Како мали...

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Ја видов сликата на ShakaZulu од мал во едена тема и ми текна да отворим ваква тема.
Пишувајте за вашето детство, случки, слики...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ShakaZulu

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
30
Струмица
Интересна тема... Како мало дете сум била многу лошо дете :D фиоките од мене немаат рачки, сум вадела вилушки, лажици, сум ги расфрлала на секаде, на мама сум и бегала по улица, сум и викала фати ме, неможе да ме фаташ :rofl штикли мама нема од мене, сите лом направени, кармините исто, лом, многу сум сакала да се шминкам... фустаните сите испокинати, и невестинскиот исто :D секој ден бев со гребнатинки се сеќавам, надвор на патот со другарка ми се сеќавам кога ќе ги распостелевме барбиките, играње, не се замаравме, на луѓето ги мававме со земја, ги прскавме со вода ццццц колку само сме биле ненормални :giggle
 

cakar_ulav

Староседелец
20 февруари 2012
1,567
1,926
1,133
некаде во длабочините на темнината
како мал....шо сум праел
хехе....па праев многу работи...дома ме знае мирен али не беше баш така
уште во 2-ро одд
па исто одиш по ѕенѕери ( кајсии ) или кради-јади па семките ги собираме и игравме семки со полумади
до варад со точакот ке одиш по некоја добра полумада....па некој ти ја побарал му ја продаваш 300 семки или шо ти знам....:rofl
после граница по цел град сме се бркале...па мижанка ( или жмурка некој викаат )......па златна џамија....па ке ни текне у згради ке звониме на ѕвончињата и бегање од последи до први :rofl
шо не сме праеле како помали :rofl
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum, Maks and JaMi

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
ех ко бев мал.....

0602.jpg

со кумот :)

епа вака. Ко бебе не сум плачел, сум си бил мирен. Никој не се жалел од мене. На 3-4 години почнав да чкрткам букви....нешо латиници ко шо ми кажуваат, па ме пуштиле порано забавиште ... Се сеќавам дека сум бил пироман.....палев дома пердиња (по скопски завеси), па знам дека татко ми рацете ми ги пикаше во оган, со цел да ме одврати од тоа палењето :) Значи белјаџија дете....
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Јас си бев мирно дете, на моменти сум правила глупости.
Омилени песни ми биле од Горан Брегович. А највеќе сум играла на Месечина и Рингераја.
Имаме дрвени степеници(скали) и по нив се лизгав, си правев торти од кал, седев на село со братучетка ми, кришум ги крадевме цвеќињат на баба.
Случка што нема да ја заборавам е кога со братучетка ми ја фрлавеме мачката од балкон за да видиме дали ќе падне на нозе(така слушнавме) и падна на нозе. Луди сме биле. :D
Многу сум сакала да кубам за коса.
 

ema09

Истакнат Член
18 февруари 2012
226
411
63
И јас сум била речиси мирна не сум правела галама никаква ... но само што јадењето било проблем .. татко ми со колата вртел низ град за да јадам в кола .. или па на лустеро беселе играчки за да се мрдат и јас да гледам и да јадам ... прв збор што сум го кажала бил ТИТО хахаха тито бе ....и ко ке сум го видела на слика сум се смеела многу ...како што ми кажват кога сум имала 2-3 години сум ја заклучила мајка ми надвор и не сум и отвара што морала да се качва преку тараса на втор спрат ... хахаха иначе и јас си играв со комшиите .. а посебно со машки и омилена случка ми беше кога го терав брат ми да јади трева хахаха
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Ексцентрик. Тропач на клавир, тарашкач по разноразни места низ станот, полиглот (зборев некој чуден мајмунски јазик шо ни роѓена мајка не ми го сфаќаше), театралност со доза на фејкерство.

Не дека до сеа се сменив