Како ја замислувате смртта? | Црнобело Форум

Како ја замислувате смртта?

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,655
3,333
1,153
Бесмртност-збор што не може да се дефинира како добра или лоша работа.
Иначе еве на пример ако си без смртен тоа ти е како жив мртоец , значи ке останиш сам на светов ке дочекаш многу генерации , векови во кој никако не би се фклопил во нив , едноставно ке бидеш како црна овца помеѓу сите бели.
Тоа и ти го зборев,башка има и добар филм на оваа тема кој добро може да те подзамисли се вика The man from earth.
 
Alexander_Vienna

Нов член
21 април 2013
10
1
1
44
Бесмртноста сама по себе не постои,значи без почеток и без крај.А сите ние имаме свој почеток,а онаа вечност пишана во Библијата е и таа условена,никако апсолутна.А сите работи што не опкружуваат,и што ни се случуваат се релативни нешта,целата вселена,просторот.Господ како АПСОЛУТ,сите атрибути што му припаѓаат,сите ние ги сваќаме како вонземски,како нешто неописливо,страно за нас.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,441
9,151
1,683
Кушкундалево

Земи го универзумот како целина. Можеш да му одредиш почеток и крај? Дали е „бесмртен“?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

ComputerService

Староседелец
29 јануари 2013
443
235
1,043
Земи го универзумот како целина. Можеш да му одредиш почеток и крај? Дали е „бесмртен“?
Значи универзумот логички има и почеток и крај , имено можеме истото да го дефинираме и кај бесмртноста кај човекот значи се раѓа - почеток живее се додека не дојде некоја природна или вештачка катастрофа и секако не би го преживеал тоа покрај својата бесмртност , значи сепак и бесмртноста не би постоела.
Иначе универзумот во целост ако го земеме односно свати го како едно населено место со луѓе , едни умираат друѓи се раѓаат , се додека не се случи некоја катастрофа да загинат сите наеднаш , но еден ден пак ке се населат луѓе таму ! тоа значи дека една планета ке се уништи со тек на време ке се формира нова , се додека не се повлечат сите небески тела во некоја ЦРНА ДУПКА , но сепак кога би се повлекле во некоја ЦРНА ДУПКА , пак во тој простор би се формирале пак планети или би останале истите , едноставно речено на овие прашања кои се лесни за поставување но тешки за одговарање - НЕ ПОСТОИ ТАКВА ЛИЧНОСТ ШТО МОЖЕ ДА ГИ ОДГОВОРИ !
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,441
9,151
1,683
Кушкундалево
ComputerService Дали знаеш дека всушност црните дупки имаат животен век? Не можеш да кажеш дека целиот универзум ќе биде проголтан од црна дупка која се наоѓа во самиот универзум, универзумот не се состои само од небески тела. Хипотетички земаме еве дека твојата теорија се остварила и универзумот е проголтан од црна дупка. Црните дупки опстојуваат во време-просторот, а време-просторот опстојува во универзумот. Кажи ми како ова не е парадоксално? Димензиите на универзумот постојат само во него. Не можеш да очекуваш простор надвор од просторот. Во кој простор би се формирале пак планети? Како може да очекуваш дека пак ќе настане простор?

Патем, не мораш да пишуваш СО ГОЛЕМИ БУКВИ. Последен пат кога го отворив форумов можев да читам нормални постови, со нормални букви.
 
Батка не знам како ме свати , но сосема друго сакав да кажам , нема врска :)
 
Primrose

Староседелец
14 февруари 2012
683
1,287
1,093
your nightmares....
 
Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,412
1,103
Прочитав од DarkPassenger мислам , отсуството на животот е смртта. И навистина нема подобро објаснување. Смртта е оној единствен момент во кој завршува животот, но не го претставува и она што се случува по тој момент. Според мене смртта го убива материјалното од човекот(телото) , а духовното останува бессмртно таму некаде на некое место за кое мене лично не ми е потребно име , ниту да го видам на гугл мап. Тоа што верувам дека постои за мене е доволно.
 
Trouble

Староседелец
6 март 2012
1,516
2,611
1,123
Ако сакаш јас да ти кажам како си ја замислувам смртта ќе посакаш и ти така да умреш ко мене, затоа не ти кажувам, премногу ми е убава смртта да за биде смрт (facepalm) После ќе идам у пеколот, и него го замислувам, пошто не верувам и никој и ништо, само се надевам дека има лоши момци и девојки и дека има журки и пиво секој ден :igra
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,318
1,951
1,133
Смртта ја замислувам како права линија на мониторот за ЕКГ....и се надевам дека ќе биде брза, безболна...на пример сакам да си умрам на спиење....