една другарка која редовно си е тепана од дечкото. И кога и да ја видам има по некоја модрица на неа.
Устава пена ми фати од зборење ама џабе она си го сака :eek
iskreno i jas sum zrtva na semejno nasilstvo ama moram da trpam bidejki sega i treba da se porodam i bev pod zakana deka mora da se zememe mojot soprug bese prijavuvan i vo policija poveke pati no tie ne prevzemaat nisto toj pak po svoe si tera neznam do koga ke izdrzam vaka dodeka ne mi pukne filmot pa da se ubijam i da ne trpam nisto znam deka ke kazete deka sum glupava sto trpam ama moram nemam izbor :(
 

Aaliyah

Староседелец
13 февруари 2012
887
1,090
1,093
Скопје
iskreno i jas sum zrtva na semejno nasilstvo ama moram da trpam bidejki sega i treba da se porodam i bev pod zakana deka mora da se zememe mojot soprug bese prijavuvan i vo policija poveke pati no tie ne prevzemaat nisto toj pak po svoe si tera neznam do koga ke izdrzam vaka dodeka ne mi pukne filmot pa da se ubijam i da ne trpam nisto znam deka ke kazete deka sum glupava sto trpam ama moram nemam izbor :(
За жал така ве малтретираат затоа што самите сте го дозволиле тоа :|
Се ќе си дојде на свое,само треба трпение :)
 

mila mila

Истакнат Член
31 март 2012
192
154
343
iskreno i jas sum zrtva na semejno nasilstvo ama moram da trpam bidejki sega i treba da se porodam i bev pod zakana deka mora da se zememe mojot soprug bese prijavuvan i vo policija poveke pati no tie ne prevzemaat nisto toj pak po svoe si tera neznam do koga ke izdrzam vaka dodeka ne mi pukne filmot pa da se ubijam i da ne trpam nisto znam deka ke kazete deka sum glupava sto trpam ama moram nemam izbor :(
А зошто не го оставиш туку ти доаѓа помисла да се убиеш?
Верувај дека твојот живот е многу поважен и животот на тоа бебенце што го носиш во твојата утроба од бракот со некој ненормален човек без почит.Извини тоа го пишувам за твојот сопруг но секој маж што нема почит према својата жена јас со презир зборам за него.
 

mila mila

Истакнат Член
31 март 2012
192
154
343
Насилство врз жената постоело и секогаш ќе постои на нашето поднебје.А зошто?
Се додека жената се однесува со потчинување према мажот и да постои тоа "мажот е главата на куќата" секогаш ќе постои и тоа потчинување врз жената.
Жените не сваќаат дека они се баш столбот на куќата,а мажите се само потпората за пари.Но на денешницата и жените работат така да и во тоа баш добро се снаоѓаат.
A жени кои дозволуваат да бидат малтретирани од мажот демек " комшиите да не зборат зошто она се разведува или нешто слично" навистина неможам да ги сватам зошто го трпат сето тоа кога тие комшии веќе зборат и зборат секој ден кога ќе слушнат како вие пискате или викате по куќата,а уште полошо па и полиција кога би викале.
Никоја жена не го заслужува тоа.Па и грешната.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,353
3,846
1,153
Абе не постои насилство само од страна на мажот врз жената, постои и обратно. Постои и врз децата.
Јас сум ПРОТИВ секакво насилство врз човечките битија. И против секакво исфрлање на фрустрација и врз животните.
Никој не е должен да трпи некој да го повредува.

Конкретно кон жена никогаш не сум бил насилен.
Можеби некогаш сум бил нервозен до таа мера што сум викал многу многу силно, но никогаш не сум дозволил да има потреба да удрам.
Цивилизиран народ се разбира со зборови, а не со удари.
Проблемот ќе остане присутен и по ударите.
А доколку седнам и разговарам, можеби ќе се реши проблемот :)

П.С. дај боже да се изгласа некогаш во иднина смртна казна за насилниците