Концерти

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Последен концерт бев на Владо Јаневски, на 28ми август.
Летово исто така бев и на Аква фестот, првата вечер на САРС и Џајковски многу јака атмосвера имаше, таа вечер најубаво на нив си поминав. Втората вечер ми се исполни желбата да ги слушам Фолтин во живо, и тоа прв ред :igra.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Ај да си раскажам за најновата случка поврзана со концерт. Сакав да идам на Morrissey, но од финансиски причини, не испланирав. И така вчера, ден како и секој друг ден, монотон и досаден, некаде насредина се промени. Едно 15-тина минути пред да ми заврши смената на работа, доаѓа странец. Го советувам за нешто околу работата, му објаснувам каде да иде - што да прави, тнтр-пнтр, од муабетот дознавам дека свири за Морисеј. Вака-така, на крајот ми вика, те чекаат 2 карти на врата, ако сакаш да идеш на концертот. И така, повторно неиспланирано завршив на концерт на кој сакав да идам. Патем, одлично беше!
2.jpg
 
Последна промена:

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Preubavo. Deckite si gi odrabotaa posteno parite. Dobro ozvucuvanje.Ja svirea nasata himna vo niven stil. Silna energija vo izvedbite.
 

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
969
1,133
Најдобар концерт на кој сум била беше концертот на Роби Вилијамс во Загреб, 2013. Бевме со брат ми заедно. Три дена бевме во Загреб, ги искористивме за шетање низ центар, се возевме со трамвај и последната најубава вечер за лудо танцувањена концертот.
Пред да започне две девојки ме прашаа дали брат ми ми е дечко и само да ги видевте насмевките на нивните лица кога им кажав не ! Хаха, почнаа да флертуваат со него, а едната дури не покани да спиеме вечерта кај неа во стан, да останеме уште некој ден. Извади мало коњаче од нејзината чанта и ми вика повели ! Ова е за тебе. Ми го подаде и ми вика немам СИДА не се грижи. Сум се изнасмеала. Заврна и девојките се растрчаа на една страна, јас и брат ми на друга.
Ден денес се смееме на таа случка, а брат ми ми вика дека не сум настинала на концертот заради коњакот. Девојчињата беа ептен срцки, не знам како би можела да ти најдам... Не си разменивме ни број, ни фб ни ништо.
НАЈЈАКО на цел концерт беше кога Роби го прашал вработениот во хотелот како да ги импресионира девојките. Овој му рекол да го рече ова во видеото