Калиопи

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Реално,Калиопи е една од музички најпоткованите личности кај нас,како текстописец и како вокал. Во Идол само таа можеше да критикува на музичка основа било кого од натпреварувачите. Игор и Тони беа таму за шоу,иако беа многу праведни,настрана од Игоровата блуз кариера. Таа знаеше и најмногу да испофали ако некој заслужеше,а и единствен што се залагаше за да ги среди како артисти од целата таа екипа беше Калиопи :)
Абе во ред е се тоа. Во право си. Образована си е, и си има талент, и се’. Јас само дадов пример со тоа за Идол, дека навистина не можам да и’ ги слушам речениците - додека не отвори уста за да пее.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: kizzo

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Се согласувам со повекето овде околу препотентноста.
Многу извештачена личност.
Но неспорен вокал.
Нит да ја гледам,нит да ја слушам кога зборува,но кога пее несомнено воодушевува.
Скоро коплетен уметник.
Но човечноста и е на ниво 0(нула).
Може некој ке проба да ме демантира со нејзините,,добрини,, и ,,хуманитарност,, но џабе и на кравата кога дава млеко кога го истура.
Можеби помага,не велам не,но сето тоа што го прави веднаш во прва емисија во која е гостинка го накажува,односно се фали.
Дури ми се чини дека кога не би имало каде да гостува за да го искаже она што го помогнала,нема ни да помогне.
Колку да спомнам само за она што кога гостуваше во една емисија,пола саат раскауваше како земала едно циганче од улица,го избањала,му дала да се најаде...па дури како и секогаш се расплака дур го кажуваше тоа,а плачењето и е втор заштитен знак.
Првиот и е уникатниот вокал,за кој и на почеток го нагласив како неспорен.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: kizzo and Arkantos

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Имаше ваква тема па ги споив :)

Оваа мие многу убава нејзина песна, мене не ме иритира. Калиопи ми беше првиот идол, уште од мали нозе ја слушав и и' се восхитував на гласот.