Книжевен предизвик за 2017та година

Колку книги планирам да прочитам годинава?

  • Вкупно гласале
    17
Статус
Затворена за нови мислења.

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Процедурално, како и секоја година така и оваа ја отварам темата за предизвик на прочитани книги. Значи накратко, која е отприлика вашата бројка на прочитани книги која си ја имате зацртано во главата? Дали веќе имате одреден редослед, омилен жанр, писател, серијал кому би му посветиле повеќе време годинава` или едноставно ќе одите на некаков random pick, па што и да падне, добредојдено е?
Кога сме веќе кај предизвициве, дали често ги практикувате, или пак буквално терате егзистенционалистички филм, не се замарате со бројки, вадење статистики, правење на топ листа на најубави прочитани книги за годината?

Апропо темава, правилата се јасни и едноставни. Се пишува името и авторот на книгата со кратка рецензија од 3-4 реченици минимум.
Е па големи книгољубци, обожаватели на пишаниот збор, make every book you read, count!
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and malo

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Последниве неколку години не читав многу, ама ете сега ке си ветам дека барем 20-30 книги ке прочитам годинава, гласав за таа бројка чисто како да ме потсетува :)
Ке почнам уште вечерва ,,Автобиографијата на еден јогин,, од Парамхамса Јогананда стои прочитана до пола и фаќа прашина.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BioTrpe

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Нажалост цифрата ќе биде околу 5 (пет) оваа година, како и претходнава, полека но сигурно се одвикнав од читање, се измести перцепцијата некако :( а еден куп фаќаат виртуелна магла на хард дискот, заедно со последната за нерешени убиства и мистерии...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BioTrpe and malo

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
1. По препорака на еден од двајцата вработени во книжарницата, ја зедов „Собирачи на пепел“ од Давор Стојановски. Како љубител на егзистенционализмот како правец во книжевноста. книгава ми ги има задоволено апетитите. Како правец на кој се отклопчува самата приказна, би рекол дека е доста хаотично напишана и мислам не го нуди чувството дека длабоко можеш да завлезеш во истата. Психолошкиот приказ на младиот протагонист е одлично доловен, тој се чувствува загубено во своите стравови на приврзаност со што ствара еден егзистенцијалистички свет, каде се` е минливо па дури и подлабоките врзувања меѓу него и неговите блиски, раѓајќи на моменти и одредени мали форми на нихилизам. Дотука е се` одлично скоцкано. Проблемот е поставеноста на животните приказни што самиот протагонист пробува да ги долови на читателот (раскажува во прво лице). Иако книгата не изобилува со многу споредни ликови, сепак самата раштрканост на приказите од едно време па во сегашноста, па во раното детство, па во сосема друго време па повторно навраќање во сегашноста дава еден вид на предизвик, иако книгата нема некои затскриени пораки, едноставно се чита онака како што е. Крајот е малку конфузен, тука имам чувство на недореченост и обид на претенциозно објаснување на приказната во целост, но се` на се`, со малку повеќе сконцентрираност ја добивате големата слика. Само последното поглавје не ми беше нешто јасно.... Дали тој се почувствува слободен и конечно ги разби прангиите на секојдневната монотоност?
Се` на се`, солидно парче литература, ме поттикна доста да размислам за личните избори што во иднина би ми се пружиле. За оние изминатите.... времето веќе одамна е пројдено.
Оценка 4/5. Издание Или-или (160 стр.)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ScorpioNka and malo

BioTrpe

Истакнат Член
29 октомври 2015
252
173
143

Каде е "2." ?
Па ок, со мало заедно читаме исти книги, ама ете, ја помалку некако. Значи сите книги што ке ги пише, ке одземем на крај некоја и тоа ке е финалниот број ^_^
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Каде е "2." ?
Па ок, со мало заедно читаме исти книги, ама ете, ја помалку некако. Значи сите книги што ке ги пише, ке одземем на крај некоја и тоа ке е финалниот број ^_^
Рано е за 2 уште. Мада оди лека полека. Ќе пишам кога ќе стигнам до крај :zelen
 
Londoner

Нов член
9 јануари 2017
3
10
3
London N4
Ја би типувал од 0 до 20, хехе.
Прво, за жал, книга читам само во метро, два пати по 15 минути дневно, 5 пати во неделата.
Второ, преферирам e-книги (иако книгите овде во Лондон се смешно евтини, од 20 пени до 7-8 фунти за актуелните бестселери).
Пред некој ден ја започнав The kafir project од Lee Burvine, следна на ред ми е Dark matter од Blake Crouch.
Колекцијата од шест крими-трилери (Stone Cold - Baldacci, The Return - Nesser, The man from St. Petersburg - Pollett, Risk - Francis, Dark harbour - Hosp и Dead simple - James), подарок за Божиќ, ќе мора да причекаат до лето, до кога планирам да ја завршам мојата книга (дистописка научна фантастика), моментално заглавена на страна 68 :/

Edit:
И да, здраво на сите тука ;)
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Мачешки писма - Оја Бајдар (252 стр. Или-или)
5/5
Оваа книга е од оној тип на книги кои ги читаш чисто за уживање, без некои големи очекувања за развој на некаква каузална поврзаност, иако сите ликови (мачки и луѓе) имаат тенка (не)раскинлива врска. Реков дека е за мачки и луѓе, секако паралелно развивајќи се едниот свет крај другиот. Иако во романов, мачките имаат по мене, натприродни моќи на меѓусебна комуникација и разбирање на се` што се случува во нивниот свет, сепак мислам дека описот е исклучително интересен да се прочита, особено ако сте обожавател на овие четириножни крзнени суштества. Паралелно на тоа, подлабоката приказна, особено изразена во релацијата меѓу мачките и стопан(к)ите, како и на луѓето меѓусебно, покажува затскриена порака на ревност и бунтовност на системот кого човекот, а преку него и мачката го изразува во тешките моменти и како домаќин, и како политички бегалец, туѓинец во друга држава. Не за џабе некаде на почетокот има еден познат цитат (и неизбежна мала паралела меѓу кучиња и мачки): Мачката се приврзува кон домот, кучето кон стопанот. И ред други mainstream „заговори“ како и неизбежното трагање на смисол на животот од страна на луѓето како и поставувањето на прашањето „зошто?“ од страна на мачките.
Кој е обожавател на овие миленичиња, секако дека ќе ужива во прочитаниов релативно кус роман.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ScorpioNka and BioTrpe
Статус
Затворена за нови мислења.