Кафани за мерак

efederer

Админ
Член на администрација
2 октомври 2011
156
256
1,063
Факт е дека сите имаме мерак да си седнеме понекогаш со друштво во кафана, дали со музика или без, битно е да се истера ќеифот и редот.
Каде најчесто вие се „кафанисувате“? Препорачајте добри кафани, спомнете од прилика како идат цените, ако имате бројче за резервација споделете го, што вреди да се проба, има ли музика - и не заборавајте да наведете во кој град се наоѓа, па и подетално каде.
Ако мене ме прашате, фаворит ми беше порано Буре во Лептокарија заради добрите пилешки крилца ама ептен ги качија цените. Еднаш сум била во Дукат во Капиштец во продолжение од Воденица, културно местенце, со тамбураши свират ми се чини секој ден. Окарина одевме за весеље заради музиката, а ако сакате за до 4 сабајле - Македонска Куќа во Парк.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Ако мене ме прашате, фаворит ми беше порано Буре во Лептокарија заради добрите пилешки крилца ама ептен ги качија цените.

Ова Буре ми го збореа, а никако да отидам.
Е, пред два три дена го посетив и искрено цените ми беа многу приступачни. Ако ти кажам што све изедовме и испивме три жени ( нема смисла срамота е дека нели жените увек салата зобаат само :giggle) а не чинеше околу 1.500 денари, мислам дека е сосема ок цена. Па какво сирење во фурна имаат...:gladen

Иначе моја препорака, за онака лајт атмосфера, вкусна храна би биле:
Гурмет - Д.Маало ( убедливо најдобриот топло-ладен десерт го прават тука и салата од спанаќ)
Јана- Д.Маало, има пријатна атмосфера.
Мрс- Аеродром, кај Три Бисери со исклучок кога пее ИренА Спасовска кипот, која ќе те натера да си заминеш со брзина на светлината.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,409
1,133
www.crnobelo.com
Јана- Д.Маало, има пријатна атмосфера.
Ова карши Центар за странски јазици, или преместено е?
Зошто пред 2-3 недели поминав таму, рушевини беа кај што беше кафаната.
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Ова карши Центар за странски јазици, или преместено е?
Зошто пред 2-3 недели поминав таму, рушевини беа кај што беше кафаната.
Таму треба да биде, ако не ја преместиле или ко шо викаш ја срушиле :giggle
Па пред Нова Година поминав таму, на место си беше...што се десило во меѓувреме не знам. :)
 

Blueberry

Староседелец
12 февруари 2012
210
158
1,043
Скопје
Орхидеја во Жданец - за најгага помин без конкуренција :) И се пуши внатре :)
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
А за онаа Колиба што ќе кажете? Јас не сум бил, сакам да слушнам мислења на тие што биле. И кај се наоѓа поточно. Знам само дека освои лани најдобра кафана во Скопје.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Дечки предлог кафана кај што има вкусни пилешки прсти и ефтина водка, а кафаната да не е биртија и да искачаат младичи ? :)
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Мене онака по мерка ми се Два елена во Капиштец и Мезе бар во Аеродром.. Убава храна, пријатна музика, сега малце е скапо, ама вреди да се посетат.
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Корнер и Баба Цана у Куманоо су ми најјаки, има и други добри али овија су ми бш најјако мезе и убаф амбиент сфе тој заедно спаковано сс чашку ракију , ееееееееекстра
А у Скопје наише иду у онија Дебармаалски кафанчиња