Леле, колку ми е мило што ова полека изумре или барем стана поприродно (или барем се научија да блендаат убаво) пошто беше ужасно да се гледа, посебно на дневно светло.
Сметам дека оваа шминка треба да си остане за спотови, филмови и евентуално свечени настани за нас смртнициве, инаку во спротивно изгледа пресмешно. Посебно кога беше актуелно тренерка стил и целосно контурирано лице, плус качкет на глава. Сакав да си излезам од кожа.
Со малку бронзер на лето е и повеќе од доволно, но тие кафеави стикови се тотален промашај.
Додуша јас сум пребела за нив, па може и затоа.