Најдобар концерт на кој сум била беше концертот на Роби Вилијамс во Загреб, 2013. Бевме со брат ми заедно. Три дена бевме во Загреб, ги искористивме за шетање низ центар, се возевме со трамвај и последната најубава вечер за лудо танцувањена концертот.
Пред да започне две девојки ме прашаа дали брат ми ми е дечко и само да ги видевте насмевките на нивните лица кога им кажав не ! Хаха, почнаа да флертуваат со него, а едната дури не покани да спиеме вечерта кај неа во стан, да останеме уште некој ден. Извади мало коњаче од нејзината чанта и ми вика повели ! Ова е за тебе. Ми го подаде и ми вика немам СИДА не се грижи. Сум се изнасмеала. Заврна и девојките се растрчаа на една страна, јас и брат ми на друга.
Ден денес се смееме на таа случка, а брат ми ми вика дека не сум настинала на концертот заради коњакот. Девојчињата беа ептен срцки, не знам како би можела да ти најдам... Не си разменивме ни број, ни фб ни ништо.
НАЈЈАКО на цел концерт беше кога Роби го прашал вработениот во хотелот како да ги импресионира девојките. Овој му рекол да го рече ова во видеото