Козметика

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Првиот археолошки доказ за употреба на козметика е пронајден во Египет околу 3500 г.п.н.е. во времињата на Антички Египет кога некои членови на кралските семејства како на пример Нефертити, Нефертари, маската на Тутанкамон итн. имале шминка.И Античките Грци и Римјани користеле козметика.Римјаните и Античките Египјани користеле козметика која содржела отровна жива и олово.Козметиката имала влијание на античкото кралство на Израел, како што е забележано во Стариот завет -2 Крала 9:30 кадеИзабела си ги боела клепките -приближно 840 година п.н.е. И во Библиската книга на Естер се опишани разновидни третмани за убавина.
Во Средниот век, иако употребата на козметиката не била одобрувана од страна на Црквата,многу жени во ја користеле.Популарен тренд за жените во Средниот тренд било да имаат блед тен на кожата кој се постигнувал или преку нанесување на пасти од олово,креда или брашно или преку вадење на крвта. Жените ставале и бел пигмент од олово на нивните лица кој бил познат како „ceruse (церуза)“ за да изгледа дека имаат бел тен.
Жените во 19-от век сакале да бидат сметани за нежни дами.Тие се споредувале себеси со деликатни цвеќиња и ја нагласувале својата префинетост и женственост.Секогаш имале за цел да изгледаат бледи и интересни.Понекогш дамите дискретно ставале малку руж на образите и користеле „беладона“ за да ги прошират и истакнат повеќе своите очи.Шминката општо била осудувана особено во 1870-те кога социјалниот бонтон станал многу ригиден. Меѓутоа на актерките им било дозволено да користат шминка и познатите убавици како што се Сара Бернар и Лили Лангтри можеле да бидат напудрени.Повеќето достапни козметички продукти или биле хемиски сомнителни или поради бојата бобинки и цвекло можеле да се најдат во кујнската средина.
До средината на 20-от век, козметиката е во широко распространета употреба од страна на жените во приближно сите индустриски општества во светот.

Козметиката била во употреба илјадници години.Отсуството на регулирање на производството и употребата на козметиката низ годините довело до негативнинесакани ефекти, деформитети, слепило па дури и смрт.


Природна козметика


Предноста на природната козметика од комерцијалната козметика е во тоа што прородната козметика содржи природни состојки. Класичната козметика содржи база од нафтени деривати, а вазелинот и парафинот не ја хранат кожата. Во класичната козметика се користат многу конзерванси за да може производот долго време да стои и да не го промени својот состав, но понекогаш конзервансите можат да предизвикат алергии. Во природната козметика не се ставаат конзерванси и затоа се чуваат само неколку дена во ладилник. Главни состојки на природната козметика се етерични масла (бадем,лаванда,орев,јојоба итн.). Втората предност на природната козметика е што секој може да ја направи дома, на тој начин знате што ставате на вашето лице.

Козметика се производи кои се користат за подобрување на изгледот или мирисот на човечкото тело. Козметиката вклучува креми за кожа, лосиони, пудри, парфеми, кармини, лак за нокти, шминка за очи и лице и.т.н.
Зборот козметика потекнува од грчкиот збор κοσμητική τέχνη (kosmetikē tekhnē) што значи „уметност во облекувањето и украсувањето“,од зборот κοσμητικός (kosmētikos) што значи „вешти во средувањето и аранжирањето“ додека пак тој потекнува од κόσμος (kosmos) што меѓу другото значи „средува“ и „украсува“.
Козметиката е широко распростарнета, особено кај жените.

Skype-emoticons-33-wait.gif
Не најдов ваква тема и нема ниедна слична
Темава нека биде општа, каква козметика користите, од која сте задоволни, препораки, искуства... Доколку има интерес темиве може да се разделат.

Ме интересира од кои моливчиња за очи сте најзадоволни, сакам да си купам, но не знам од која фирма.
 

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
30
Струмица
моливчето ми е од essense и задоволна сум доста... мрсно е... и убаво стои... 200 денари беше нешто :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selma

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,193
1,123
Скопје
Моливче не користам, евентуално имам од Авон некои во боја. Префирирам туш за очи во форма на пенкало од Орифлеим. Задоволна сум 145 денари го зедов.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Furby, WomanInRed and Selma

Dr.Gonzo

Истакнат Член
23 февруари 2012
652
1,916
393
Fukushima
www.gonzo.com
Meне моливчето не знам од која фирма е, знам у рубин кармин е купено од страна на една моја жена, иначе многу сум задоволен од моливчето. За козметика не се замарам многу, јас секогаш крај мене имам префинети женски кои избираат квалитетна козметика, и како што си заминуваат оставаат по нешто.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selma

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Meне моливчето не знам од која фирма е, знам у рубин кармин е купено од страна на една моја жена, иначе многу сум задоволен од моливчето. За козметика не се замарам многу, јас секогаш крај мене имам префинети женски кои избираат квалитетна козметика, и како што си заминуваат оставаат по нешто.
Тоа што ти оставиле спакувај и прати ми на домашна адреса :D

Ако некој бара убаво млеко за тело го препорачувам она синото од Кам Маркет некаде околу 100денари е, а е 500мл. Преубаво мириса и кожата ја прави мека и мазна.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed and Dr.Gonzo

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,193
1,123
Скопје
Тоа што ти оставиле спакувај и прати ми на домашна адреса :D

Ако некој бара убаво млеко за тело го препорачувам она синото од Кам Маркет некаде околу 100денари е, а е 500мл. Преубаво мириса и кожата ја прави мека и мазна.
Хахаха истото го имам :) Делам исто мислење со тебе
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selma

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Тоа што ти оставиле спакувај и прати ми на домашна адреса :D

Ако некој бара убаво млеко за тело го препорачувам она синото од Кам Маркет некаде околу 100денари е, а е 500мл. Преубаво мириса и кожата ја прави мека и мазна.
Дај сликче да видам ако можеш да најдеш. Млекцето за тело ми е при крај па да го пробам ова :)
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Дај сликче да видам ако можеш да најдеш. Млекцето за тело ми е при крај па да го пробам ова :)

P1020975.JPG



Јас земав моливчиња на Бруклин па ќе видам какви се. И ја земав колекцијата на young Derm (Новата) пудрата е одлична.
 

WomanInRed

Староседелец
15 февруари 2012
1,324
3,218
1,123
Skype-emoticons-33-wait.gif
Не најдов ваква тема и нема ниедна слична
Темава нека биде општа, каква козметика користите, од која сте задоволни, препораки, искуства... Доколку иам интерес темиве може да се разделат.

Ме интересира од кои моливчиња за очи сте најзадоволни, сакам да си купам, но не знам од која фирма.
Јас ти го препорачувам моливчето од Авон, многу убаво црни и не се размачкува воопшто.
За цената не сум сигурна ама отприлика негде до 150 денари е.:)


jillian-dempsey-for-avon-professional-kohl-eyeliner-143619.jpeg
 

WomanInRed

Староседелец
15 февруари 2012
1,324
3,218
1,123
Јас земав моливчиња на Бруклин па ќе видам какви се. И ја земав колекцијата на young Derm (Новата) пудрата е одлична.


Јас ја имам подлогата за лице од Young Derm,oдлична е за парите (99 денари, само за мрсна кожа).
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saturnia and Selma