Креатори на јавно мислење — дали нивната веродостојност е клучен фактор за развојот на општеството?

massimaux

Истакнат Член
4 јануари 2016
73
85
328
Креатори на јавно мислење — дали нивната веродостојност е клучен фактор за развојот на општеството?

Општо познато е дека во било кое општество, еден обичен граѓанин нема независност во формирањето на својата перцепција за општествените процеси и состојби, иако граѓаните имаат илузија дека самите се автори на своите политички мислења. Всушност, многу мал процент од граѓанството има пристап до изворни релевантни информации и е способно да размислува непристрасно и независно. Огромното мнозинство го оформува своето мислење под силно влијание на преџваканите информации сервирани од креаторите на јавното мислење (анг. opinion leadership, opinion makers).

Креатори на јавното мислење се јавни личности и организации чии толкувања на реалноста се дистрибуираат до граѓанството континуирано и масовно преку медиуми. Тука спаѓаат телевизии, радија, весници, интернет портали, социјални мрежи, новинари, јавни личности, едукатори, интелектуалци, експерти, газди на медиуми, политичари, активисти и др. Јавноста е секојдневно изложена на влијанието на ставовите што креаторите ги наметнуваат за политички настани, општествени состојби, комерцијални цели, итн. Оттука произлегува нивната огромна моќ за насочување на општествениот развој.

Независно од тоа на која професија ѝ припаѓа, секој креатор на јавно мислење има одредена веродостојност (анг. trustworthiness — објективна мерка колку може да му се верува) која зависи од три параметри:
  • Компетентност— степен на знаење, способности и вештини за извршување на одредена професија.
  • Интегритет — степен на запазување на универзални етички принципи (вклучува фер однос, правда, конзистентност, исполнување на ветувања).
  • Добронамерност — степен на залагање да се направи добро на клиентот, т.е. на оној кому се испорачува одредена услуга (вклучува лојалност, транспарентност, грижа, поддршка).
Нека претпоставиме дека за било која професија, и за секој од горните три параметри, постои цел спектар од вредности кои може да ги имаат, односно, од нулти па се’ до максимални можни компетентност, интегритет и добронамерност. И нека претпоставиме дека за секој креатор на јавно мислење, од било која земја на светот, можеме да ги измериме овие три параметри и да ги нормализираме со максималните можни вредности. Тогаш, за секој креатор, би добиле конкретни бројки (кои се движат од 0 до 1) и би се викале релативна компетентност, релативен интегритет и релативна добронамерност.

Веродостојноста на даден креатор би се пресметала како производ од неговата релативна компетентност, релативниот интегритет и релативната добронамерност. Така, би се добила бројка помеѓу 0 и 1 (или од 0 до 100%).

Ако ги имаме овие бројки за сите можни креатори во дадено општество, тогаш можеме да ги одредиме т.н. дистрибуции на креатори на јавно мислење според веродостојност. Такви хипотетички криви се прикажани на графикот долу.

1*Rex3Ek_OB_3Vv7YBWdURWw.png

Може да се забележи дека графикот содржи 5 различни хипотетички дистрибуции што соодветствуваат на 5 категории на општества:
  • Многу сиромашни, многу заостанати општества. Во овие општества, луѓето се на работ на егзистенцијата, имаат многу низок степен на образованост и си негуваат тешки заблуди во своите мозоци.
  • Сиромашни, заостанати општества. Во овие општества, има изразени контрасти — голема сиромаштија, но има и прилично широк слој луѓе кои не се на егзистенцијалниот раб. Релативно низок степен на образованост и релативно многу заблуди.
  • Општества со средно ниво на сиромаштија и средно ниво на цивилизираност.
  • Несиромашни, пристојно освестени општества. Ова се општества чии економии обезбедуваат релативно добра егзистенција за поголемиот број граѓани, имаат добро образование и воопшто релативно високо цивилизациско ниво.
  • Богати, високо свесни општества. Нивните економии создаваат вишок вредности и солидни услови за живот на сите граѓани, имаат одлично образование и висока цивилизациска свест.
Како примери се земени случај на сиромашно, заостанато општество и случај на несиромашно, пристојно освестено општество. Претпоставено е дека во заостанатото општество 50% од креаторите на јавно мислење имаат веродостојност помала од 20%. Во незаостанатото општество ситуацијата е обратна, односно, 50% од креаторите на јавно мислење имаат веродостојност поголема од 80%.

Поимот веродостојност е суштински различен од поимот доверба (анг. trust). Довербата е субјективна мерка, а веродостојноста објективна. Ако имате целосна доверба во одреден креатор на јавно мислење (на пример — експерт кој редовно дава изјави на вашиот омилен ТВ канал), тоа не подразбира дека неговата веродостојност е 100%. Напротив, неговата веродостојност може да е 20%. Ако сте имале целосна доверба во него, тоа значи дека сте згрешиле кога сте му поверувале во 80% од случаите.

Што мислите, како влијае веродостојноста на креаторите на јавното мислење врз политичките, демократските, економските процеси, и воопшто, врз квалитетот на живот на граѓаните?

И, што мислите, која крива на графикот најмногу соодветствува на нашето чудесно општество?

P.S. За тоа како македонските креатори на јавно мислење ги пресликуваат релевантните факти во јавна перцепција, прочитајте овде.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
  • Сиромашни, заостанати општества. Во овие општества, има изразени контрасти — голема сиромаштија, но има и прилично широк слој луѓе кои не се на егзистенцијалниот раб. Релативно низок степен на образованост и релативно многу заблуди.
Хунзистан припаѓа некаде во оваа категорија, а ако се земат креаторите на јавно мислење хммм... не верувам дека такво дно има и во Руанда.

Не би сакал да ги навредам свињите со споредба со Јанко, дебела, екстремно ружна масна топка и партиски мегафон, крајно неинтелегентен и со дикција на војник кој се гуши од Фозген на Сома, тука е Латас кучка на секоја власт со интегритет неспоредливо помал од камењарка зад МТВ, Миленко уште една дебела забрадена мрсна топка, криминалец кој вршел превари со визи а сега има национална концесија (party).
Мирка Велинофска, психофизички апсолутното дно до кое може да допре една жена, внатрешната грдотија е еквивалент на надворешната, мора да се спомене малку подзаборавената амеба Слободан Томиќ кој го измисли поимот `пастир` со тоа што пратил писмо до пвемиевот полно со величење на кривоногата наказа, разни ТВ Сонце-Ниче Маќедон монголоиди, тотално ѓубре на сите страни.

И тоа ѓубре креира јавно мислење...
 
misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
611
103

Во моментов и ти креираше јавно мислење и сега, некој што размислува со туѓа глава, читајќи го само црно-бел форумот и некој член во него за кого има големо мислење дека е резервор на памет, ќе го прифати твоето мислење како веродостојно, без да прегледа, прочита, слушне и анализира самиот дали сето тоа што ти ќе го кажеш е така и никако поинаку.
Незнам која година било тоа, 1938 или друга, во Америка се давала една радиодрама која толку успешно била изведена, наводно инвазија од марсовци се случува во моментот на таа радиодрама што многу Американци панично почнале да бегаат.
Огромна е улогата на креаторите на јавните мнениа, огромна моќ која на жалост се употребува да се постигне одредена цел...како беше она, колку е најавата бесна толку душата на народот му е тесна..(нешто слично)не ми текнува во моментот.
 
Точно дека и @Outrider може да е креатор на мислење за некој/и друг/и. Но, во неговиот случај, стварно нема потреба од паника, чоекот докажал дека вистината точно ја перцепира и точно ја пренесува. Така што... :)
 
Има разлика помеѓу креатор на јавно мислење кој по дефиниција мора да има медиум кој е достапен до голем број граѓани и виртуелна платформа на која некој изразува свои ставови и мислења а тоа дека некој тотално незапознат, одвоен од реалноста лик ќе се приклучел на црнобело форум и ќе се шокирал од тоа шо го чита е малку веројатно сценарио.
Освен тоа сето кое го наведов се непобитни факти.

Untitled_jpgjanko.jpg

Или грешам, суратот во спојлерот не е ружна мрсна топка со бош дикција и не е партиски мегафон?
Би имала секс со ваков лик?!
 
За разлика од тебе јас сум добро воспитана и такви изјави за некој што не ми направил ништо и не го познавам лично НЕ ДАВАМ. Твоите изјави за него се навредливи.Дај твоја слика па да направам споредба и избор:rofl
 
misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
611
103
Точно дека и @Outrider може да е креатор на мислење за некој/и друг/и. Но, во неговиот случај, стварно нема потреба од паника, чоекот докажал дека вистината точно ја перцепира и точно ја пренесува. Така што... :)
Така што ми е се јасно:)
 
Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Миленко рече дека е рамна земјата и пола проста раја мисли дека ја држат 3 китој, 2 слона и еден титаник.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
@misterija кога ќе направиш разлика меѓу медиум од јавен карактер како телевизија во која имаш вработено новинари кои треба да истражуваат, а од друга страна имаш форум и еден обичен член во него, тогаш ќе збориме врз што почива генерирање на јавно мислење.

Миленко рече дека е рамна земјата и пола проста раја мисли дека ја држат 3 китој, 2 слона и еден титаник.
За ова последново има докази и во СЈО :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and Struggler

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
611
103
@misterija кога ќе направиш разлика меѓу медиум од јавен карактер како телевизија во која имаш вработено новинари кои треба да истражуваат, а од друга страна имаш форум и еден обичен член во него, тогаш ќе збориме врз што почива генерирање на јавно мислење.

За ова последново има докази и во СЈО :zelen
Зарем ти навистина мислиш дека јас не ја знам разликата??? Тоа беше само еден пример колкаво значение има и тука беше искористен еден член а се развира дека потоа доаѓаат се знае редоследно..боже божееееее:rofl