Капитализмот и либертаријанската идеја

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Го имаме кај нас примерот со ДрекселМајер сега.
Имаме 300.000 невработени у фабриката. У фабриката се отворени 4.000 работни места. Платите се ниски оти имаме многу голема понуда на работна сила, а многу мала понуда. Сега тие луѓе работат и земаат пари. Кои ги трошат у некоја фирма. У таа фирма се зголемува побарувачката на добра, и мораат да имаат повеќе вработени. Кои ќе ги имаат. Зошто? Оти не можат до вчера ако било маалско дуќанче, а денес е нешто поголем, пак да имаат еден вработен. Кој го отпочнал процесот? ДрекселМајер. Утре иде друга фабрика шо отвора фабрика до Дрексел, и им нуди на вработените барем за 50 посто поголема плата. И прифаќаат. Кога ќе падне невработеноста на 50 илјади, побарувачката ќе биде многу поголема од понудата, и платите ќе бидат далеку повисоки. Едноставна економска логика.
Џобс, кој патем веќе е изеден од групација црви кои не обазирајќи се на неговите милијарди се фрлиле на работа - бил интересен лик, да речеме во неговите фабрики во Кина имаше масовни самоубиства, дури и инсталираа мрежи за да не се фрла раја од покриви....мора да било од среќа тоа...
Пак, ги терал ли некој да работат кај Џобс ако не биле среќни? У Кина живееја до вчера со по долар дневно, некој им давал по 200 долари плата. Малку е? Кога имаат милиони и милиони невработени. Оти? Оти се социјалистичка вукојебина.

Да, кој те тера да работиш, освен ако не си у социјализам, каде мораш да работиш, ако не Голи Оток? :D

Леле, ти оставив едно 10 линкови од реномирани економски сајтови зошто Кејнизмот не функционира, и ти уште тврдиш дека овие држави се такви ради Кејнс?

И у Америка се гордеат со Обамакер, тие шо до вчера не ни знаеле шо е болница.

Сериозно, затоа се Сингапур и Хонг Конг успешни, пошто се мали земји на специфични локации?
Сигурно има некоја афричка вукојебина шо е на специфична локација, ама не е богата, пошто нема слободен пазар и загарантирана приватна сопственост.

Шведска е тоа што е благодарение на слободниот им пазар, а не на Кејнс.

Ама океј, Кејнс и социјализмот се како религија. На верниците нели им црташ, и пак не веруваат. Јебешга.

Кејнс е Избраниот, Месијата на капитализмот и капиталистите треба да му палат свеќа!

А ова со дрн-дрн-мајер е многу јако, чиста теорија, понуда-потражња, оно као суза :zelen
Знаеш дека дрн-дрн-мајер се жестоко субвенционирани од владата на пастирот или не знаеш?
Од што ќе се наголеми потражња бе, со 9.000 (или дури 12.000 со фул викенди и срања) денари работниците шо ќе купат тоалетна од 110 наместо онаа од 99 и 400 грама посебна наместо 350? Колку нови продавници, кафани, спа-центри, хотели и остали места каде радниците на дрн-дрн мајер ги арчат парите се отворени од кога дојде пастир-мајер? Нула? :zelen
И да дојдат нови фабрики и тие ќе даваат иста плата, затоа што работната сила не е мобилна, демек ќе оди некој од Ресен да работи во Кавадарци во фантомскиот конкурент на дрн-дрн-мајер и одма ќе се покачи плата ради намалување на невработеност :rofl
Се е тоа фино во теорија ама економијата е егзактна колку и шаманските обреди...

Друго ми е чудно, што раја која не припаѓа на капиталистичкиот круг на раја е запалена по капитализмот...
Ама тоа е, претежно млада раја сонува дека ќе вози Бугати еден ден и дека ќе газдува, капитализмот и вирее на лажна надеж.

Пак муабетот кој те тера да работиш... не сум љубител на лични квалификации ама сепак дијагнозата е дека само теоретизираш без или со никакво животно искуство :)
 

UpaDown

Нов член
30 мај 2014
20
3
3
Кејнс е Избраниот, Месијата на капитализмот и капиталистите треба да му палат свеќа!
Кејнс е економист исто колку и Маркс. Ти реков, ко од иста мајка браќа. Не успева нивното. Кај и да било спроведено, не успеало. Сите капиталистички земји се успешни благодарение на слободен пазар.
А ова со дрн-дрн-мајер е многу јако, чиста теорија, понуда-потражња, оно као суза :zelen
Знаеш дека дрн-дрн-мајер се жестоко субвенционирани од владата на пастирот или не знаеш?
Од што ќе се наголеми потражња бе, со 9.000 (или дури 12.000 со фул викенди и срања) денари работниците шо ќе купат тоалетна од 110 наместо онаа од 99 и 400 грама посебна наместо 350? Колку нови продавници, кафани, спа-центри, хотели и остали места каде радниците на дрн-дрн мајер ги арчат парите се отворени од кога дојде пастир-мајер? Нула? :zelen
И да дојдат нови фабрики и тие ќе даваат иста плата, затоа што работната сила не е мобилна, демек ќе оди некој од Ресен да работи во Кавадарци во фантомскиот конкурент на дрн-дрн-мајер и одма ќе се покачи плата ради намалување на невработеност :rofl
Се е тоа фино во теорија ама економијата е егзактна колку и шаманските обреди...
Ова нема да го коментирам.
Ако имам на пазар 500 тони пиперки и тројца откупци, кој ќе ја диктира цената? Ама ако имам 500 кила и 300 откупци, кој ќе ја диктира? Најосновна економија.
Друго ми е чудно, што раја која не припаѓа на капиталистичкиот круг на раја е запалена по капитализмот...
Ама тоа е, претежно млада раја сонува дека ќе вози Бугати еден ден и дека ќе газдува, капитализмот и вирее на лажна надеж.
А шо сонува рајата у социјализмот, која цел живот останува раја и само раја?
Пак муабетот кој те тера да работиш... не сум љубител на лични квалификации ама сепак дијагнозата е дека само теоретизираш без или со никакво животно искуство :)
Ни ти ни Постоење не ми одговоривте кој е системот кој ги храни луѓето? Кога веќе се изјасни дека не си фан на држава како институција. Значи не е државата, не се фирмите. Кој ли е?

И да, ЦЕРН го создаде интернетот. И 20 години остана само на вмрежување на 5 компјутери. Кога некоја приватна фирма го виде потенцијалот, и го разви до тоа шо е денес, видовме сите благодет од интернетот.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Церн го создаде ворлд вајд вебот, ако Бернерс Ли работеше за профит сега немаше да постои нет немаше да постираме тука итн. а за другото ќе помуабетиме утре :)

Интернетот е марксистичко-ленинистичка измислица! :D