Класична музика | Црнобело Форум

Класична музика

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,016
9,644
1,683
Normandy
.... или кој како ја дефинира. Некои ја викаат озбилна, други - музика допадлива за секого.
Колку сте запознаени со неа? Дали ги посетувате често концертите на филхармонијата? Омилен композитор, дело, епоха?
 

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
27
Битола
Не слушам пошо м ие онака ептен озбилно музикаат ( а јас иако имам 18 сум дете од 5 години во душата) и сакам нешто по весело... еднаш ама само еднаш ми се деси пред некое време да слушам моцарт и да уживам ама тогаш бев дрво пијан... па можи зато..:)
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,053
1,183
Многу ретко слушам, пред некоја година кога посетував часови по пијани свирев само некои сонати од Моцарт, Бетовен и други.
Еден професор по музичко кажа на еден час класичаната/озбилната музика е за постари луѓе. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: cakar_ulav

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,016
9,644
1,683
Normandy
Многу ретко слушам, пред некоја година кога посетував часови по пијани свирев само некои сонати од Моцарт, Бетовен и други.
Еден професор по музичко кажа на еден час класичаната/озбилната музика е за постари луѓе. :)
Интересно... Токму Бетовен и Моцарт се воведот на класичната музика, со нив се упознава човек во оваа сфера.
Исто можеби и барокот (Бах, Хендл) затоа што е премногу математички и има едноставен ритам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selma

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,016
9,644
1,683
Normandy
Еве едно мало освежување - неколку песни за оние кои допрва влегуваат во овој тип на музика.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bibi@ and cakar_ulav

cakar_ulav

Староседелец
20 февруари 2012
1,567
1,926
1,133
некаде во длабочините на темнината
Многу ретко слушам, пред некоја година кога посетував часови по пијани свирев само некои сонати од Моцарт, Бетовен и други.
Еден професор по музичко кажа на еден час класичаната/озбилната музика е за постари луѓе. :)
немора да значи
класичната музика влујае многу на размислувањето и слухот за музика :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bibi@, Saladin and Selma

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,432
9,141
1,683
Кушкундалево
Интересно... Токму Бетовен и Моцарт се воведот на класичната музика, со нив се упознава човек во оваа сфера.
Исто можеби и барокот (Бах, Хендл) затоа што е премногу математички и има едноставен ритам.

Па јас за Бах конкретно не би рекол дека е едноставен ритмички. Слушни му ги сонатите за чело, менуетите за четворораки клавир, слушни ги кантатите кои ги направил. Јас не би рекол дека се со едноставен ритам. Баш поради тоа што е барок изобилува со ситни детали и чести ритмички промени.
Бетовен му бил ученик на Моцарт ама многу кратко време. Заедно со Бах, Игор Стравински и Дмитри Шостакович ми се омилените композитори. Ама од сите нив Бетовен е најмрачен и некако успевал секогаш да долови мрачни моменти. На пример, Moonlight sonata (ама вториот став посебно) или пак втор став од 5-та симфонија Andante con moto, втор став од 9та симфонија Molto vivace poco presto (мојот омилен став).
Моцарт и не ми е нешто посебно освен „Свадбата на Фигаро“, Ein mädchen oder weibchen (од магичната флејта) и уште по некоја суита или соната. Премногу ми е весел за да можам да го слушам активно.