Кинески телефони

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Дали имате искуство со кинески телефони?

Јас лично не би земал кинески телефон, затоа што не се заштитени од радијација, како второ нема гаранција на нив (затоа што и нема никаде делови, ептен некој сличен ако се најде) и како трето со ептен послаби перфоманси се од оригиналните телефони.

Но предноста им е што се ефтини. Но за ефтини пари луѓето се лажат и купуваат кинески (чкарт) телефони.

Што мислите вие за кинеските телефони или за мобиларите што продаваат кинески телефони?
 

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Катастрофа се.
Да ти падне одма се крши за разлика од некои други..нема што да се коментира..
 

Maks

Староседелец
Имав една Нокиа н95 кинеска, катастрофа беше инаку на прв поглед си беше како оригиналот но батерија не држеше повеќе од 1 ден камера пишуваше 5 мп а нема врска дали едвај 2 мп беше според квалитетот на сликата и некогаш не ме слушаа јас што зборувам со прекини се слушало многу и ја баталив. Кинески телефон никогаш повеќе не ми паѓа на памет да земам :)
 

smeker

Староседелец
9 март 2012
768
979
1,103
Скопје
Не би земал кинески телефон па што сака нека биде.Ќе бидам без телефон ама кинески не зимам.
 

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
Со кинески телефон гратис иде некој рак после некое време користење (ако успее да преживее), а фактот што најголемата гаранција што ја даваат е 24 саати кажува се.
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Со кинески телефон гратис иде некој рак после некое време користење (ако успее да преживее), а фактот што најголемата гаранција што ја даваат е 24 саати кажува се.

Гаранција додека излезеш од дуќан. Или додека излезеш од пазар. :rofl
 

alekcacko

Полноправен Член
4 март 2012
45
4
8
33
Bitol, Bitola, Macedonia
Јас имам искуство со кинески телефони: имав нокла(на кинески е така) н97 мини. Ама телефон, никаков, чкарт.Ама, сеа си зедов нокиа н95 оргинал на старо за 2000
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Недај боже да ви се расипе, амин правење. Никој нема делови за нив. Ако се расипе првата канта е ваша. :D