Кога хороскопските знаци заведуваат преку СМС

Natenceto

Истакнат Член
6 март 2012
1,029
1,193
423
Скопје
Овен
Зошто тој би заведувал некого, особено со СМС порака. Овенот освојува на лице место, без заобиколување и допишување. Меѓутоа, повеќето машки родени во овој знак со задоволство ќе цитираат некој поет, само за да бидат сигурни дека ќе ја фасцинираат девојката која им се допаѓа. Па, ако треба да бидат романтични и ќе бидат, а во љубовта – се е дозволено! Жената Овен ќе напише духовита (па дури и дрска) порака и ќе ја испрати до повеќе примачи, па ќе чека да види кој “ќе се фати во мрежата”.
Бик
Романтичниот Бик кога испраќа СМС порака ќе избере некоја слика во форма на цвеќе. Тој никаде и никогаш не се брза, па трпеливо ќе почека за вашиот одговор, а ако тоа не се случи, ќе испрати букет вистински рози на вашата адреса и ќе чека пред вашата куќа за да биде сигурен дека ќе ги добиете. А тоа ќе го сними со својот мобилен телефон од најновата генерација. Жената Бик ужива во романтичното допишување и тоа може да го прави и дење и ноќе, се додека додворувачот не го преземе одлучувачкиот чекор.
Близнаци
Тој е маестро на вербалното заведување. Откако ќе го запише вашиот телефонски број, мобилниот нема да го испушти од рака, а пораките ќе пристигнуваат и пристигнуваат. Може да добиете впечаток дека читате роман во продолженија или дека гледате серија. На жената Близнаци и се случува да испрати порака на погрешен број, што обично доведува до неочекувано возбудлив или смешен заплет.
Рак
Сака да испраќа СМС пораки како ниеден друг хороскопски знак, бидејќи само така може да го искаже она што понекогаш не знае или не може да го каже лице во лице. Затоа пораките се скоро совршени за емотивниот Рак, без разлика од кој пол е: неговите пораки не се копирани од интернет, ниту ги испраќа на повеќе броеви, затоа што и се обраќа на единствената личност во тој момент за него. Понекогаш намерно пушта нежна порака на некој број и чека одговор од другата страна.
Лав
Лавот најчесто ги покажува или искажува своите чувства, па ќе ве шармира без да ви напише порака. А кога веќе ќе реши да ви напише порака – ќе ве воодушеви со некоја која ќе ја препрочитувате илјада и еден пат. Лавицата умее да ви ја испрати вистинската порака во мигот кога ќе помислите дека ве заборавила, а потоа ќе и јадете од рака како мало маче.
Девица
Зошто да губи драгоцено време на допишување кога можете да се видите во четири очи, некаде во некоја кафетерија со освежителен пијалак во рака? Но, и во овој случај Девицата ќе ви испрати кратка и јасна, недвосмислена порака. Ако и испратите порака, а не е заинтересирана за вас или не сте на нејзината листа на желби, ќе се преправа дека не ја видела вашата порака. Многу мудрата и паметна жена Девица на несаканата порака ќе одговори како и на посакуваната – со тишина. Па, кој ќе ја разбере – ќе ја разбере…
Вага
Љубопитни и романтични, Вагите уживаат во СМС заведувањето како секоја вистинска поетска душа, тогаш цитираат стихови од познати писатели или строфи од некоја песна. Па, вие размислете што сака да ви каже – обично, ништо посебно, освен да ви стави до знаење дека освојувањето за неа е најинтересниот дел од врската. А што има поубаво од волшебниот звук на тукушто пристигнатата порака, кога малиот екран на мобилниот телефон ќе светне.
Шкорпија
Кој ви се јавува со скриен број, кога на екранот од својот мобилен ќе го видите фамозното “приватен број”? Мистериозната Шкорпија не сака да остава траги, дури ни во пораките. Па, може да ви испрати и СМС порака од непознат број и да чека да види како ќе реагирате. Ако испраќате порака во нејзино присуство, ќе се обиде да ве шпионира за да дознае на кого и што му пишувате. Жената Шкорпија ќе ви напише во што е облечена или едноставно ќе ви испрати слика, па обидете се да ја игнорирате, ако издржите.
Стрелец
Тој често ќе се заплетка иако има најдобри намери, па ќе испрати порака на погрешен број или на погрешно лице. Кога штетата е веќе направена, ќе се преправа како ништо да не се случило, но истовремено ќе смислува изговори кои најдобро ќе запалат. Таа е духовита и сака да филозофира, дури и кога испраќа заводливи пораки. Ама паѓа на мистериозни и недокажани СМС пораки, особено кога не е сигурна кој од бројните додворувачи и пишува.
Јарец
СМС заведувањето е идеално за романтичните и за љубов желни Јарци. Па, тој ќе ужива во секој збор, во секоја реченица од пораките кои долго ќе ги чува во меморијата на својот телефон. Кога му се допаѓа некој, ќе напише искрена порака од срце, не знаејќи колку ризикува што ја отвора својата душа. Ако не е заинтересиран, Јарецот брзо ќе ви стави до знаење дека не му се допаѓате. И нема потреба да го вознемирувате повторно.
Водолија
Водолијата нема да ви пише романтична, туку хумористична порака, но таква на која ќе ви биде тешко да смислите одговор. И додека размислувате, таа ќе се појави пред вас, на вашата врата или божем случајно ќе ве сретне во близина на вашиот омилен клуб или кафуле. Ќе ви го покаже својот најнов iPhone на кој има ваша фотографија, па ќе ви пушти и некое видео или аудио снимка на кои не ќе можете да останете рамнодушни, бидејќи Водолијата е уметник на модерната технологија. И модерното заведување.
Риби
Оној кој го измислил СМС допишувањето, мора да имал некаква врска со Рибите, бидејќи нив тоа им одговара, без разлика дали сакаат да ве заведат или да бидат заведени. Машките Риби внимателно се справуваат со пораките, па веднаш ги бришат по читањето, бидејќи се плашат дека моменталниот партнер ќе ги фати. Жените во овој знак се заводнички без конкуренција, дури и кога пишуваат СМС. Тие знаат како да го изберат вистинскиот термин во вистинско време. А потоа замолкнуваат, како да потонале во земја, додека другиот копнее по нив и не знае што да прави.
 

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,358
2,204
423
Дома пред Пц
уште да му го најдам бројот од моб и ќе го растурам со пораки :))

Близнаци
Тој е маестро на вербалното заведување. Откако ќе го запише вашиот телефонски број, мобилниот нема да го испушти од рака, а пораките ќе пристигнуваат и пристигнуваат. Може да добиете впечаток дека читате роман во продолженија или дека гледате серија. На жената Близнаци и се случува да испрати порака на погрешен број, што обично доведува до неочекувано возбудлив или смешен заплет.
 
  • Like
Реакции: Natenceto

Natenceto

Истакнат Член
6 март 2012
1,029
1,193
423
Скопје
Лав
Лавот најчесто ги покажува или искажува своите чувства, па ќе ве шармира без да ви напише порака. А кога веќе ќе реши да ви напише порака – ќе ве воодушеви со некоја која ќе ја препрочитувате илјада и еден пат. Лавицата умее да ви ја испрати вистинската порака во мигот кога ќе помислите дека ве заборавила, а потоа ќе и јадете од рака како мало маче.

Имам ли конкуренција!?
 
  • Like
Реакции: melpomena

КрисТина К.

Истакнат Член
2 март 2012
527
1,654
393
Скопје
Водолија
Водолијата нема да ви пише романтична, туку хумористична порака, но таква на која ќе ви биде тешко да смислите одговор. И додека размислувате, таа ќе се појави пред вас, на вашата врата или божем случајно ќе ве сретне во близина на вашиот омилен клуб или кафуле. Ќе ви го покаже својот најнов iPhone на кој има ваша фотографија, па ќе ви пушти и некое видео или аудио снимка на кои не ќе можете да останете рамнодушни, бидејќи Водолијата е уметник на модерната технологија. И модерното заведување.
дааа да да даааа точнооо е (nod)
 
  • Like
Реакции: Natenceto

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,227
3,542
1,143
Шкорпија
Кој ви се јавува со скриен број, кога на екранот од својот мобилен ќе го видите фамозното “приватен број”? Мистериозната Шкорпија не сака да остава траги, дури ни во пораките. Па, може да ви испрати и СМС порака од непознат број и да чека да види како ќе реагирате. Ако испраќате порака во нејзино присуство, ќе се обиде да ве шпионира за да дознае на кого и што му пишувате. Жената Шкорпија ќе ви напише во што е облечена или едноставно ќе ви испрати слика, па обидете се да ја игнорирате, ако издржите.

точно (inlove)
 
  • Like
Реакции: Natenceto

наташа

Староседелец
3 март 2012
139
115
653
Krusevo
Близнаци
Тој е маестро на вербалното заведување. Откако ќе го запише вашиот телефонски број, мобилниот нема да го испушти од рака, а пораките ќе пристигнуваат и пристигнуваат. Може да добиете впечаток дека читате роман во продолженија или дека гледате серија. На жената Близнаци и се случува да испрати порака на погрешен број, што обично доведува до неочекувано возбудлив или смешен заплет.

ШТО Е ВИСТИНА ВИСТИНА СИ Е :zelen
 
  • Like
Реакции: Natenceto

Badgirl

Староседелец
4 јануари 2013
1,477
3,259
1,133
25
Najubaviot grad ------> SKOPJE :D
Вага
Љубопитни и романтични, Вагите уживаат во СМС заведувањето како секоја вистинска поетска душа, тогаш цитираат стихови од познати писатели или строфи од некоја песна. Па, вие размислете што сака да ви каже – обично, ништо посебно, освен да ви стави до знаење дека освојувањето за неа е најинтересниот дел од врската. А што има поубаво од волшебниот звук на тукушто пристигнатата порака, кога малиот екран на мобилниот телефон ќе светне.


За вагата е точно,но морам да признам дека и за шкорпиите е точно напишаното :)

Шкорпија
Кој ви се јавува со скриен број, кога на екранот од својот мобилен ќе го видите фамозното “приватен број”? Мистериозната Шкорпија не сака да остава траги, дури ни во пораките. Па, може да ви испрати и СМС порака од непознат број и да чека да види како ќе реагирате. Ако испраќате порака во нејзино присуство, ќе се обиде да ве шпионира за да дознае на кого и што му пишувате. замолкнуваат, како да потонале во земја, додека другиот копнее по нив и не знае што да прави.