Костими за капење

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,239
1,758
113
Малку таму, малку овде...
Нешто без кое не поминува ниедно лето се костимите за капење.
Какви сакате: целосни, дводелни?
Кои модели ви се омилени?
Внимавате ли на боите и дезените или не ви е тоа важно?
Купувате брендирани или и тоа не ви е важно?
Споделете слики од моделите кои најмногу ви се допаѓаат.
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,375
7,071
1,183
Дводелни костими сакам, бојата не ми е многу важна, само квалитет гледам.

имам слични на овие, само по розеви :D

A ваков модел сакам да си купам.
 

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
872
1,103
393
26
Струмица
Дводелни сакам, целосни никако, берем не сега за сега :biggrin бојата ми е битна, не сакам да е бела или некоја друга светла боја, бидејќи кога излегувам од вода, ми се познава се :biggrin не сакам ни брендирани купаки, но сепак нема да ми дојдат лошо ако се од некоја марка :mstickle а овакви сакам да имам...
 

Прикачувања

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,279
2,353
113
Софија
Јас купачи не сум облекол којзнае од кога. Користам само хавајки. Најдобри се според мене. Брзо се сушат, додека за купачите треба да чекаш долго време да се исушат.
 
  • Like
Реакции: Bum-Bum

Sesil

Староседелец
20 февруари 2012
298
230
1,043
Носам само дводелни костими за капење, едноделните не ми стојат. Не ми е битно да се марка и онака ги носам по една сезона 10-15 дена. Али ми е битно да се темна боја, не знам зошто ама црни купаќи најмногу сакам.






 
  • Like
Реакции: JaMi