Како не убива општеството | Црнобело Форум

Како не убива општеството

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
27
Битола
Се раѓаш и одма почнуваш за да учиш. Зошто ? Зашто тоа е прифатено така од општеството. И мораш да бидеш најдобар. Секогаш и во се да бидиш најдобар. Потоа работиш 12 часа за некој мизерни 8000 денари. Работиш а не смееш да се побуниш за условите во кои работиш. Зошто? Зашто општеството вика дека тоа е најнормална работа кај нас.

Ти смета некоја работа? Сакаш да го промениш светот? почнуваш во намерата и добиваш Шамар од општеството. Тоа не е прифатливо. Затоа ке дремиш како овца и ке мрчиш како тоа младината била послободна сега отколку во времето кога тие биле млади.И им пречи тоа. Им пречи нашата слобода која ја имаме. Им пречи се што правиме.А кој не прашува нас младите и по слободно умните? Дали нивниот конзервативизам не ни пречи нас.Ни пречи но немаме каде и кому да се обратиме.

Никој не е заинтересиран за проблемите на младите. Сите гледаат како само да стигнат до поголема економска и политичка моќ. Гледаат само како да ги направат младите жртви на нивната желба за моќ. А тоа драги мои ја убива секоја искра надеж за подобар живот на младите. Ја убива секоја трошка креативност да сменат нешто на подобро. Ги убива тоа што не можат ниту уметниците да се се изразат. Веднаш се цензурирани и замолчени. Сетете само колку графиите кои биле ремек дела на уличните уметници биле премачкани со бела боја зашто општеството сметало дека се неприфатливи. Ама сетете се на оние политички пароли и политички графите кои седат со месеци и години и никој не ги брише нив. Сетете се како некој ја користи религијата како начин да замолче некого. Се сеќавате на билбордот со средството за чистење каде беше употребена слика од така нареченото чудо од Св Димитрија во Скопје? Билбордот беше веднаш тргнат зашто навредил нечиии религиозни чувство. Е па ако тој билборд навредил нечии религиозни чувство и морал да биде тргнат тогаш шо со оние атеисти кои со тргањето на билбордот сте им ги навредиле чувствата? Или пак тие не се важни зашто не мислат исто како сите други? Сетете се на тоа дена газот на Станија или некоја локална к***а е по интересен од некое болно детенце на кое очајно му треба помош. И не се само овие примери Има уште еден куп други луѓе и настани кои биле замолкнати од таа тивка цензура која властите во Македонија па и во светот ја вршат врз луѓето но посебно врз авангардна младина.

Едноставно се раководат од фразата уби го додека не процвета. Убиј го додека не сфатил каква моќ поседува. А тоа и го прават. Го прават преку пропагандите на Тв каде секој ден слушаме колку е само добро кај нас. Колку е се прекрасно. И се чувствуваме така се додека не го отвориме фрижидерот и не видиме дека внатре дури и нема пајажина зашто се иселиле пајаците на друго место кај шо ке можат барем да помирисаат храна а не да видат. И пак тука се јавува овца синдромот. Пак молчиме за се што ни прават.Пак молчиме за сите поскапувања кои го прават нашиот живот се помизерен и по одвратен.
Наместо да се побуниме и да покажеме со прст : е ова ми смета и јас ќе го променам тоа, се додека не кажеме јасн о и гласно НЕ на зборовите на фирерот во партијата во која членуваме од причина да побараме помош да се вработиме некаде за да не ни биде џабе сето тоа трошење на нашите родители за да не школуваат и бидејќи сите други обиди за вработување пропаднале.

Мора да се стави крај на сето тоа. Има лек за Овца синдромот. Сето тоа може да остане во сеќавањето како лош кошмар кој никогаш повеќе нема да се повтори. Сето тоа може да заврши но пред се мора да се разбудиме и да кажеме : Не јас нема да го трпам ова повеќе а не досегашното: меееее да господине Фирер.

Да не дозволиме опшетството да не убие со сите негови оружје зашто ние нардот ја имаме моќта..
 

Praetorian

Староседелец
24 февруари 2012
325
395
1,063
Нас како цивилизација не убива машинеријата на времето, машината на животот.
Така сме створени да го живееме животот. Роди се, учи она што ти е наметнато, работи за да можеш самостојно да живееш, основај семејство, смени 30-40 пати буре со зелка и умри.
Има луѓе кои сакаат таков стандарден живот. Не мрдаат, никогш (да не претерам, ајде, скоро никогаш) не прават исклучок, задоволни се со нивната просечна или подпросечна ситуација.
Убива незадоволството, убиваат фрустрациите од работа, од околината која не окружува.
Конечно, се убиваме сами со тоа што не правиме промени, капитални промени во животот. Голем дел од луѓето не превземаат ризици со кои ќе стекнат искуства кои ќе им бидат потсетник и ѕвезда водилка до крајот на животот.
Само со промена на глобализмот, на навиките на стандардните луѓе (стани, работи, умри) ќе се ублажи незадоволството и ќе се зголеми задоволството од животот, кога ќе дојде денот кога сами пред себе ќе те треба да ја положиме сметката.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Реми and Jackal

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,016
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Нас не голта светот како држава, заостанати сме 50 години уназад. Како очекуваш народот да ја помрдне границата на монотонијата, кога поголемиот процент од него нема ни за монотонија? Работа, храна, здравје, мир...
Не сфаќам што е демек спасот, анархија? Револуција? На крајот на краиштата, секој си гледа за себе, односно за својата фамилија.
Ти ако идеш на училиште, гимназија, па дури и на факултет, не значи дека учиш, и ако дипломираш, не значи дека треба да престанеш да учиш. Имаш опции во животот кои можеш да ги истражуваш, не мора да се задоволуваш со нешто што не ти пружа задоволство.

П.С. Мислам дека денес верниците се малцинство и поради тоа, потешко е да навредиш атеист.
 

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
601
423
Ohrid
Нас не голта светот како држава, заостанати сме 50 години уназад. Како очекуваш народот да ја помрдне границата на монотонијата, кога поголемиот процент од него нема ни за монотонија? Работа, храна, здравје, мир...
Не сфаќам што е демек спасот, анархија? Револуција? На крајот на краиштата, секој си гледа за себе, односно за својата фамилија.
Ти ако идеш на училиште, гимназија, па дури и на факултет, не значи дека учиш, и ако дипломираш, не значи дека треба да престанеш да учиш. Имаш опции во животот кои можеш да ги истражуваш, не мора да се задоволуваш со нешто што не ти пружа задоволство.

П.С. Мислам дека денес верниците се малцинство и поради тоа, потешко е да навредиш атеист.

политичките елити ни го тргнаа на нас народот никој друг не ни е крив велат не одете ваму, таму, грција ни е непријаел бр 1 а послем на весници ќе видиш кај си се ладат на егеј.
Па по кокукавичлук немама видено по големо лицемери исто нема до сега, кого лажат самите себе, народот све гледа.
Некогаш е е потребна и анархија и револиција за добробит на народот тоа и се покажално многупати низ историјата како добар пример акко нешто што ги придвижува работите во правилна насока.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati