Камери за набљудување на сообраќајот...

Hexasto

Истакнат Член
16 февруари 2012
1,095
1,633
113
Македонија
Потребни се и тоа итно..ова сообраќајнава култура е на рекордно ниско ниво више не се издржува..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Maks

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com
Потребни се иако сега за сега тие што се поставени не се во функција..

Мислам дека тие камери се поставени само за увид на сообраќајки и слично.Тие не се радари за мерење на брзина.Бар така знам :D
А тие камери што ги ставија мислам дека работат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum and Maks

Maks

Староседелец
Мислам дека тие камери се поставени само за увид на сообраќајки и слично.Тие не се радари за мерење на брзина.Бар така знам :D
А тие камери што ги ставија мислам дека работат.
Тие камери се поставуваат за увид на сообраќајки, недозволено поминување на црвено светло и секаков друг прекршок што може да се забележи на нив:)
 
ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,409
1,133
www.crnobelo.com
Ве советуваме од денес повеќе да внимавате како возите во главниот град! Од денес работат безбедносните сообраќајни камери во Скопје!

Дневник пренесува дека од денес, 7ми Мај 2012-та година работат сообраќајните камери во главниот град. Поставени се над 100 камери на главните локации и сообраќајници во градот, и преку нив ќе бидат снимани несовесните возачи и казните ќе им бидат испраќани директно на домашната адреса.
Според надлежните има камери кои се фиксни, но има и камери кои снимаат и 360 степени, но и камери кои можат да снимат до најситни детали. Ќе се ловат сообраќајните прекршоци – поминувањата на црвено, непропуштањето пешаци, непрописното престројување, итн. Казните со доказниот материјал ќе бидат испраќани на домашната адреса на престапниците.

od-denes-rabotat-soobrakjajnite-kameri-vo-skopje.jpg

Но покрај казните, се најавува дека со камерите ќе се следи протокот на сообраќај во главниот град и дека со нивна помош ќе се оптимизираат зелените бранови низ градот со цел полесно минување низ центарот и намалување на сообраќајните гужви. Според експертите, времето потребно за стигнување од една до друга локација во градот би можело да се намали за една четвртина, а со тоа да се намали и потрошеното гориво.
Според законот, снимените материјали ќе се чуваат до шест месеци, а потоа ќе бидат уништени, освен оние материјали кои се користат како доказ во кривична или прекршочна постапка.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: VULKAN-PEPEL, Maks and JaMi

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
30
Струмица
Ова е од една страна убава работа, значително ќе се намалат сообраќајните несреќи, несовесното возење и.т.н.. но од друга и баш не е, се нарушува едно од основните човекови права, правото на слобода... баш за оваа тема зборувавме и со професорот и тој ни рече дека пред 20-тина години го имало истото и во Германија, и таму настанал хаос од тоа... кога им ги праќале дома дома снимките, а тоа било скриено од домашните, настанувале кавги, а најчести биле разводите, за ако се фатени во колата со друг/а маж/жена... и откога го виделе незадоволството на граѓаните ги извадиле камерите, а притоа за нив потрошиле многу голема сума за пари... така да можно е и тоа да биде кај нас... можеби и не треба да се праќаат тие снимки дома, можеби тогаш ќе е подобро и нема да се доведе и Македонија до истата ситуација како што било и во Германија...
 
4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093

нема сликите да се пракаат на домашна адреса ... само казната и поканата за суд - сликите ке бидат како доказ, доколку некој се прави паметен (не бев јас!!! ааа не не, јас не поминав на црвено - јас само на плаво возам) :ladno
така да, Цаци слободно швалерисувај се ... никој нема да дознае (bandit)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Caci and Sugar

Alix

Полноправен Член
18 февруари 2012
28
44
13
сега ќе ми биде страв да го отворам поштенското сандаче(bandit)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN