Копи / паст

ShakaZulu

Староседелец
19 февруари 2012
431
886
1,103
ЦрноБело = форум за дискусија и споделување мислења од главно забавен карактер.
Е арно нели секој член го претставува својот лик со сопствени мисли и изразувања на овај интернет простор.​
Ама Црнобело колку што знам не е замислено како Тиме.мк па да има софтвер кој колектира и линкува содржини од други интернет сајтови кои се во текстуална форма. Сајтов односно форумов колку што разбирам јас со моето скромно форумски искуство треба да е дополнително место за забава на посетителите на црнобелиот портал кој пак има сопствени текстови, статии и се останато. Ако форумот се билда квантитативно со копирани непреработени/прераскажани текстови во кои е вметнато авторско дело од црнобелиот отворач на тема тоа непридонесува со ништо за доброто на порталот/форумот. Секој автор на тема треба да стои зад зборовите кои ги постирал, со тоа тој знае на што мислел кога ја отворал темата и бидеќи тоа е тема за дискусија треба активно да учествува во истата секогаш кога има што да каже како дополнување на неговиот првичен став и мислење или кога темата тргне во погрешна насока од таа што тој како автор ја замислил.​
Невозможно е секој да има познавање од се но ако сака нешто да го искаже тој ќе пронајде сопствени зборови да ги искаже сопствените мисли. А ако сака да биде виден и забележан по ххххх теми ќе билда само ќе стегаќи цтрл+ц / цтрл+в и бројката ќе се крева како никогаш дотогаш.

Една од работите која помеѓу останатото треба да ја има форумот е да пронајде содржина која можеби ќе биде дополнување на порталот или пак да биде одскочна даска за статиите презентирани на црнобелиот портал а не за било какви (лупам) мотика/кајгана/википедија... текстови кои ќе се тука копирани па сите ќе дискутираме за нешто што некој не потрошил повеќе од пет клика за да демек не инспирира да дискутираме...

Квантитет не значи квалитет...​
 

ShakaZulu

Староседелец
19 февруари 2012
431
886
1,103
По се изгледа на никого не му е до дискусија за нешто што и самиот го прави а темава е со цел да го омаловажи неговиот “труд“.
Секоја чест за колунмнистите, бар за нив се надевам дека не “крадат“ туѓи текстови, чест и на дуги исклучоци но колку се во број тие е дискутабилно да не речам жалосно... се остнато ... изгледа џабе зборувам...
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,417
1,153
сум напраила копи/паст само во неколку теми поврзани со љубов и секс :D
конкретно, неколку текстови превземени од црнобело кои ми се виделе интересни и поткрепени со факти
не за друго, ами не сум до толку компетентна или па искусна за да зборам за некои работи на своја рака
а и малку сум скептик кога се работи за интимата ми, си ја чувам за себе :sram
инаку, во право си, не дека не :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 84 sk_Y ^_- and melpomena

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,011
9,637
1,683
Normandy
Е па добро де, тоа не е спорно. Спорното е пишано во воведот на темата. Копирањето на целосен текст(мислење, став околу нешто) , немањето на концепт на сврзување барем на два реда муабет а не па изразување на сопствен став во една целина.
 

84 sk_Y ^_-

Староседелец
21 ноември 2012
595
825
1,093
NEBITNO (y)
Е па добро де, тоа не е спорно. Спорното е пишано во воведот на темата. Копирањето на целосен текст(мислење, став околу нешто) , немањето на концепт на сврзување барем на два реда муабет а не па изразување на сопствен став во една целина.
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,270
9,112
1,683
За мене copy-paste во тема може да биде линкуван со извор.
Пример некоја вест. А имаше добар дел од воведи во теми преземени од Кајгана форумот и тоа сосе емотиконите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini