Како хороскопските знаци го уредуваат домот

The_countess

Истакнат Член
10 јуни 2012
441
545
193
29
Начинот на кој гo уредувате сопствениот дом ја открива вашата личност. Изборот на бои, стил и одредени елементи во просторот ги откриваат склоностите и особините за кои можеби не сте ни свесни!
Во уредувањето на домот улога имаат и карактеристиките на хороскопските знаци…
red-interior-design-200x160.jpg
Овен

Одлуките ги донесува спонтано, ја сака својата слобода и има авантуристички дух. Така мебелот во неговиот дом мора пред се да биде функционален и практичен, а естетиката е во втор план. На темпераментот на Овенот му одговараат топли бои како црвената, а мебелот со метални детали го сака повеќе од дрвениот. Просториите во кои живее Овенот се преполни со детали. Омилено место во домот му е собата во која има кревет и полици со книги.

Бик
Бикот ужива во собирање на најразлични предмети и ја цени традицијата. Сака антиквитети, а своите сувенири ги изложува на видно место. Во неговиот дом сè треба да е удобно, квалитетно и со меки облици… Од боите му се допаѓаат зелена и портокалова. Бикот е вистински гурман, па средишно место во домот му е кујната, а најсреќен е кога живее во сопствена куќа со голем двор и многу цвеќиња.
Близнаци
Флексибилни се и вредни, сакаат да се забавуваат и да се дружат со пријателите. Затоа преферираат големи и отворени простории кои лесно се одржуваат, во кои ќе ги организираат домашните забави. Тоа што е задолжително се книгите, но и средствата за комуникација – од телефон до најнов модел на компјутер и секако, плазма телевизор. Често се селат, па мебелот мора лесно да се вклопува и расклопува. Преферираат жолта, светло сива и светло сина боја.
Рак
Раковите се познати по својата страст за колекционерство, нив им треба голема сигурност и важно им е да се чувствуваат удобно и спокојно во својот дом. Ѕидовите често ги украсуваат со семејни слики и фотографии од патувања, а преферираат меки материјали и плиш. Сакаат топли бои како виолетовата, а омилено место во куќата им е дневната соба во која мора да има големи и удобни фотелји.
Лав
Interior_Chair_in_the_living_room_024821_-200x160.jpg
Важна им е пораката која ја испраќаат со својот модерен ентериер и обожаваат уникатност и луксуз. Повеќе сакаат да живеат во куќа, а ако се присилени да живеат во стан, тогаш тој повеќе ќе наликува на салон отколку на стан и секогаш ќе биде во центарот на градот. Од бои, Лавовите преферираат златна и бела боја. Најголем дел од времето поминуваат во своите големи фотелји и кралскиот кревет.


Девица

Девиците се скромни, но сепак тежнеат кон перфекционизам. Веќе од самата врата може да насетите дека во домот на Девицата сè е под конец, со мирис на чистотија уште од самиот влез на домот. Функционалниот мебел го комбинираат со одбрани детали, а покрај естетиката важен им е и квалитетот на предметите. Задолжително има и огромна библиотека. Од бои обожаваат бела, кафена, беж и зелена, а средишно место во домот им е дворот или балконот.
Вага
Вагите се познати по добриот вкус, друштвеноста и чувството за уметност. Секогаш со стил, тежнеат кон луксуз и често забораваат на функционалноста на елементите. Во домот на Вагите сите простории се ускладени со бои (најмногу преовладуваат бела, сребрена и сина). За Вагата заштитен знак е убавината, па најмногу време поминуваат пред огледалото, затоа во домот мора да има големо впечатливо огледало. Најмногу се гордеат со својата бања.
Скорпија
Познат е како многу силен знак, лојален кон пријателите, но затворен кон непознатите. Скорпијата се згрозува од просечност и умереност и на сè става свој личен печат. Мирисливите свеќи и стапчиња се неизоставен елемент во домот на Скорпијата. Централно место во домот зазема спалната соба. Освен голем кревет, комоди и столни ламби во оваа соба не треба да има ништо друго. Сѐ е во комбинација на црната и црвената боја.
Стрелец
16194_29_iff-200x160.jpg
Стрелците често патуваат, великодушни се и постојано се во потрага по смислата на животот. Отворени се за голем број на култури и нивниот дом често е исполнет со спомени од патувањата. Идеалниот стан на Стрелецот е простран, има високи тавани и богато е опремен. Виолетовата, жолтата и темно сината боја се најчесто користени бои. Стрелецот спие во најголемиот можен кревет, покрај кој се наоѓаат безброј списанија, скапоцени шишиња со парфеми и неизбежниот авантуристички роман.
Јарец

Ладни, воздржани и скромни луѓе како типичниот Јарец го уредуваат својот дом само со мебел кој навистина им треба. Не сакаат детали и штедат каде што можат, а сѐ што купуваат го купуваат да им трае до крајот на животот. На Јарецот му е многу важна светлината и дење и ноќе, па затоа завесите се секогаш растргнати, а ламбите се насекаде во просторијата. Преферираат јасни линии и цврсти материјали, како камен. Од боите најмногу им се допаѓа сината.
Водолија

Водолиите сакаат да експериментираат, екстравагантни се и тежнеат кон оригиналност. Во нивниот дом се испреплетуваат различни стилови, често го менуваат распоредот на мебелот, сликите и украсите. Во секој случај, ништо не е пренатрупано бидејќи Водолијата не го поднесува тоа. Од материјалите им се допаѓаат стакло, бамбус и алуминиум, а најдобро се чувствуваат во удобно уметничко окружување. Балконот или дворот е местото каде поминува голем дел од времето.
Риби
Рибите живеат во романтичен свет во кој голема улога играат соновите и чувствата. Затоа и нивниот дом потсетува на бајка, топол е и удобен. Идеална локација за нив е куќа покрај море која е креативно уредена и украсена со уметнички детали. Од боите ја преферираат зелено-сината, а домот за нив претставува совршена оаза за мир и релаксација.
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
јас
водолија сум
и дома ми е уредено во стил - вери најс хаос
сѐ си има свое место
се разбира токму таму кај шо не му е местото :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Лав
Interior_Chair_in_the_living_room_024821_-200x160.jpg


Важна им е пораката која ја испраќаат со својот модерен ентериер и обожаваат уникатност и луксуз. Повеќе сакаат да живеат во куќа, а ако се присилени да живеат во стан, тогаш тој повеќе ќе наликува на салон отколку на стан и секогаш ќе биде во центарот на градот. Од бои, Лавовите преферираат златна и бела боја. Најголем дел од времето поминуваат во своите големи фотелји и кралскиот кревет.

Се си имам,па дури и кралската фотеља,само никогаш нема да прифатам а и не сум во центарот на градот.
Затоа и го избрав барокот де,за да бидам секогаш модерна.:sreken
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Лав

Златна и бела боја?
Луксуз?

Јеби га Џо, јас да сум ти бил Девица.

Колку ова па ми нема смисла.
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
а а боја, боја заборајв да кажам
СИНА :sram
 

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Рак
Раковите се познати по својата страст за колекционерство, нив им треба голема сигурност и важно им е да се чувствуваат удобно и спокојно во својот дом. Ѕидовите често ги украсуваат со семејни слики и фотографии од патувања, а преферираат меки материјали и плиш. Сакаат топли бои како виолетовата, а омилено место во куќата им е дневната соба во која мора да има големи и удобни фотелји.
Се` е точно само тоа што е пречкртано. Баш не сакам, јас барем плиш :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The_countess

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
За мене, тоа што го пишува за ракот, нема врска...
Ниту преферирам плиш, ниту омилена ми е виолетовата, а ниту сум колекционер.
И не верувам дека само ние раковите сакаме дома да се чувствуваме удобно и спокојно... Мислам дека тоа секој го сака.
 

Dolphine

Истакнат Член
25 јуни 2012
304
302
63
Водолија

Водолиите сакаат да експериментираат, екстравагантни се и тежнеат кон оригиналност. Во нивниот дом се испреплетуваат различни стилови, често го менуваат распоредот на мебелот, сликите и украсите. Во секој случај, ништо не е пренатрупано бидејќи Водолијата не го поднесува тоа. Од материјалите им се допаѓаат стакло, бамбус и алуминиум, а најдобро се чувствуваат во удобно уметничко окружување. Балконот или дворот е местото каде поминува голем дел од времето.

Многу, многу точно за Водолиите :)
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Досадни ми се веќе за перфекционизмот на Девиците |-(

И јас некад не кревам постела и оставам садови for god sake :|
И го обожавам хаосот во моето катче...

А, да точно е за боите. Беж, зелена...ај лајк ит :)