Камери за набљудување на сообраќајот...

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
ск смо спремни и ми за јутуб ситуацие за да се сниамо по раскрснице, само дали ке ни пишеф казну ако не фатиф куде дувамо на пешачки :rolleyes:
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marick14

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
И тоа како ни се потребни камери. Возат како будали, газат луѓе. Прават сообраќајки.
 

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
17.06predupreduvame1.jpg

Министерството за внатрешни работи започна со примена на проектот “Безбеден град“, односно со системот на безбедносен видео надзор на улиците низ Скопје.

Видеото подолу е компилација на дел од досега регистрираните прекршоци меѓу кои најчести се оние за погрешно паркирање.

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, ги презентираше и дописите кои сопствениците на возилата го добиваат од МВР.

„Истите содржат фотографии од возилото на местото и во времето на чинењето на прекршокот, како и соодветен поднесок од страна на сообраќајната полиција, а се испраќаат на адреса на сопственикот на возилото без разлика дали е приватно или службено. Првите поднесоци ги доставуваа полициски службеници, но не е исклучено во иднина истото да го правиме преку Македонски пошти или на друг начин“, рече Јанкулоска.



Досега се регистрирани и доставени околу 150 поднесоци, а поголем број се’ уште се во постапка. Меѓу регистрираните прекршоци, соопшти Јанкулоска, најчести се оние за погрешно паркирање, но камерите на сообраќајниците регистрирале и посериозни непочитувања на сообраќајните правила. Казните за ваквите прекршоци изнесуваат од 50 до 300 евра во денарска противвредност, но, рече министерката, како што е најавено наредниот период нема да се казнува, туку само превентивно ќе се предупредува.

Јанкулоска информираше дека меѓу првите на кои досега им биле доставени предупредувања се двајца познати професори на факултети и селектор на една од македонските национални репрезентации.

Министерката изјави дека се работи на воспоставување во функција и на камерите во Тетово и апелираше до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат до правилата и прописите, бидејќи ќе има засилено присуство на полицијата на автопатиштата во текот на летово со оглед на редовното зголемување на фреквенцијата во текот на годишните одмори.

„Во тој контекст би кажала дека мапата на радарските контроли која ја објавивме минатата година, останува на важност и оваа, а на располагање на возачите е и апликацијата ’Внимавај радар’ која што ја изготви Министерството за информатичко општество“, рече Јанкулоска.

сега казните мвр ќе ги пишува врз основа на видео снимка
добра е или лоша практика што мислите вие ??

http://www.taratur.com/node/34422
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ana.ana

Coelho

Староседелец
2 април 2012
287
493
663
Скопје
Божем не се знаеше дека пола од населението во Македонија поим нема како да вози (или паркира) па сега видеово ќе не стави сите во шок.

Малку off-topic: ни еден од вас не го користи правилно ни Willy Wonka ни Yao Ming.
 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Да ти е*ам буљашите од МВР, уште да снимаат кога ќе прдне некој на улица и јачина...(n)

Туку ајде да не давам идеи! :S
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marchisio