Како да ослабам ефикасно? | Црнобело Форум

Како да ослабам ефикасно?

SweetDreams

Нов член
21 ноември 2014
5
6
3
26
Јас мисалм дека најздраво слабеење би било да слабееме 1-2kg во неделата.Не ни треба никаква диета туку да конзумираме во помала количина лев,благо..итн
А повеке да вежбаме,пешачиме.Тој што те сака ке те сака и без тоа дали си дебел или слаб ... :)
 

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,555
1,133
Ова го практикувам овој месец. Доручек најчесто овошје, или едно мало парче леб. Сокови-никакви освен домашно цедени. Благо(ретко кога) и грицки не. За ручек гледам да не јадам леб. Не вечерам, или ако ептен сум гладна мала чаша јогурт. Нема големи резултати, но сепак има. И тоа убаво се познава. Сега почнувам и со вежбање на степер, па се надевам резултатите ќе се поголеми. Целта ми е до кај април да ослабнам постепено барем 10 кг. Се надевам ќе успеам. Сакам постепено, за да биде здраво слабеење, а не со јојо ефект.

Се убаво, ама со ваков начин на исхрана 90% се шансите за јо-јо ефект.
 

deadhalf

Староседелец
7 јануари 2013
6
9
603
24
за 2ипол месеца ослабев 7,5 кг
јадев 5 пати на ден на секои 3 саати,3оброка и 2 ужини(али мене и ужините ми беа како оброци :rofl) доручек јадев овесни снегулки со јогурт и 2,3 овошки, ужина јадев овошна салата претежно, ручек јадев што има дома без леб (грав,леќа,грашок,месо ), ужина јадев нешто како соја,бадеми,ореви или јогурт(едно од овие не све да изедете) и вечера протеини со салата ама месото варено и печено пржено никако (обично јадев варена риба,печен стек и соја).
плус совети
после 16 саат не внесувајте јаглехидрати,шекери
земете јаболков оцет,маслиново масло и хималајска сол
ии ако баш се придржувате до ова ке ослабете 15кг за 3-3ипол месеци..Па среќно дечки ;),ја иам уште 10 кг за симнување(muscle)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Trajche and Prashina

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,555
1,133
за 2ипол месеца ослабев 7,5 кг
јадев 5 пати на ден на секои 3 саати,3оброка и 2 ужини(али мене и ужините ми беа како оброци :rofl) доручек јадев овесни снегулки со јогурт и 2,3 овошки, ужина јадев овошна салата претежно, ручек јадев што има дома без леб (грав,леќа,грашок,месо ), ужина јадев нешто како соја,бадеми,ореви или јогурт(едно од овие не све да изедете) и вечера протеини со салата ама месото варено и печено пржено никако (обично јадев варена риба,печен стек и соја).
плус совети
после 16 саат не внесувајте јаглехидрати,шекери
земете јаболков оцет,маслиново масло и хималајска сол
ии ако баш се придржувате до ова ке ослабете 15кг за 3-3ипол месеци..Па среќно дечки ;),ја иам уште 10 кг за симнување(muscle)


Браво браво, е ова е веќе добар план, само напред и да ни се пофалиш со нови резултати наскоро.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: deadhalf

ivanana

Староседелец
15 мај 2013
15
1
603
41
Многу добар режим на исхрана, но кај мене сличен режим немаше резултат :(
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Еве неколку совети за ефикасно слабеење:
(иако постојано трубам за веганство, овој пат нема да го напрравам тоа)
1. Утро:
- Ако се разбудите со чувство на глад не посегнувајте веднаш по храна бидејки можеби сте жедни, а наутро жедта може да ви создава чувство идентично на глад, затоа прво напијте се вода или свежо цеден сок.
- Никогаш немојте да јадете тешко сварлива храна наутро, на тој начин телото губи многу енергија при варењето на храната и тоа делумно ве оневозможува физички и во текот на денот нема да бидете способни до максимум да трошите калории преку физичка активност.
- Доручекот нека ви се состои од свежо или сушено овошје и сокови. Живата растителна храна меѓу другото е полна со ензими и затоа телото нема да изгуби енергија при варењето на оваа храна со што се овозможува еден здрав и нормален почеток на чистење на организмот.
- За да слабеењето биде ефикасно и здраво неопходно е организмот да се прочисти и регенерира. Во спротивно ке ви останат ,,траги,, од кои најверојатно ке се срамите исто колку и од вишокот килограми.
- Свежо овошје и здрави течности (вода, цедени сокови, чај) можете да консумирате во неограничени количини, односно, можете да јадете поголеми количини ако лесно не се заситувате. Доколку и покрај тоа чувствувате глад или не сте во можност да изедете голема количина на храна, внесете повеке сушено овошје, но и ако тогаш сте гладни можете да јадете семки (лен, тиква, сончоглед, сусам, црно семе исл.) но под услов да се живи. Дел од овие семки е невозможно да се грицкаат затоа побарајте ги во мелена форма или сами сомелете ги доколку имате таков апарат.
- Трудете се да внесете што е можно повеке течности, но истите да не бидат засладени со шекер.
2. Ако строго сте се придржувале кон овие ,,правила,, наутро, тогаш за ручек можете да јадете што сакате и колку сакате но само под неколку услови:
-Јадете поголема количина на салата од обично
-Салатата јадете ја пред главниот оброк, не истовремено, бидејки доколку јадете тешко сварлива храна, посебно месо или месни производи, зеленчукот кој ке го внесете ке ферментира во вашите црева, а на тој начин повторно ке се наполните со токсини, но на овој начин салатата ке ве засити и ке ви го намали апетитот, па така ке внесете помала количина на храна.
-Не пијте вода додека јадете, 20 мин пред јадењето и 20 до 30 мин. после јадењето. На тој начин ке ја разредите вашата желудочна киселина и храната потешко и подолго ке се вари. Поради тоа може да се намали абсорбцијата на хранливите материи и ке се предизвика забрзано трулење на храната кое пак ке придонесе телото повторно да се наполни со толксини.
- Џвакајте долго, храната нека биде течна кога ја голтате. Ова носи многу позитивни нешта посебно кога е слабеењето во прашање. На тој начин хранливите состојки полесно се абсорбираат, храната полесно се вари, она што не ни треба полесно ке се исфрли. Чувството на ситост кај нас луѓето е со малку задоцнет ефект. Кога џвакаме повеке, јадеме побавно и на тој начин помали се шансите да се прејадеме, додека кога јадеме брзо и голтаме големи залаци не чувствуваме кога сме најадени и јадеме се додека имаме во чинијата.
- Додека јадете седете исправено, избегнувајте да сте подгрбавени или наведнати, а никако лежејки. Така не чувствуваме кога сме се заситиле а и им оневозможуваме на дигестивните органи да си ја работат работата како што треба.
- Не зборувајте додека јадете за да можете убаво за ја соџвакате храната.
3. Вечера
- За вечера можете да јадете било што, но да биде во мала количина. доколку чувствувате глад пијте течности (30 мин. после вечерата) и грицкајте јаткасти плодови и секако можете да јадете и овошје,
- Вечерата нека биде барем 4 часа пред легнувањето во кревет

4. Општи совети:
-Избегнувајте брза храна и храна која во себе нема никаква или има ниска нутритивна вредност.
-Овошјето и семките не мора да ги јадете секогаш цели, од нив можете да си направите превкусни закуски, но услов е да бидат живи, никако термички обработени.
- Многумина чувствуваат тегоби кога овошјето го јадат на празен желудник. За да го избегнето тоа чувство напијте се топол чај или топла вода во која ке исцедите малку лимон.
- Не консумирајте шекери. Доколку имате силна потреба за благо, потрудете се барем сами да си го направите. Така ке знаете што и колку сте ставиле. Наместо пченкарно бело брашно можете да употребите интегрално, ржено, овесно, јачменово брашно, но и брашно од лен, семки од тиква, кокос, сусам и сл.
наместо шекер користете природни засладувачи - мед, гроздов мед, блендирани урми или друго благо овошје.
- Не јадете премногу солени јадења. Солта ги задржува течностите во вашето тело и утредента ке се разбудете подуени. Посебно избегавајте го соленото сирење.
- Не пијте газирани пијалоци.
- Не внесувајте големо количество масти
- не јадете пржена храна или пак немојте да ја јадете често.
- Трудете се да бидете физички активни колку што е можно почесто.
- Избегавајте стресни ситуации, најдете начин да го избегнете стресот.

На овој начин не само што ке ослабите, туку и ке ја одржувате вашата идеална телесна тежина.
Доколку после слабеењето повторно се вратите на старите навики повторно ке се здебелите како што сте се здебелиле и пред тоа.
Најважно е телото да се исчисти од токсини и да се регенерира, ако повторно ја изгубите контролата над вашите навики, повторно ке го затруете телото.
После чистењето и регенерирањето на телото лесно ке знаете што е добро за вас, а што не. Можеби звучи забегано, но нашето тело постојано ни дава сигнали кога нешто му годи, но и кога нешто му штети. Кога телото е чисто и без токсини вие ке ја препознаете и разберете тие сигнали.
Толку сега за сега.
Ако ви се потребни едноставни рецепти за ужинки од свежо овошје, семки и јатки или за било каков додатен совет, стојам на располагање.
 

-•Lil Lamb•-

Баниран
27 февруари 2012
74
48
318
29
Ефикасно слабеење само со УН диетата. (Обединети нации) Успешна и килограмите не се враќаат. :) За три месеци, доколку се вежба истовремено се слабее до 25,30 кг. :) зависи од тоа дали брзо слабеете или малце потешко, а зависи и ако имате помалце килограми,пример подебелите како мене,слабееме ние побрзо. :) Послабите побавно и така...
 

belabelina

Истакнат Член
6 ноември 2014
94
25
318
33
Oхрид
Браво на сите кои ослабеле јас сум крупничка само во бутките не многу ама ми смета. Диети имам користено со списоци и никаков ефект и имам користено таблети божемски на природна база ветер во магла никаков ефект никој да не ве лаже.Секој треба сам да си ја одреди диетата да виде што му смета а тоа со медицински диети се закачуват многу болести вујко ми е доктор и ми кажува за таквите случаеви.Кога престанав да одбегавам да јадам леб и газирани сокови и го намалив благото имам ефект ама многу влијае и ако си на нервна база ако си нервозен и под стрес. А тоа да јадам по пет пати на ден нема шанси јас од двај јадам два пати и тоа од сабајле и кога си доаѓам дома и тоа ретко се случува зошто не јадам се.Читав дека не чинело и многу вода да пиеш имам стигнато и до 6л на ден а стандарт пиев по 4л сакале верувале сакале не бев по свежа, лицето ми беше свежо немав потреба од пудра. Затоа сами треба да си одредиме што ни смета за да нема последици .Кога ја користев диетата од нутрицинис напраив крвна слика холестеролот ми беше во таван качен ме зафркаваше вујко ми ми вика не јади сланина, а другарка ми си доби хормонско пореметувајне тоа е