Кој е кој на факултет

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com
СТУДЕНТ:
Млада а полнолетна, контроверзна личност на која и е речено дека ќе успее во животот ако учи. Бидејќи оваа личност во тоа не верува, се труди да што помалку учи а што повеќе да успее.

СТУДЕНТКА:
Личност слична на студентот, но многу поубава, посебно во летните семестри.

АСИСТЕНТ:
Дезориентирана млада личност со изразени мазохистички склоности. Не сака да си отиде од главниот град и затоа се подлегнува самиот себе на големи маки. Очекува сожалување од повисоките инстанци, на кои не им паѓа на памет.

АСИСТЕНТ СО МАГИСТРАТУРА:
Личност која наликува на обичниот асистент но со седа коса. Склона е на алкохол и на полесни дроги. Често наоѓа заеднички јазик со студентите.

АСИСТЕНТ СО ДОКТОРАТ:
Зрела до умерено свената личност со високо образование а ниска интелигенција. Нестрпливо се турка во наредната категорија, а не знае што ја чека таму. Многу издржлива личност.

ДОЦЕНТ:
Митско суштество – не е ниту човек ниту професор. Личност која се согласува да работи за помалку пари, работи двапати повеќе од професор . Премногу стара личност за емиграција. Ги сака студентите и со радосно срце ги бутка на испити.

ВОНРЕДЕН ПРОФЕСОР:
Прилично редовна појава со намалени физички способности. Ги обожува контактите со студентите. Започнува да “дипли пари“ и морално е нестабилна.

РЕДОВЕН ПРОФЕСОР:
Материјално стабилна личност од највисок универзитетски ранг. Зборува неколку странски јазици кои никојпат не ги чул, што докажува дека знае се. Пишува книги застарени околу десет години и се гордее со нив. Освен привидни нема контакти со студентите.

ПРОДЕКАН:
Лице од последна или претпоследна категорија која се справува со набројување на имињата на претходните декани. Сака да промени нешто, ама не знае што ни како, така да проаѓа незабележано.

ДЕКАН:
Највисок чиновник на универзитетот одговорен за неработењето на сите претходни набројани категории и нивниот живот.


Извор: Facebook пријател

Колку вие се сложувате со овие „споредби“ и колку се соживувате со истите?