Не, луѓе, никој од нас не е 100% индивидуален. Едноставно е невозможно со сите влијанија околу нас.
Да го земеме последново фијаско со „Империјава“, не дека песната не беше за никаде, но под влијание на коментарите по медиумите, ни самите не сте свесни колку се имаат плашено да го искажат своето поразлично мислење, до степен што и самите се посомневале во својот вкус и смислата за „судење“, па решиле да молчат или да се вклопат во толпата за да не бидат нападнати од „врвните критичари“...резултатот? Сите го видовме.
Друг прост, секојдневен пример, погледнете ги и темиве по форумов, гарантирам дека воведот на авторот и првите 2-3 поста и те како влијаат врз понатамошната дискусија. И пред да се сфати ова негативно и дека испаѓа како никој да нема сопствено размислување...има, сите имаме, само многумина се плашат гласно да го искажат, многумина го менуваат за да бидат прифатени од средината, а некои и навистина го менуваат мислењето ако се работи за нешто во кое биле недоволно упатени, па донеле погрешен заклучок. И тука настанува таа „асимилација“.
Всушност, самиот колективитет е збир од (најшироко прифатени) индивидуалности.
Никој од нас не е најпаметен, нит ги прошол сите можни животни искуства, за да би имале неменливо мислење за нештото.
Општо низ животните ситуации е така, со сите медиуми и рекла-казала, со пријатели и роднини на кои од почит сакаме да им угодиме, па знаеме да премолчиме дека не секогаш делиме исто мислење...се случува, и не се плашете да признаете, тоа не ве прави помалку Вие, нит ве слева во безличната толпа од која сите очајно се плашиме, а во која уште поочајно припаѓаме поради тој страв.
Единствено нешто за кое никогаш не дозволувам да ми влијае туѓото мислење, е при донесување заклучоци за личности. Посебно не негативни.
Нели наводно повеќето се водиме по она „Како ти со мене, така и јас со тебе“, не? Така да, никогаш не може да знаеме дека некој ќе се однесува спрема нас на ист начин како што се однесува со оној кој ни ја доловува сликата за првиот. Чисто затоа што не им го знам соодносот, а и во природата ни е да ги превртуваме настаните за секогаш да испаднеме невината страна.