Како можеше?

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
-Ако имате куче / прочитајте ја оваа приказна...
-Ако сте имале куче / прочитајте ја оваа приказна...
-Ако сакате да имате куче / прочитајте ја оваа приказна...

Како можеше...

Кога бев кученце,те забавував со своите трикчиња и те насмејував.
Ме нарекуваше свое дете и наспроти бескрајниот пар изџвакани чевли и неколку уништени перници,станав твој најдобар пријател...

Кога бев „лошка„ и ќе направев некоја беља,ми се закануваше со прстот и ме прашуваше „Како можеше„? - ама тогаш се откажуваше од својата строгост и ме легнуваше на грб и ми го чешкаше стомачето.
Моето растурање на куќата траеше нешто подолго од тоа што очекуваше,затоа што ти беше многу зафатен,ама на тоа работевме заедно.Се сеќавам на ноќите кога се мазевме во креветот,кога ги слушав сите твои исповеди и тајни соништа,а јас верував дека животот неможе да биде посовршен од што е.
Одевме во долги прошетки и трчавме по паркот,се возевме со кола,одевме на сладолед (јас го добивав само корнетот затоа што „сладоледод е штетен за кучиња„ како што кажа ти),се излежував бескрајно долго на сонце,чекајќи го крајот на денот и моментот кога ќе дојдеш дома.
Поплека,почна се повеќе време да и посветуваш на работата и кариерата,а повеќе време поминуваше барајќи свој човечки партнер.Јас чекав трпеливо,те тешев секојпат кога срцето ти беше скршено и кога беше разочаран,никогаш не приговарав на твоите лоши одлуки,скокав од радост кога си доаѓаше дома или кога ќе се вљубеше.
Таа,сега твоја жена не беше „љубител на кучиња„ - сепак срдечно ја примив во нашиот дом,се обидував да и покажам дека ја сакам и ја слушав.
Бев среќна затоа што и ти беше среќен.
Потоа дојдоа човечките бебиња и јас со тебе го делев твоето восхитување.Бев воодушевена од нивната розова боја,од нивниот мирис и сакав да се грижам за нив како мајка.Единствено ти и таа се плашевте дека ќе ги повредам,така да повеќето време го поминував истерана во другата соба или во куќичката за кучиња.

Ох,како сакав да ги сакам,станав „затвореник на љубовта„.

Како растеа,јас станував нивен пријател.Се држеа за моето крзно и се подигаа на климавите нозе,ги буткаа прстите во моето око,ги превртуваа моите уши и ме бакнуваа во носот.
Сакав се на нив,како и нивниот допир - затоа што твојот допир стана така редок,и ќе го дадев својот живот за да го добијам,ако треба.
Ќе се бутнев во нивните кревети и ги слушав нивните грижи и тајни соништа,а заедно го исчекувавме звукот на твојата кола како се паркира во дворот.

Некогаш кога луѓето ќе те прашаа дали имаш куче,ќе ја извадеше мојата слика од новчаникот и раскажуваше за мене.
Овие последни неколку години твојот одговор беше потврден,по што настојуваше да ја смениш темата.Од „твое куче„ станав само „куче„ а ти ми замеруваше за секој денар што се трошеше за мене.
Сега имаш прилика за нова работа во друг град и ти и тие ќе се преселите во стан во кој не е дозволено чување на домашни миленици.
Донесе права одлука за себе и своето семејство,ама некогаш и јас бев тоа твое семејство.

Бев возбудена кога тргнавме со колата,ама возбудувањето ми спласна кога дојдовме до азилот за животни.
Заудираше на кучиња и мачки,на страв и безнадеж.Ги пополни сите обрасци и рече „Знам дека ќе и пронајдете убав дом„.Направија гримаса и ти упатија болен поглед .Тие разбираат какви се шансите за средновечно куче,дури и за такво со „документи„ (педигре).
Мораше да го извлечеш поводникот од раката на твојот син,додека тој викаше „Немој тато! Те молам немој да им дадеш да го однесат нашето куче!„
А јас бев загрижена за него,си мислев каква поука извлече од тебе за пријателството и верноста,за љубовта и одговорноста и за почитувањето кон се што е живо.
Ме потапка по глава за разделба,избегнувајќи да ме погледнеш во очи,па пристојно одби да го понесеш со себе поводникот и огрлицата.
Имаше рок кој мораше да го испочитуваш на работа,а сега јас го добив тој рок.Одкако замина,две љубезни госпоѓи ми рекоа дека веројатно со месеци си знаел дека ќе се преселиш,ама ништо не си направил да ми пронајдеш друг дом.Вртеа со главата со неверување и се прашуваа „Како можеше„?.
Во азилот ни пружаа онолку нежност и внимание колку што им допуштаат нивните обврски.Се разбира редовно не хранат,ама јас веќе одамна изгубив апетит.
На почетокот,кога и да поминеше некој пред мојот кафез,јас ќе потрчав напред,со надеж дека тоа си ти - дека си се предомислил,дека е ова само лош сон...или се надевав дека некој ќе дојде ,некој на кого му е битно,некој кој ќе ме спаси.
Кога сватив дека неможам да се натпреварувам со веселите кученца,кои несвесни за својата судбина го обземаа општото внимание - се повлеков во дното на кафезот и чекав.

Ги слушав нејзините чекори додека доаѓаше по мене на крајот од денот и каскав долж ходникот по неа од одвоената соба,зачудувачки тивка соба...
Ме стави на масата,ме почешка по ушите и ми кажа да не се грижам.
Срцето силно ми биеше во исчекување на тоа што ќе дојде,ама ме обзема и чувство на олеснување.На „затвореникот на љубовта„ деновите му изминаа.
Како е тоа во мојата природа,повеќе се грижев за неа.Товарот кој го носи е претежок за неа,тоа го знае исто како што ја знаев секоја твоја промена на расположението.
Нежно ми стави врвка околу мојата предна нога додека солзата лизгаше по образот.И ја лизнав раката онака како што тебе вообичаено те тешев пред неколку години.
Стручно ја стави иглата во мојата вена.Кога го осетив убодот и ладната течност која течеше низ моето тело,поспано легнав,погледнав во нејзините нежни и насолзени очи и прошепотев „Како можеше„?
Можеби затоа што го разбира мојот кучешки говор,ми рече „Прости ми„.Ме гушна и набрзина ми објасни дека нејзината работа е да се погрижи да отидам на подобро место,каде што никој нема да ме игнорира,злоставува или напушти и каде што нема да бидам препуштена самата на себе - место на љубов и светлина,толку поразлично од ова на земјата.
И со последна сила се обидов да и објаснам дака моето „Како можеше„? не и беше на неа упатано.
Мислев на тебе,на својот сакан газда.На тебе ќе мислам и ќе те чекам засекогаш.
Посакувам да и останатите во твојот живот продолжат да ти покажуваат волкава верност и љубов како мојата.

Само едно запомни „СО ТЕБЕ ЗАЕДНО ЗА МЕНЕ СЕ Е ПОЛЕСНО„.
 

Мила

Активен Член
1 март 2012
121
99
28
На плажа!!!
Го имам прочитано ова и баш ме има натажено. Секогаш кога го читам се натажувам :(
 

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
ме расплакува ова :place ме потсетува на моето куче кое неодамна го изгубив :place
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The_melnicanecot

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
:(
Ме расплака ........................ !!
:'(
 

Aaliyah

Староседелец
13 февруари 2012
888
1,090
1,093
Скопје
Сиротко тоа :place
Значи мразам вакви луѓе!!!!
Ако веќе се решиш да чуваш куче чувај го до крај! :stomp
 

The_melnicanecot

Истакнат Член
16 февруари 2012
237
392
363
37
Скопје
ЕЕЈЈЈЈЈЈ Каде со текстов !!! :)
Јас имам куче, го чуваме дома бидејки пробаа да ни го отрујат двапати, го шетаме редовно макар на кратки дестинации до тинекс, црква и слично. Не е расно не е марка тоа е член на семејството за тоа не ти треба декларација.

Многу е блесаво може и како газдата, инаку обожава да шета, ако може дури и цел ден би бил надвор.
и претходно сум чувал и куче и мачка нема нешто по трагично од тоа да дознаеш дека ти умрело милениче, за мачките е лесно кога го чувствуваат крајот бегаат подалеку од домот.

Инаку ако се мисли некој да зема милчениче...нека зема одма, е додатна обврска ама е непроценлива среќа.
постарите викаат дека чувањето милениче носи берикет и среќа на фамилијата.
 

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
Џони песот скитник - пријателот на (не)човекот


Излегов надвор, и дали очите ми беа толку засолзиле од екранот или така ми се причини, сликата што пред себе ја гледав беше премногу замаглена. После првиот чекор, газејќи забележав еден тенок слој штотуку наврнат снег кој ја поттикнуваше мојата природна неурамнотеженост и нестабилност при движењето. Булеварот, единствен, празен ти ја нуди онаа привилегија да се „пентериш“ сред пат и за момент барем наутро во 5:30 да се почувстуваш слободен, без никаква блокада, неможност или граница! Не уживував премногу во сет тој безвезен ритуал, оти се уплашив во помислата дека наликувам на „дневните сомнителни сурати“ кои со нивните црно „испрани“ џипови и брзо (стекнати) автомобили ја нарушуваат целата сообраќајна хармонија, немајќи толку малку домашна или каква друга било култура. Не се оптоварував премногу, само си се лизгав на коловозот, откако самиот ја исполнав својата физиолошка потреба на еден несофистициран и нецивилизиран начин, мочајќи се во длабокото корито на реката. И нормално тогаш се случи кулминацијата на целава прикаска. Одејќи ризично по “кејот“ на реката и плашејќи се по малку да не се „слизгам“ во неа, видов како ми се приближува, еден пес скитник, очигледен мелез на две неспоиви раси дело на некоја џукела налик на миник полн со болви, вошки и крлежи, со скитачко, антисоцијално потекло, со некоја вакцинирана, миризлива, делумно воспитана и едуцирана пудлица со не многу градско потекло, но со можности да биде покажена и прошетана низ градското корзо. Отпрвин посакав да реагирам, да го шутнам, удрам или плукнам самиот пес кој очигледно доаѓаше дирекно кон мене од една споредна уличка, но се секундарно се покајав и продолжив да се движам како ништо да не се случило.

На прв поглед можев да забележам дека песот кој го завикав спонтано Џони дека е тажен, поради она најчесто нешто што се тажи, заради некоја загуба, иако Џони оптимистички ја мрдаше опашката, обидувајќи да не ја покаже својата тага, очај, или скитничка осаменост. Покрај мене поминуваат секојдневно илјадници кучиња скитници, но Џони ми изгледаше некако посебен, а богами и интелигентен. Забележав дека одредено време ме следи, па затоа решив да подзастанам да видам како ќе реагира, и застанувајќи видов дека Џони го скренува погледот кон мене се упатува кон некое свежо дрвце ја крева својата десна нога, и незаинтересирано, мочка, ја обележува „слободната“ кучешка територија.

Се појави кај мене онаа емотивна детинетост и јас следствено на тоа ја прифатив играта. Почнав да се движам цик-цак, де на десната де на левата страна на коловозот, додека Џони упорно ме следеше при секоја нагла промена. И така до бескрај, јас потрчнував некоја дистанца и застанува нормално да одам, за да и понатаму се уверам во верноста на Џони, песот скитник со големо срце.

На првата раскрсница, помислив - толку од забавата, можеби дека беше прав патот Џони ме следеше, сега тој ќе си замине - но по се изгледа се излагав затоа што Џони верно се движеше покрај мене, и умешно го користеше секое преминување на автомобилите по тек на колозовот, да ми се приближи толку многу блиску што јас цело време гледав наназад, од невнимание да не го згазнам.

Пред самиот градски часовник, додека изморените таксисти дремеа на ширинката, почнав да му зборувам на Џони, на кој очигледно името не му се допаѓаше, но внимателно ме слушаше за тоа што му раскажував. И не само што му зборував и раскажував туку и го прашував, зошто ме прати, што сака, и од каде знае точно баш кај живеам, додека Џони пак молчеше сакајќи да каже одговорите сами ќе дојдат, одговорите со дела се покажуваат, а не со зборови, бидејќи уверен сум дека и кога Џони би можел да зборува сигурно не би ми велел - многу ми значиш - или пак - многу ти верувам - знае Џони дека тоа лицемерие не пали кај мене, ја разбира Џони мојата искрена „филозофија“ и затоа само молчи, следејќи го мојот пат до моето интимно скривалиште - топлиот дом, не завидувајќи ми поради мојата материјална слобода, бидејќи сигурен сум Џони знае за мојата осаменост, ја разбира мојата потреба од љубов и искреност, покажувајќи го со тоа што неуморно ми покажува внимание, ми дава особена важност, дека и други будали се шетаат во 5 и пол на сабајле, но Џони како пес скитник добро знае да разликува човек од нечовек, слично како и што ние луѓето знаеме да разликуваме што значи куче со педигре што се храни со скапа кучешка храна а што значи пес скитник кој секојдневно претура по кантите полни со ѓубре - најголемиот производ на нечовекот и човекот воопшто!

Ја преминувам и последната улица, и како да ми е жал што патот и дружењето со харизматичниот и весел придружник, траеше толку кратко. Скршнувам кај аголот на мојата зграда, тука каде што секојдневно „граѓаните“ вршат мала нужда, и го забележувам незадоволството на Џони за ваквата невоспитаност на нечовекот, кој можеби слично како и Џони ја обележува својата не кучешка тук сељачка територија. Доаѓа крајот. Ја отворам гломазната железна врата, и ја затворам што побрзо, за да Џони не влезе во нашето социјално скривалиште, затоа што него местото не му е тука. Знам дека Џони како интелигентен пес скитник сфати дека местото не му е во зградата во таа урбана руина, и затоа чекаше пред врата, додека јас го гледав од прозорецот сакајќи да му пренесам порака да го продолжи својот пат, дека јас морам да си одам онаму каде што припаѓам - филмски кажано. Така и направив, се качив пополека низ скалите, за да не сетат оние стари цаури дека некој влегува во зградата толку доцна и да ме поштедат од нивната особено изразена малограѓанштина. Влегов неосетно дома, седнав во детската соба и низ главата ми се вртеше прашањето Дали Џони сеуште е долу и ме чека!? Дали Џони го најде својот скитнички сопатник и пријател!? Помислив колку неблагодарни сме ние луѓето, отидов во дневната го отворив фрижидерот, зедов една паштета и една дрвена лажица која знаев дека ќе ми притреба.

Ја отворив вратата од станот и набрзина слегував т.е. летав над скалите, не ми беше воопшто грижа за тоа што ќе речат соседите . Кога излегов надвор од зградата го видов Џони како сеуште ме чека на истото место, кој како да почувстува дека му носам нешто за јадење и почна да подрипнува на мојата десна нога. Се наведнав и со дрвената лажица го извадив и последното парче паштета, дури и онаа бела маст, додека Џони го јадеше својот заслужен пријателски оброк! Несакав да претерувам во мојата великодушност и затоа брзо набрзо се повлеков, бидејќи Џони сигурно додека ја јадеше паштетата знаеше дека оброкот го доби не како услуга, или во знак на некаков добиен интерес, туку како возвраќање за поданоста, верноста и пријателството. Џони и покрај тоа што кркаше паштета сеуште се чувстуваше горд пес скитник и уживаше јадејќи ја храната која ја доби од разбирање и благодарност а не од сожалување или милостина. Несакам да драматизирам, но во овој текст сакам да споделам едно сознание, една вистина дека јас пријатели воопшто немам.

Во песот скитник Џони видов повеќе идеали од кој било друг пријател и познаник на кој можам да се сетам во моментот. И сега знам зошто песот Џони молчеше. Зошто кога би можел да зборува како и секое куче не би можел да биде пријател на човекот. Со Џони се поистоветувам со Џони се споредувам со Џони се познавам. Знам како завршуваат сите негови другари на кои за парче храна им се убива интелектуалната свест во општествените кафителерии. Знам како многуте шинтерски служби секојдневно ги ловат ги убиваат и ги затвораат. Причините нам на сите ни се толку јасни. Слушаме како тие кучиња скитници се невакцинирани, нечисти, полни со крлежи и болви, и што е најлошо несмеат никако да бидат заедно, да бидат здружени, тогаш тие претставуваат глутница. Така понекогаш и напаѓаат а и полесно се бранат, оти познато им е дека кога сите се заедно полесно се живее. И на крајот секој се прашува зошто тоа е така и неможе поинаку!? Одговорот е едноставен. Тие се суштества на кои уште со самото раѓање судбината им е предодрена, токму поради тоа тие тешко или многу ретко успеваат да се социјализираат или во најдобар случај обележат дека припаѓаат на група цивилизирани животни познати како луѓе, кои се разбира ги експлатираат и искористуваат на само нивни себичен, човечки начин.

Ова не е приказна за едно куче скитник и за кучињата скитници. Ова е приказна за самиот себе. Автобиографска.

...извадок од книга...