Кога купуваме автомобил....

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
999
606
423
Ohrid
Секој автомобил станува половен штом го напушти продажниот салон, но колку ќе загуби од вредноста како половно возило зависи најмногу од опремата и од изгледот. Па...како да ја задршиме цената....


-број на врати: секоја класа повисока од најмалите градски брмчлки (Hyundai i10, fiat 600...) убаво е да има 4/5 врати. Плацовите за откуп на половни возила не сакаат многу да откупуваат непрактични модели со 2 врати. Честопати за повеќе врати треба да се оддвојат и повеќе пари (околу 500 евра) , но секогаш се исплаќа

-Тркала: Ретко челичните бандаши со пластични раткапни и високи гуми изгледаат убаво, а евтините широки фелни од анонимни производители влеваат несигурност кај купувачите. Па ако сте заинтересирани колата да изгледа убаво најдобар избор се алуминиумски тркала од листата на дополнителна опрема на производителот
-Магленки: Веќе се воведени во многу европски земји како задолжителни во опремата на новите возила. Тие се еден од најважните елементи во безбедноста на патот, а често и даваат и шарм на колата

-Мотор: Стигнуваме до клучното прашање кај колата. Каков мотор сега треба да изберам за неа?
Најчесто пресудна улога има цената, но сепак кога можете да избирате каков, најдобро е да од понудата да ги исфрлите најслабиот и најјакиот, за понатаму да имате поширок круг на купувачи. Убаво е да се избере нај современиот мотор - Пример, за VW GOLF VI најдобар избор за бензински мотор би бил 1,4TSI , а за дизел 1.9ТДИ со common rail вбризгување
....
-Седишта: Зимите на балканов се поприлично студени, па возилата од компактната класа ( Астра, Октавија, Голф, Цитроен ц4...) и тие од повисоките класи би требало да имаат греење барем на предните седишта
-Клима: Во многу возила климата е дел од сериската опрема , меѓутоа, автоматската двозонска клима е се позастапена и кај малите возила - и се повеќе се цени. набавната цена се движи од 300 евра, па нагоре

Кај малите автомобили ( пунто, корса, Ц1, фабија....) најценета опрема е abs, барем 2 воздушни перници, магленки, серво волан, возачко седиште кое се дотерува по висина, фабричко CD/MP3 радио, делива задна клупа, запалка за цигари , а убаво е да имаат и ESP, странични воздушни перничиња и електрични предни прозорци.

Компактните ( kia ceed, toyota auris, peugeot 308, bravo, audi A3) - се што имаат малите + В.П. за глава, затемнети стакла, прилагодлив управувач, централна брава со далечинско, клима уред, греени седишта, електика на сите прозорци и електрични ретровозори

Средна класа ( Vectra, Insignia, Audi A4, mercedes C, bmw 3,Mondeo, Laguna,Passat, Skoda Superb....) опремата на компакт + греени ретровизори, контрола на тракција, подвижни фарови - адаптивни за свиоци, борд компјутер, мулти финкционален управувач, навигација, CD- шаржер, автоматска клима, а убаво е и да се надогради и темпомат, асистенција при паркирање,шибердах и ксенонски светла.

Висока класа ( Mercedes E-class, BMW 5 series, VW Phaeton, audi A6..) + адаптивно потпирање, радар за растојание, биксенонски светла, камера за вожња на назад, аларм, стартување без клуч, електрични греени седишта, сараунд и интернет приклучок и како додатна опрема нај барана е : кожен ентериер, телефон и автоматски менувач
дел од советите кои може ќе ви се најдат при изборот на автомобил

Што ви е најважно кога бирате Автомобил ??
каква опрема да има ??, дали тоа би бил половен автомобил или нов ??
 

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
999
606
423
Ohrid
Е како де..
Тој што ја отворил, нашиот мил Legioner само наслов додал, друго ништо..... Не знам дури ни на што поточно мисли.. Кога купуваме автомобил... :^)
Висока класа ( Mercedes E-class, BMW 5 series, VW Phaeton, audi A6..) + адаптивно потпирање, радар за растојание, биксенонски светла, камера за вожња на назад, аларм, стартување без клуч, електрични греени седишта, сараунд и интернет приклучок и како додатна опрема нај барана е : кожен ентериер, телефон и автоматски менувач
дел од советите кои може ќе ви се најдат при изборот на автомобил

Што ви е најважно кога бирате Автомобил ??
каква опрема да има ??, дали тоа би бил половен автомобил или нов ??


ај за тие што имаа проблеми со видот да му поедноставам очигледно, не се произнесуваат по темата, ами сакаат да бидат центар на внимание ах бе чупе чупе
 

Kowalsky

Полноправен Член
27 декември 2012
29
11
8
23
Kicevo
Сите се палат на џипови - Land Rover и многу други исто така се палат на БМВ
па то е страшно.Можеби поновите џипови и БМВ се поубави од застава , но
и со Шкода ќе појдиш до Скопје или Белград и со БМВ ќе појш само што со
БМВ ќе појт три пати побрзо ... Поздрав :)
 

incule

Староседелец
5 јануари 2015
739
127
1,053
26
Опремата и дали е издржлив и дали има се што треба
 

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,761
786
1,133
Skopje
@incule ако е превртен на кров и калемен после тебе опремата ќе ти биде приоритет ?
 

123456789deset

Истакнат Член
18 јули 2018
96
35
128
38
од постари што сум слушал муабети при купување половни бозило најбитно е да се провери компресија на моторот за да се види дали енок и внатрепниот ентериер да се разгледа, рачки ж, волан и такви работи дали се излижани што укажува на тоа колку е користено возилото


Sent from my iPhone using Tapatalk