Кампања против тестирање козметика врз животни

The_countess

Истакнат Член
10 јуни 2012
441
547
193
25
Британските активисти пробале со шокантен перформанс да ја предупредат јавноста на суровоста над животните во козметичката индустрија.

Ја заврзале со јаже околу врат и ја влечеле наоколу. Устата со сила и ја отвориле со метални куки и ја тегнеле за коса. Тогаш започнале да ја хранат. Жаклин постојано пробувала да се ослободи но се било попусто.


Следните десет часа оваа атрактивна 24-годишна артистка ја мачкале со разни абразивни средства, и давале инекции, и ја избричиле главата и тоа се пред очите на минувачите на една од најпрометните улици во Велика Британија.


Во исто време на некое друго место, можеби во лабораторија која тестира козметика, беспомошно животно е истотака подеднакво брутално мачено со тестирање.


Разликата е во тоа што Жаклин по овој перформанс е слободна и може да си оди дома а животните на кои се прават тестирања откако ќе ја исполнат својата задаќа ги убиваат.


Жаклин доброволно се пријавила за главната улога во овој перформанс за да го сврти вниманието на јавноста за суровоста низ која поминуваат недолжните животни на кои се вршат разни тестирања во козметичката индустрија.


Илјадници минувачи, купци и туристи биле шокирани додека гледале како маж во бел мантил со маска на лице пробувал да и даде инекција против што таа толку се борела што дури и раката и прокрвавела.


Шокантен бил и моментот кога и ишишале дел од косата што е редовна пракса во лабораториите кога на некој дел од телото треба да се стават електроди. Пишува „Дејли Мејл“.


„Се надевам дека ова ќе ја подигне свеста кај луѓето за конечно да почнат да размислуваат за тоа што купуваат и што сѐ се подразбира под производство на одредени добра“, изјавила Жаклин.



 
  • Like
Реакции: Natalididi

Serenity

Нов член
23 јули 2012
18
12
3
браво за храброста на жаклин. жално е стварно шо некои комапнии сеуште вршат тестирање врз животни ка може да се тестират препаратите и на друг начин
 

dalmatian

Полноправен Член
2 март 2014
50
12
8
Животните се најголеми жртви.Секако браво за храброста на девојката.Секако жал ми е кога ги убиваат и за кожа и сл. Или пак кога испробуваат некои лекови,бев читала дека за да се открие некој лек мислам штотуку направен за да се испита дали ке делува земале малечки мајмунчиња и прво едно.Ке го разболат ке почнат да го лекуваат,ке умре,крја,друго,трето и се така натаму... Мислам греота е..
 

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
26
домче
Затоа ќе си купувате ефинта кинеска козметика од „се за евро“, „ се до 60 денари“, „се до 100 денари“ и сл.
Кармин 30 денари, креон 20, крем цела кофа 40 ден, сет сенки 65 ден....

Тие 100% не се тестирани на ништо...:svirka