Калиопи

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Калиопи Букле (родена како: Калиопи Буклеска) е познат и истакнат македонски уметник, вокален интерпретатор, композитори текстописец. Во својата татковина често е нарекувана Поп дива или Кралица на македонската поп музика. Таа е доста позната на екс-југословенските простори каде врвот на кариерата го достигна во осумдесетите. Во Македонија важи за вонсериски уметник од светски калибар, кој покрај извонредните вокални способности во рамките на поп музиката, изведува и компонира музика за филм, театар и балет. Оваа година не престави на евровизија и се плаиравме на место.

0A6348E97052624A91686DADB24DDAFB.jpg


Калиопи ја слушам од мала, израснав со нејзините песни. Се сеќавам колку се радував кога ми донесоа касета од неа. Според мене таа е најдобар женски вокал во Македонија.

Еве ги моите омилени песни од неа, можеби и ќе испуштам некоја:giggle
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Убаф глас, можда најубаф македонски женски вокал
омилени траке бато и обоиме, а овија днови и неробјанко:rolleyes:
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD and Selma

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
Знаејќи кој менталитет сме, можам само да замислам кој тип на статуси и коментари ќе имаше доколку Калиопи не се пласираше во финале,ама за среќа ете влезе и сеа има тема ...а пред тоа немаше :)

од секогаш сум ја обожавала...најмногу ради тоа што нема срам јавно да ги покаже својте емоции. И ги знам сите песни ама оваа ми е вери спешл...
(inlove)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Да бидам искрена, никогаш не сум била фан на Калиопи. Дури и антипатична ми е.
Го почитувам нејзиното творештво и гласот кој го има, но едноставно би било лицемерно од моја страна, после Евровизијата, така одненадеш да ја засакам Калиопи.
Не сметам дека е прецената од страна на публиката, напротив, таа е еден извонреден изведувач каков Македонија нема уште еден. Но, таа себеси се преценува. Ми делува дигнато, како некој кој со носот ги пара облаците. Славата си го сторила своето.
Сепак, секогаш сум слушала песни на Калиопи. Како омилени би ги издвоила Обои ме, Бато, Месечина, а најдрага ми е Дали ме сакаш...
За евровизиската Црно и бело немам што да кажам, а да не е кажано. Песната е некако посебна, а изведната перфектна. Права песна за неа. Достојно не претстави пред Европа. Сметам дека е најдобриот претставник кој сме го испратиле досега, а после неа го ставам Тоше.
Пласманот беше очекуван, зашто кој и да го испратиме сепак сме ние Македонија, а гласањето на Евровизија е политика.