Како да направите добро CV?

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,279
3,528
443
Скопје
Што е CV?
„CV“ е кратенка за „Curriculum Vitae“, што во буквален превод би значело „историја на животот“. Кај нас се нарекува и резиме или автобиографија. Тоа е документ, во кој се опишуваат вашите квалификации, образование и работно искуство. Точно тој документ, заедно со мотивационото писмо, го формираат првиот впечаток за вас кај потенцијалниот работодавач. Целта на овој документ е да ви обезбеди интервју.

Што треба да содржи CV-то
Секое CV треба да содржи неколку основни секции со информација за вас.
Лични податоци
Во оваа секција задолжително треба да ги воведете вашето име и презиме, датата на раѓање, телефон за контакт и e-mail. Не е лошо да ја посочите и вашата адреса, за работодавачот да може да се ориентира дали живеете во удобна област, иако тоа најчесто не е важно.
Сите други податоци се непотребни, освен ако не се бара од вас подетално да се опишете како личност.
Образование
Воопшто не се препорачува да започнете од информацијата за вашето основно образование. Прво посочете го највисокиот степен на образование, кој сте го завршиле и враќајте се наназад.
Ако имате завршено некои специјализирани курсови, поврзани со позицијата за која кандидирате, посочете ги во CV-то.
Работно искуство
Во оваа секција се дава информација за вашето работно искуство, претставена во обратен хронолошки редослед т.е. започнувате од последното работно место.
Можете да дадете и краток опис на вашата претходна позиција, основните дејности со кои сте се занимавале и вашите постигнувања.
Други способности
Во оваа секција можете да посочите: познавање на странски јазици, компјутерски познавања, објавени книги, статии и сл. Кога станува збор за познавањето на странски јазици, важно е да посочите кое ниво на читање, зборување и пишување го владеете.
Посочете ја секоја компјутерска програма, со која можете да работите. Внимавајте, затоа што изгледот на CV-то може многу да каже за вашите компјутерски способности и познавања.
Интереси и постигнувања
Информацијата за вашите интереси и постигнувања не е задолжителна, но се препорачува да ја внесете. Со тоа вашиот потенцијален работодавач ќе добие претстава за вас како личност.
Посочете ги вашите хобија, но не претерувајте со долг список, затоа што може да оставите впечаток дека го „пополнувате“ CV-то со не толку важни податоци. Можете да ги наброите и сите релевантни награди и признанија, кои ги имате придобиено.
Дополнителна информација
Во зависност од позицијата за која што кандидирате, потребно е да прецените која друга информација може да ви помогне да се издвоите од другите кандидати и да добиете шанса да докажете дека сте вистинската личност за таа позиција.
Можете да го посочите вашиот семеен статус, поседувањето на возачка дозвола и сл.

Грешки во пишувањето CV

  • Премногу долго CV. Целата информација, која сакате да му ја дадете на потенцијалниот работодавач, треба да биде колку што е можно пократка и појасна. Не користете повеќе зборови, отколку што е потребно.
  • Преголема употреба на прво лице („Јас“). Ако во скоро секоја реченица користите „јас“, внесувате голема доза на арогантност.
  • Печатни и граматички грешки. Многу е важно да го проверите текстот во автобиографијата, за да не дозволите да останат во неа грешки. Печатните и граматичките грешки, можат да се интерпретираат од работодавачот како недоволна заинтересираност или компјутерска писменост.
  • Неорганизираност. Податоците во автобиографијата треба да бидат организирани во неколку раздела: лични податоци, образование, работно искуство, странски јазици и сл.
  • Лошо форматиран текст. Избирајте убави фонтови за текстот во вашето CV. Текстот треба да биде подреден во параграфи, помеѓу кои да има повеќе место, за потенцијалниот работодавач да може веднаш да ја скенира информацијата, без непотребно да се мачи да чита низ неподредени редови и параграфи.
Не заборавајте дека со помош на автобиографијата вие треба да се „продадете“ кај потенцијалниот работодавач. Ако не можете сами да ги отстраните овие грешки, побарајте помош од некого.