Само активните луѓе и нивната борбеност и безобѕирност го движат животот напред, а само пасивните луѓе и нивната трпеливост и добрина го прават возможен и поднослив. - Иво Андриќ
Човекот и неговата култура се повеќестрано поврзани. Поединецот може пасивно да се однесува, како слеп следбеник на својата култура, но и како нејзин активен творец, кој придонесува за нејзиниот иден развиток.
Кога поединецот се однесува исклучиво пасивно, за него велиме дека е конформист. Значи, конформизмот е однесување на поединецот во секоја ситуација на прикладен начин, без критички став и селекција. Поточно, тоа е однесување во кое поединецот не може да ја покаже својата индивидуалност, својата слобода на мислење.
Таква личност не создава проблеми, не предизвикува неочекувани ситуации за другите. Таа е повлечена и согласна со се и со сите. Ги прифаќа важечките норми на однесување во заедницата.
Кога поединецот се однесува како активен носител на културата, тогаш тој максимално, творечки е ангажиран. Како и кај поединецот конформист и активниот носител на културата ги прифаќа нормите на однесување и постојните стандарди на општеството и културата, но ги збогатува, ја проширува листата на вредностите, создава нови и дотогаш непознати за општеството, дури по цена на судир со тоа општество. За него велиме дека е неконформист.
Понекогаш знаедничките цели на групата не се совпаѓаат со ставовите на поединците. Тоа значи дека успешното дејствување на групата не мора да биде успешно и за секој нејзин член. Индивидуалните интереси во рамките на групата можат да доведат до нејзино распаѓање што групата обично се обидува да го спречи. За секој член на општествената група неопходен е извесен степен на конформизам, со значење да се усогласи (латински konformare). Под поимот конформизам се подразбира приспособување на членот на групата кон правилата, барањата и стандардите на однесување на групата на која поединецот - припаѓа. Раководењето на групите, издавањето наредби, послушноста во групата се засновуваат токму на природата на конформизмот. Примерите на целосен конформизам не се ништо друго, туку губење на сопствените ставови, на сопственото јас, на поврзаноста на поединците во определени ситуации да се принудени да се однесуваат така како што од нив се очекува, односно конформистички едноставно да ја прифатат дадената ситуација. Да се биде конформист, значи поединецот да се однесува во секоја ситуација на соодветен начин, без искажување на своите индивидуалности, без критики, став. Индивидуите не треба секогаш да се однесуваат на конформистички начин бидејќи тие се активни носители на културата.
(според Гордана Трајкова-Костовска, Проф.Д-р Димитар Мирчев, Социологија 2003 година)
Што мислите дека сте?
Дали често се обидувате да се ,вклопите, во средината, само за да не бидете ,,покажани со прст,,?
Дали велите ,,да,, и тогаш кога мислите ,,не,, само за да не дојде до судир?
Еве мало тестче (кое не е професионално, но е добро сработено за аматерско), кој сака може да го реши

Определба на конформизмот