Камери за набљудување на сообраќајот...

990Freak

Староседелец
12 март 2012
1,275
1,911
1,123
Kumanovo
Колко ќе има пишување казне за глупости сга, јаоо. Не си возија сс кратки светла, сс позицију си возија...
Не си имаја бели светла, него жути. Мизерија.
 

Maks

Староседелец
Низ Европа во секоја држава има камери но служат само за текот и набљудување на сообраќајот и регулирање на раскрсниците (казна има само доколку се поминува на црвено или се направи потежок прекршок) ги има насекаде низ градови по автопати на паркинзи. За некој работи нема да биде фер (мислам на престројувањето) имаат напоменато дека ке има казни ако не се престројуваат прописно што верувам за ова најмногу казни ке имаат и тие што не се од Скопје :) Не го познаваат градот доволно и често може да се случи да се престројат на лента за право, а требале да вртат лево - десно или обратно. Со ова би направиле прекршок преминување на полна линија од една во друга лента на коловозот што е казниво според законот.
Подобра варијанта ке и било да вградат радар камери за брзина кои мерат и сликаат таблица и возач (дење и ноќе) доколку е прекорачена брзината како што има секаде низ Европа.
 

Coelho

Староседелец
2 април 2012
287
493
663
Скопје
Мислам дека сум сведок на сообраќајни несреќи почесто од колку што треба да бидам.

Многу пати ми се случило да заглавам во сообраќај затоа што две коли се судриле, или пак три. Или некој со мотор паднал, удриле човек или срушиле ограда. Најчесто гледам сообраќајни несреќи на раскрсницата во Тафталиџе, кај Верото (Октомвриска/Иво Ловел Риба) или на раскрсницата што е веднаш после таа (Октомвриска/Партизанска) бидејќи таму има многу сообраќај постојано. Па се случува да си вртат по тротоари кога ќе им текне, па подбутнуваат семафори и огради. Си поминуваат на црвено и пешаци и коли, гајле си немаат. Но си се однесуваат многу смирено, како ништо да не е.
А овие две раскрсници беа едни од првите раскрсници кои одлучија да ги накитат со камери кога прв пат ги воведоа камерите.

Ако некој сака да се однесува како да е дојден од провинција и да не почитува ни едно правило - тоа си е негово, но не смее така да се однесува кога е пред волан. Сепак, не зависи само неговиот живот од одлуките што ги донесува зад својот волан. Ќе си мисли дека да се помине на црвено не е ништо страшно, се додека не се случи нешто - па потоа ќе се прашува што ли мислел и ќе се кае цел живот. За што? За една минута (повеќе или помалце)?

Треба да најдат некој начин да го решат овој проблем, но не знам колку камерите се соодветни и колку ќе помогнат. Дали воопшто правилно ќе ги користат и колку време ќе преживеат пред некој да одлучи да си поигра со нив?
 

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
Кај нас на папир све убаво звучи само кога ќе помине време којзнае кои дубари ќе се праат иначе ептен е добро ова, ако биде правдата неселективна (како што би требало да е ама кај нас не е ) ќе се стави ред на копачи со спуштени застави, голфови и остали wanna be тркачки коли што возат по 120+ низ град за да се самодокажат и да си ги мерат на кој му е поголем во дотичните села ќе биде ок. Башка стравот лозјето го чува, Лондон како град со најмногу камери низ улиците, откако почнале на секој ќош да ги ставаат драстично има опаднато криминалот, па дури и ставаат само кутија од камера а внатре празна (ама од кај да знаеш дали има или нема), па така по банки, продавници од 20 кутии за камери само 5 се полни, ама не му се ризикува на никој, интересно е тоа. Од друга страна во земја како нашата кај што едвај функционира правото и заштитата на приватноста може да паднат големи злоупотреби на камерите и со нив да се нарушува приватноста на граѓаните.
 

Maks

Староседелец
Список... Поставени камери во Скопје:

- Булеварот Партизански одреди, кај зградата "Тифани"

- Раскрсницата на Партизански одреди со булеварот Климент Охридски

- Раскрсницата на Партизански одреди со улицата Рузвелтова

- Раскрсницата на Партизански одреди со булевар 8 Септември

- Раскрсницата на Партизански одреди со улицата Никола Парапунов

- Раскрсницата кај надвозникот Влајко во населбата Влае

- Пред мостот Обединети нации во населбата Карпош 4

- Улицата Теодосиј Гологанов, кај "Алумина"

- Раскрсницата на улица Теодосиј Гологанов со булевар Климент Охридски

- Семафорите кај зградата на некогашна "Нова Македонија"

- "Рекорд"

- Булевар 11 Октомври, на раскрсницата кај Градска болница

- Булевар 11 Октомври, на раскрсницата кај Црвен крст

- Раскрсницата кај Комплексот банки

- Булевар Јане Сандански не семафорите кај новата Железничка станица

- Булевар Јане Сандански на раскрсницата кај ТЦ "Скопјанка"

- Булевар Јане Сандански на раскрсницата кај ТЦ "Три бисери"

- Булевар Јане Сандански на раскрсниците пред и по ТЦ "Бисер"

- Раскрсницата на булевар Јане Сандански и булевар Србија

- Пред мостот Гоце Делчев

- Семафорите на булеварот Гоце Делчев, кај ТЦ "Мавровка"

- Раскрсницата на Бит-пазар

- Пред Железничкиот мост на улицата Адолф Циборовски, во населбата Хром

- Улицата Илинденска, кај Владата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN and ipopovski

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
а како за промена, да почнат да се поштуваат сообраќајни правила, место да се наоѓа начин како да се избегнат камери, џандари и слично? немојте после со муабети “еј запад е, тоа друго е“ и овде ќе биде друго кога ќе се почитуваат правилата
 

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Се ова убаво само колку ќе функционира е прашање. Гарант и за ова ќе има ургенции епа тоа е најголемиот проблем кај нас врски треба прво на тоа да се работи па коа ќе почне да се казнува е сите ќе почнеме да ги почитуваме правилата. Треба и да се удри кампања пред се во школите дека правилата треба да се почитуват прво за сопствена безбедност , а потоа за безбедноста на другите и на крај за да не платите казна. Вака се ова е ветер и магла коа знаеш дека никој нема да те казни
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Јас па не знаев дека не снимаат па се пазев цело време од нив(facepalm)
 

VULKAN-PEPEL

Истакнат Член
24 март 2012
160
126
343
убава работа но трба некој убаво да гледа и да рока казни по милион во ден па буџет треба бе браќа да се наполни. Инаку како во скопје што се вози никаде во светот секој вози како него му одговара кршејќи сите собраќајни правила.Искрено се надевам дека законот ќе важи за сите