Колку сме запознати со Археологијата во Македонија

Ouroboros

Полноправен Член
4 март 2013
37
10
8
35
Ме интересира вашето мислење и познавање за арх. во мак. Колку познавање имаме и како гледаме кон овој аспект на гледање кон минатото... И се што може да е поврзано...
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Вака од општа гледна точка? Преслабо. Една од причините ако не и најголема е тоа што археологијата лошо е интерпретирана во јавноста, поготово кај нас. Секој лаик кога ќе го прашаш што подразбира под археологија, ќе ти каже дека поентата и` е наоѓање на стари предмети. И веднаш тука паѓа ко презрела круша. Археологијата е многу повеќе од барање на стари предмети. Не е тоа едноставно само да се најде, да се реставрира и одма во музеј - (као на Индијана Џонс). Самата археолгоја проучува поширока проблематика - таа е еден вид на истражување слично на криминалистичкиот вештак. Првично е истражувањето на самиот терен прво преку папир (читање историографии, белешки, итн) подоцна рекогносцирање - површинско истражување на теренот за на крај да се може да се копа стратиграфски. Во зависност од оноа што треба да се бара дури и начинот на копање е доста битен. При откривање на предмет - тој се дкомументира првично во која состојба, положба, местоположба, потоа неговата структура за да најпосле може, но и не мора да биде изнесен, отстранет од локалитетот. Тоа е вака во груби црти за археологијата воопшто и како би требало да се пристапува на терен со неа.
Во Македонија за жал многу слабо сме запознаени со овој воедно доста скап „спорт“. Премногу диви копачи одат на лесна заработка, ги прекршуваат светите правила, недоволно обучени и незапознаени дека со ова всушност историската вредност или најбитно културолошката вредност на самиот локалитет ја сведуваат на минимум. Од друга страна па археологијата да бидам реален, се злоупотребува за нечии политички цели. Зборам за дигање на моралот на еден народ со произнесување на некакви си безвезни теории на процентуална застапеност на некаков си народ. Тоа е посебна наука, и можда има тенка нишка со археологијата, но не е исто. Археологијата не се бави со пласирање на теории пред народот, таа се занимава исклучиво со пронаоѓање на факти.