Семејно насилство

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
против - нормално ... само во случаевите каде што мажот ја малтретира физички жената, е тука жената е крива - значи ке попие шамар - два , некој бокс - клоца ... ок е тоа ,ама проблемот е што таа ке преќути и нормално после пак ке и се деси... се што треба да направи е само да стане на нозе, да иде да ја земе безбол палката и да му се испука убаво на тој фраер , се додека не му го видите черепот ...:banghead е после тоа лесно е, викаш полиција, го пријавуваш за насилник, а тоа што он лежи во безсознание на патосот , го пријавуваш како самоодбрана ... пробајте (happy)
(тие што немаат срце за такво нешто, нека се јават само кај нивниот брат- ако го немаат, некој најблизок пријател и уживајте во шоуто)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BlackTulip and Lena

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Тепач може да биде само исфрустриран човек, со симптоми на сељак.
Нормалните луѓе, користат меѓусебно општење за решавање на проблемите.

А, такви фанови на Чак Норис што живеат во заблуди и свет креиран од нивното мачоменство кое е прифатено исклучиво во нивните кругови пред кооперација и во некоја биртија помеѓу цицињата на певалката и реата од десетка со кромид, за жал постојат.
Среќа што постојат и паметни моми кои ги игнорираат.

Мене само ми се трагикомични оние девојки кои се уверени дека некој пропратен шамар е само дел од нивната взаемна љубов и дека тоа што ќе ја брука во секоја можна ситуација, ќе ја повредува е најсилниот знак на искажување на страст.
Да не знаеш кого да го упуцаш попрво просто.
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Жител на селото Дебреште, прилепско, ја претепал сопругата со тупаници и клоци информираат од МВР.

Немилиот настан се случил вчера околу 17:30 часот во дворот на семејната куќа во селото.

- Н.И.(27) во дворот во еден момент почнал да ја удира сопругата Е.И. со тупаници по главата и по телото. Жената паднала на земја, а Н.И продолжил да ја тепа со клоци, по што таа се здобила со телесни повреди. Била повикана итна помош - велат од МВР.

Од полицијата инфромираат дека по целосното расветлување на случајот против Н.И ќе поднесат пријава за семејно насилство.

извор
 

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Нај проста, долна, и малоумна работа на светот е да тепање, насилство..
посебно тепање девојка....

за мене тие веќе не се луѓе, тоа се дегени...кој и не вредат да ги пишувам повеќе...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: $3Я3|\||)&p&†Y

Praetorian

Староседелец
24 февруари 2012
326
396
1,063
Дефинитивно, дивјачки, никогаш не би кренал рака над мојата партнерка, ниту би ја повредил намерно на било каков начин. Најпрво, секогаш партнерите, дечкото и девојката,м сопружниците, си ветуваат љубов, поддршка, разбирање во врската и бракот.
Сметам дека од машка страна физичкиот удар над партнерката би бил премногу неразумен потег. Сето тоа, исфрлање на бесот, удирање, нанесување телесни повреди намерно, или под алкохолизирана состојба е знак на слабост на мажот, негова исфрустрираност од животот или потиснување на некои свои емоции од младоста.
Повеќе нема разлика дали партнерите живеат во градска или рурална околина. Ударите, навредите, сите тие физички и психички малтретирања се одраз на сељачкиот карактер на мажот, покажување на машкоста на многу погрешен начин, мислејќи дека со тоа ќе ја зголеми љубовта и приврзаноста на партнерката.
Пак ќе повторам, во никој случај не е тоа дел од мојот карактер, го сметам тоа за низок степен на развиток на свест кај тој што го чини и секако, само навремено пријавување кај надлежните институции, ќе придонесе за значително намалување на оваа одвратна појава, што секако, не е присутна само од мажот кон жената, туку неретко има случаи каде и сопрузите се малтретирани психички а некогаш и физички од своите сопруги.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and ShakaZulu

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Нормално дека сум против како и сите. Најдемолизирачки и најбедно нешто е да се крене рака на партнер. Има такви случаеви кога жената најчесто се плаши да пријави на надлежни органи, тоа е мислам дека со самото насилство физичко и психичко, и навлага во психата на жената и почнува да верува дека го заслужува тоа (што е најлошо). Успева да ја деградира како личност. Меѓутоа има трпат и поради страв од осудување, или што е најчест случај се вадат со децата. Тоа е најлошо нешто што родител може да му го направи на своето дете. Да остане во брак(каде што детето е сведок на насилство) и да притоа вика дека се обидува да го зашува семејството само заради децата. Па на што ги учат тие родители тие деца? Како и они да бидат насилници или како да трпат? Да ги осакатат за цел живот и да мислат дека е тоа нормално?Е ова навистина не можам да го сфатам. Или некои жени што мислат дека така треба во врска или брак дека тоа е чин на љубов. Многу мразам такви "мажи" да ги наречам, што својата бедна машкост и егзистенција, ја искажуваат преку тепање. И се чувствуваат возвишено при тоа, ко да киј знае што направиле.
Таквите би ги кастрирала да можам. :zelen