Компулсивно растроено купување

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Компулсивното растроено купување се карактеризира со опседнатост со шопинг и купувачко однесување што предизвикува негативни последици.
Често е комбинирано со расположението, анксиозност, злоупотреба на супстанции и нарушувања во исхраната.
Почетоците на ова компулсивно купување се јавуваат во доцните тинејџерски и раните дваесетти години и тоа најчесто е хронично.
Комплусивното растроено купување не се однесува само на луѓето кои трошат пари повеќе од што им дозволуваат можностите, туку ги вклучува и оние луѓе кои минуваат неконтролирано време во шопинг, па и оние кои постојано размислуваат за купување нешта, но никогаш не ги купуваат.
Досегашните истражувања покажуваат дека 80% од припадниците на оваа група на луѓе се жени, популарно нарекувани купохоличарки.

Што мислите за купохоличарството?
За оние кои се зависни од шопинг?
Дали можеби вие се сместувате во таа група?
Дали некогаш сте биле во контакт со лице зависно од шопинг?
 

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Сакам купувања, шопинг ама не сум купохоличарка или зависна од шопинг.
Купохоличарството е претеризам..секој денар да го трошиш во шопинг, епа претерано е :)
Не сум била во контакт со такво лице..:D
Ако се мисли на шопинг за облека, тогаш не спаѓам во куполичарската група.
Ама ако спаѓа тука и купување на јадење е тука спаѓам :rofl
 

Succubus

Истакнат Член
28 февруари 2012
562
835
393
under your skin.
Дефинитивно нешто најсмешно од сите зависни работи ми е купохоличарка!
За среќа, не сум сретнала толку да купуваат, ама ДА ЗБОРАТ ЦЕЛО ВРЕМЕ ЗА ТОА итекако сум сретнала.
И дефинитивно за мене тоа е толку безвезална работа. Ма боље парите ќе ги потрошам да се прошетам некаде, отколку да купувам цело време нови работи, за кои можда и не ВРЕДЕ да се даде толку пари. Сепак, секој си има различно мислење, нели? :rolleyes
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Ај да речам сега дека ми дошол памет до некаде, ама порано едвај чекав да стигнам до пари за да купам нешто.
И не купував алишта него некои ситници-свеќи, огледалца, украси, кутии, рамки.. Со еден збор глупости - без потреба.
Не знаев да влезам во продавница без да излезам со триста тракатанци. Па после толку се врзував за нив, а може и сеуште и сум, па ретко да не речем никогаш сум фрлила нешто. Тогаш може не размислував толку, ама сега ми е јасно дека тоа не ми било задоволство него проблем.
Со текот на годините престанав толку да купувам, ваљда дека сега излегувам почесто па ми требаат пари повеќе, ама сигурно дека ако видам некоја глупост што ќе ми падне во очи, ја мислам се дур не ја купам.