Кога треба да им се помогне на ментално болните?

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
„За Оружјето лесно е да се зборува и да се осудува, но време е да почнеме да зборуваме за менталните болести“
– Јас сум мајка на Адам Ланза(дечкото кој застрела и уби 20 деца од 6-8год воздраст). Јас сум мајка на Дилан Клеболд и Ерик Харис. Јас сум мајка на Џејмс Холмс. Јас сум мајка на Царед Лохнер. Јас сум мајка на Сеунд Хиу Чо.
Ова го изјавила Мајка на 13 годишно дете кое е ментално болно. Неговата дијагноза е некој облик на аутизам, експлозивно нарушување на личноста. Нешто слично како погоре наведените предатори и монструми кои се често така нарекувани.
Оваа мајка зборува за тоа дека на овие деца и на нивните семејства очајно им е потребна помош, не се обрнува внимание на нивните животи и тежината на нивните проблеми се додека некоја напатена душа ќе влезе во ресторан за брза храна, училиште или трговски центар и ќе направи масакар. Наместо да се спречи , општеството го практкува методот за закрпување на настанатата ситуација, следува осудување , обвинување, мразење на таквите болни луѓе, создавање слика за таквите болни како на најголеми монструми.
Мене ме вознемири информацијата што единствена заштита или како превентива од можноста овие ментално болни луѓе да направат штета за општеството покрај државните рехабилитациски центри, се затворите.Замислете малолетни ментално болни деца во затвор. Како тоа може да помогне се прашувам, тоа само помага во процесот на создавање монструм. Социјалните работници ги советуваат родителите на така болните деца да си ги пријават казнено црно на бело за барем некој да обрне внимание на нив.

Ме замисли овој текст бидејќи не бев свесна за тоа колку примитивна односно никаква помош не им е достапна на таквите случаи. Колку малку внимание се обрнува на тежината со која живеат тие семејства. Најчесто тие се нормални заедници, како моето семејство и како вашето, а се осудени да живеат во општество каде нема да можат да му дадат соодветна помош на своето чедо,кое е болно исто како оние деца кои се болни од тешко неизлечливи болести, дури болеста на умот е далеку поозбилна. Тие се во постојан страв да не се случи она најлошото, смрт на блиските како и на пошироката заедница, како и самоубиство на самиот болен член.

Дали можеме длабоко во себе да најдеме разбирање и сожалување за состојбата на ваквите луѓе?

Дали нашата свест се буди само кога треба да осуди, а е тотално незаинтересирана кога треба да се помогне на таквите случаи?

Дали мислите дека масакарот и самиот чин е причина или резултат? Доколку е резултат, тогаш сериозно треба да се запрашаме што довело до тоа.

Сега не знам кој ми е поомразен, дали извршителот на самиот масакар, или пак институциите и државата чија недоволно да не кажам никаква заинтересираност да ги спречат потенцијалните штети, се сега првите кои покажуваат со прст и осудуваат без никаков срам од сопствената вина.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Solstice

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
31
Што е уште пожално,не е прв ваков масакар од ваков тип,а на голема жал нема да биде ни последен. Нити тогаш не им се помагало на ментално болните,нити пак сега. Истото е и кај нас. Чист пример е Сури од Студени Нозе,типот сам си го запали станот и тврдеше дека не е тој виновникот. Некој ден ќе запали нешто друго и ќе има жртви.
Америка е најголем создавател на ментално болни,затоа што таму секој проблем општеството го замачкува и го маскира со претставување утопија пред светот,затоа и таму се случуваат најголемите ужаси.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Oleri

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Сожалување за менталната состојба - да, а за делата не верувам дека некој ќе најде оправдување, колку и да сакаме.
Само малку го смешале аутизмот. Не е тоа ментална болест што може да предизвика трагедии од такви размери, повеќе се смета ко невронска разлика отколку ко болест. Јес да поради специфичноста т.е. карактеристиките/навиките кои ги предизвикува, може да игра улога во развивање на ментални болести, ама само аутизам - не, всушност, најголемиот број од лица со било каков вид на аутизам се обично натпросечно интелигентни (како што биле и браќава погоре) и обично многу погрижливи од било кој.
За жал, овие се исклучоци кои интелигенцијата ја насочиле кон погрешни цели.
Посебно оној Џаред...каков капацитет од дечко, ама од тој поглед крвта ми смрзна.
Масакрите се дефинитивно резултат на негрижа. Аутизмот им створил несигурност во себе, ги направил антисоцијални, без чувство за емпатија, а општеството таквите автоматски ги отфрла и етикетира. Кај сите овие е дијагностицирана делузионалност, параноја, биле малтретирани и исмевани, претрпеле загуба...и повеќе од доволно е за да им се откачи нерв на и така неповолната кондиција.
Ај институциите, не можат на гравче да гледаат, ама мене првенствено не ми е јасно како тие родители не преземале ништо? Сите знаеле за нивните состојби, гледале дека се сосема променети, а никој не посегнал да разговара со нив, да им ги побара дневниците низ соба, па да пријават до надлежни, можеле да спречат трагедии.
 
Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
31
Сожалување за менталната состојба - да, а за делата не верувам дека некој ќе најде оправдување, колку и да сакаме.
Само малку го смешале аутизмот. Не е тоа ментална болест што може да предизвика трагедии од такви размери, повеќе се смета ко невронска разлика отколку ко болест. Јес да поради специфичноста т.е. карактеристиките/навиките кои ги предизвикува, може да игра улога во развивање на ментални болести, ама само аутизам - не, всушност, најголемиот број од лица со било каков вид на аутизам се обично натпросечно интелигентни (како што биле и браќава погоре) и обично многу погрижливи од било кој.
За жал, овие се исклучоци кои интелигенцијата ја насочиле кон погрешни цели.
Посебно оној Џаред...каква капацитет од дечко, ама од тој поглед крвта ми смрзна.
Масакрите се дефинитивно резултат на негрижа. Аутизмот им створил несигурност во себе, ги направил антисоцијални, без чувство за емпатија, а општеството таквите автоматски ги отфрла и етикетира. Кај сите овие е дијагностицирана делузионалност, параноја, биле малтретирани и исмевани, претрпеле загуба...и повеќе од доволно е за да им се откачи нерв на и така неповолната кондиција.
Ај институциите, не можат на гравче да гледаат, ама мене првенствено не ми е јасно како тие родители не преземале ништо? Сите знаеле за нивните состојби, гледале дека се сосема променети, а никој не посегнал да разговара со нив, да им ги побара дневниците низ соба, па да пријават до надлежни, можеле да спречат трагедии.
Што ќе помогне тапшањето по рамо дека е он посебен и подобар од сите нив,а цело општество го исмева и го нарекува со погрдни изрази и го избегнува?
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Solstice не да го тапша по рамо. Баш од тоа специјалка тапшање по рамо дома, а обратната реакција од остатокот на опкружувањето, овие типци ствараат делузионален нарцисизам кој ги доведува до такво бунило.
Тапшањето е најгрешно, а поради нивната затвореност, не би ни играло некоја улога, затоа и кај таквите деца треба почеста проверка во приватноста и разговори со стручни лица што ќе најдат начин да се поврзат со нив.
Иако, за жал, ништо не е гаранција, во момент ќе откачи и отиде сѐ.
 
Ретко кој надлежен помага во случаеви на шизофренија,углавно ги носат во ментални установи каде што најчесто го минуваат периодот до крајот на животот и тоа е тоа. Не дека помага нешто тоа :)
 
Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Кога ќе ги погледнам овие настрадани ангелски ликови
masakr-sad-zrtvii-01.jpg

masakr-sad-zrtvii-03.jpg

masakr-sad-zrtvii-05.jpg

или кога ќе го погледнам потресното видео од таткото на Емили Паркер (едно од настраданите девојчиња) прво нешто што помислувам е да му се пресуди најстрого што може на убиецот (за што веќе сам си пресудил) а откако ја прочитав статијава
Ненди Ланза, мајката на убиецот Адам Ланза (20) кој во петокот ладнокрвно уби 26 луѓе, од кои 20 деца на возраст од шест и седум години, во основното училиште „Сенди Хук“ во Конектикат имала голема улога во тој грозоморен масакр.
Пријателите и семејството на Ненси ја опишуваат како „параноична жена која верувала дека светот е на работ на насилен економски колапс“, пишува Дејли Мејл. Медиумите пишуваат дека во последно време таа одвај била способна да функционира и дека собирала храна, вода и оружје во својата куќа во која живеела со својот син.Ненси Ланза (52) панично се подготвувала за крај на цивилизацијата и станала опседната од оружје. Таа Адам и неговиот брат ги учела да пукаат од пиштол.
Пред да го изврши масакрот Адам ја убил прво мајка си во својот кревет. Во главата и испукал четири куршуми, веројатно додека спиела. Потоа ги зел нејзините три пиштоли и тргнал во крвав поход во училиштето „Сенди Хук“.Тетката на Ненси, Марша, рекла дека Ненси се посготвувала за крај на светот. Никогаш не го држела оружјето на видливо место, иако не криела дека во куќата има цел арсенал оружје.Градинарот Ден Холмс, кој го уредувал дворот на семејството Ланза, рекол дека Ненси често своите деца ги носела на пукање.Исто така тој изјавил дека Ненси не сакала да и доаѓаат гости и дека во куќата не пуштала никого, а нејзините релативно блиски пријатели изјавиле дека никогаш не виделе како изгледа нејзината куќа од внатре.
Второ нешто на коешто помислив е дека родителите , односно мајката на Адам Ланза,има голем удел во неговата ментална болест,која што наместо да превземе нешто ,да го однесе во некоја институција,таа дополнително ги влошувала работите со асоцијализација на децата и со нејзиното параноично однесување.
Е, на крај ги ставам институциите,кои верувам дека попрво би излекувале некој ваков случај,отколку да страдаат невини луѓе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: emzzy

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
31
Незнам колку сте упатени,ама во исто време кога се случи ова масовно убиство во Конектикат,се случи и напад со нож врз 20 деца во кинеско училиште исто така.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Solstice у право си освен за една работа што го споредуваш Сури со овие личности, односно неговата со болестите на истите. Шизофренија е една работа, аутизам е друго.
Конкретно за проблемов (во САД) ќе се надоврзам со мислењето на Mila Kunis па и твоето од погоре. Институции во САД има, има и начин за решавање. Најголемиот проблем во оваа земја е тоа што менталитетот е друг. За разлика во Канада, тука постои таа скепса во системот. Некои родители не ги носат своите деца во школо, туку ги воспитуваат дома. Колку и да било детето во ред, ако како мало е научено на еден тек на работите, тоа ќе го практикува истиот, наместо да се прашува на повеќе решенија. Втор многу битен фактор е продажбата на оружје буквално на секој ќош како и дозволата за поседување па дури и цената дека секој може да си го приушти. Кој го гледал филмот на Мајкл Мур "Bowlking for Columbine" знае на што мислам. Кој не, задолжително нека го.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Solstice and alba

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Кога ќе ги погледнам овие настрадани ангелски ликови

Е, на крај ги ставам институциите,кои верувам дека попрво би излекувале некој ваков случај,отколку да страдаат невини луѓе.

Да не одиме подалеку еве во Македонија случај од пред една година, тинејџер на свои 17 години е врзан како животно од неговите родители каде беа и каде се нашите институции да реагираат на тоа ???